Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Се испитуваат причините за падот на авионот во Марвовско Езеро

    13/12/2025

    ТРЕНЕР НА ПОЛУСЕЗОНАТА: Гоце Седлоски (Вардар)

    13/12/2025

    Низ Македонија „вртат“ 6.659 службени автомобили, МВР вози дури 693

    13/12/2025
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Tech
    • Gadgets
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Низ Македонија „вртат“ 6.659 службени автомобили, МВР вози дури 693
    Македонија

    Низ Македонија „вртат“ 6.659 службени автомобили, МВР вози дури 693

    13/12/20255 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Министерството за внатрешни работи во Северна Македонија има најголем број на службени возила меѓу јавните институции. Според регистарот на Државната комисија за спречување на корупцијата во земјата има вкупно 6.659 службени возила, од кои 693 возила и припаѓаат на Министерството за внатрешни работи. Сепак, од МВР не даваат детали за истите, пишува Порталб.мк. Aнализата за службените возила покажа дека Министерството за внатрешни работи има најголем број на службени возила.

    Очекувано е оваа институција да има најголем број на возила со оглед на тоа што во неа функционираат голем број различни видови полиција и сектори во рамките на институцијата кои се постојано во движење.

    Но, бидејќи оваа институција има толку многу возила, има и дилеми околу транспарентноста и начинот на кој се користат овие возила и трошоците што ги прават.

    Околу ова тема Порталб.мк од МВР ги побара следните податоци – колку километри просечно поминале службените возила за годините 2022, 2023, 2024, колку од возилата се во употреба, а колку се вон употреба, како и колку се трошело секоја година за гориво, одржување, гуми, осигурување за годините 2022, 2023, 2024

    Во четврток (4 декември), од Министерството за внатрешни работи информираа дека работат на собирање на податоците, но до моментот на објавување на текстот не доставија никаков одговор.

    Што покажуваат податоците?

    Според aнализата на Порталб.мк врз возниот парк на службените возила, врз основа на податоците на Државната комисија за спречување на корупција, во која фигурираат 6.659 службени возила, над 15% или 1009 возила не се во возна состојба, а за 179 возила не се знае во каква состојба се.

    Трите најстари возила се стари 58 години и се произведени во 1967 година, според податоците тие се уште се во возна состојба, два Мерцедеси и еден ФАП.

    21 возило се од 2025 година и се од различни модели како Шкода, Форд, Опел и други.

    Најкористената марка на возила од страна на државните институции останува „Пежо“, со 532 возила. Според податоците од регистарот за годината на производство на службените возила, просечната година на производство е 2009 година. Институцијата со најголем број на возила е Министерството за внатрешни работи, со 693 возила. Меѓутоа, бројот на службени возила е поголем, бидејќи не сите институции или возила се опфатени со овој регистар.

    Од друга страна, постојат и возила со статус на класифицирани информации, па затоа за нив нема податоци.

    Многу дилеми, малку одговори

    Порталб.мк се обрати до Владата на РСМ со низа прашања и дилеми што произлегоа од оваа анализа, како што се: дали Владата планира да ги замени старите возила со нови, колку возила ќе бидат повлечени од употреба, колку ќе бидат „поеколошки“, колку се чести и ефикасни поправките на старите возила, колку се ефикасни старите возила во однос на потрошувачката на гориво, како се вршат анализите пред купување на возила бидејќи во возниот парк доминира марката „Пежо“, дали Владата има податоци за тоа колку километри просечно годишно поминуваат службените возила, колку се во возна состојба, а колку се надвор од употреба, колку се троши секоја година за гориво, одржување, гуми и осигурување и кој треба да биде одговорен за недостатокот на податоци за состојба на возилата.

    Од Владата, без да дадат многу детали, информираа дека само Службата за општи и заеднички работи (СOЗР) може да даде точни информации за возилата што ѝ се на располагање.

    „Во рамките на нашиот возен парк, ВИП возила се купени преку оперативен лизинг, а нивната замена е планирана за крајот на 2027 година. Станува збор за 45 возила Шкода. Во иднина се анализираат можностите за купување на поеколошки и енергетски поефикасни возила“, соопштија од Владата за Порталб.мк.

    За возилата што не се под лизинг, Службата за општи и заеднички работи на Владата веќе започнала постапка за нивно елиминирање.

    „Покрената е постапка за продажба на 104 стари возила како старо железо, а дел од возилата што се во добра техничка состојба остануваат во употреба за потребите на делегациите, курирските услуги и магацинските работи“, соопштија од Владата.

    Од Извршната власт додадоа дека поради нивната старост, овие возила често имаат потреба од поправки, поради што почнавме да го оптимизираме возниот парк и возилата се користат само во неопходни и службени ситуации.

    Во врска со деталните податоци за поминатите километри, Владата нема точни информации.

    Министерството за внатрешни работи работи на создавање на еден централен регистар на возила, кој треба да биде готов до крајот на тековната календарска година“, соопштија од Владата.

    Оттаму додаваат дека видот на возила за идните набавки зависи од секоја институција поединечно, која самостојно ги спроведува постапките за јавни набавки.

    „Подетални податоци, вклучително и бројот на возила што се надвор од употреба, ќе бидат достапни откако ќе биде завршен новиот регистар. Очекуваме ова да се случи наскоро и ви стоиме на располагање за дополнителни информации“, соопштија од Владата.

    Нетранспарентни институции

    Многу институции не доставиле податоци за службените возила до Државната комисија за спречување на корупција пред локалните избори, како што налага Изборниот законик.

    Вкупно 1.514 институции беа обврзани да достават податоци, но податоци доставиле само 635 институции, или 42%, додека пак 879 институции, или 58%, воопшто не доставиле податоци. Од ДКСК за Порталб.мк потврдија дека ситуацијата останува иста.

    Но, сè уште нема точна бројка за вкупниот број на службени возила, бидејќи и Министерството за внатрешни работи располага со такви податоци и тие не се усогласени со податоците на ДКСК.

    Како што дознаваме, Министерството за внатрешни работи работи на нов регистар, но сè уште нема конкретен датум кога ќе биде готов.

    Поврзани вести

    Се испитуваат причините за падот на авионот во Марвовско Езеро

    13/12/2025

    „Безбеден град“ официјално ќе започне да функционира од февруари идната година

    12/12/2025

    Општините од Пелагонискиот и Југозападниот регион формираа Меѓуопштински одбор за управување со отпад

    12/12/2025
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2025 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.