Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026

    40 години по катастрофата во Чернобил: радиоактивните честички се многу постабилни отколку што се мислеше

    17/10/2026

    Ѕвездата на „Шерлок“ тајно се ожени со 21 година помладата партнерка

    16/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Свет»Зеленски: Украина не е пречка за постигнување мир
    Свет

    Зеленски: Украина не е пречка за постигнување мир

    24/12/20251 Min Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека САД сè уште се посветени на постигнување мировен договор, откако беше информиран за разговорите што украинските преговарачи ги водеа со американската страна. Зеленски додаде дека Вашингтон сака конечен мировен договор, наведувајќи дека Украина целосно соработува и дека тоа никогаш нема да биде пречка за мир.

    Како што објави парискиот весник „Ле Монд“ на својата веб-страница, Зеленски во своето редовно обраќање синоќа рече дека добил детален извештај од секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана Рустем Умеров и началникот на Генералштабот на украинските вооружени сили Андриј Хнатов, по нивните состаноци со американските претставници.

    Зеленски рече дека се подготвуваат нацрти на договорот и дека за време на разговорите биле дискутирани одредени точки.

    „Остануваме во постојан контакт со САД и сметаме на континуирана соработка“, рече претседателот на Украина.

    Сепак, нагласи тој, Русија мора да престане да ја саботира дипломатијата и сериозно да го сфати крајот на војната.

    Украинскиот претседател, исто така, повика на континуиран притисок врз Москва за прекин на агресијата, тврдејќи дека меѓународната заедница ги има сите потребни инструменти за да го постигне тоа.

    Поврзани вести

    Цените на нафтата скокнаа за повеќе од три долари по израелските напади врз Либан и Иран

    08/06/2026

    Украина погоди руски товарни бродови во Азовското Море

    05/06/2026

    Треба да го спречиме развојот на вештачката интелигенција без луѓе, вели ко-основачот на Антропик

    05/06/2026
    АКТУЕЛНО

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026

    40 години по катастрофата во Чернобил: радиоактивните честички се многу постабилни отколку што се мислеше

    17/10/2026

    Ѕвездата на „Шерлок“ тајно се ожени со 21 година помладата партнерка

    16/10/2026

    Кендал Џенер проговори за својата сексуалност: Можеби ќе ми беше полесно да сум хомосексуалка, мажите се ужасни

    16/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Се рушат дискотеките во Градски парк, се подготвува теренот за новиот Луна парк

    Муцунски на панелот „Жнеење мир на Балканот: дијалог, бизнис и поврзаност“ на Дипломатскиот форум во Анталија

    Конгрес на ДУИ, Ахмети останува, командантите во пензија

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.