
Земјотрес со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван во Скопје и околината. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот
факултет во Скопје, утрово на телеметриската сеизмолошка мрежа преку сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, земјотресот го регистрираше во 7 часот и 20 минути. Епицентар потекнува од пограничното епицентрално подрачје во Урошевац, на 124 км северно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.3.

