Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Љубов, пари и неочекувани средби: Големи изненадувања во саботниот хороскоп

    07/11/2026

    (Фото) Дуа Липа за малку ќе покажеше премногу во креација со отвори

    06/11/2026

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»На нас трагедии ни се случуваат затоа што институциите молчат
    Македонија

    На нас трагедии ни се случуваат затоа што институциите молчат

    09/12/20253 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Потенцира дека продолжението на седницата, на која се очекува да се усвојат зкалучоци, дополнително ќе биде закажано.

    „Констатирам дека расправата по точката од дневниот ред е завршена. По исцрпната дискусија, тука ја прекинувам работата на денешната петта седница и за првото продолжение, на кое очекувам пратениците да усогласат и донесат соодветни ставови, мерки и заклучоци кои би ги предложиле на усвојување, дополнително и навремено ќе бидете известени во координација со подносителите“, рече Апасиев.

    Пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ истакна дека централниот елемент на дискусијата треба да биде дека во оваа држава некој дозволува да не се следат законите, прописите и да не постапуваат институциите „само заради парите“.

    „Кога се случи трагедијата, мислам дека инхерентно сите знаевме дека системот потфрлил. Кога системот потфрлува, што е тоа потфрлање на системот? Но, јас не мислам дека е таму проблемот колку што таму е начинот да се изземат од одговорност тие што треба да постапуваат. На нас трагедии ни се случуваат затоа што институциите молчат пред приватниот интерес кој генерира пари на незаконски начин. Кога станува збор за повредата на човековите права, тие најчесто во нашата држава се случуваат на основа на желбата некој да генерира профит. Мене ми е апсурдно денеска да зборуваме за процедура“, рече Мециновиќ.

    Претходно, на почетокот на седницата на Комисијата, Марија Петрушова како претставник на Здружението на граѓани „16 март 2025 Кочани“ нагласи дека нивното барање е овој случај да се разгледа како сериозна повреда на човековите права, со посебен  акцент на правото на живот.

    „Ние сме овде не само за да жалиме за нашите деца, туку и за да бараме правда за нив. Оваа трагедија не е  само поради една погрешно запалена искра, туку последица на системски пропусти кои го  загрозуваат најосновното право – правото на живот, безбедност и праведност. Она што го доживеавме не е само институционална неефикасност – тоа е системска опасност за сите граѓани. Нашите барања се:  итна и целосна институционална поддршка за сите семејства на починатите во пожарот во ‘Пулс’ – Кочани, јасен и официјален одговор за причините за продолженото доцнење и целосната  неактивност на институциите,  утврдување конкретни рокови за завршување на сите постапки поврзани со поддршката, разгледување на сите преостанати точки од веќе поднесеното барање. Владата има законска, морална и човечка обврска да постапи јасно, праведно и одговорно, да покаже грижа, солидарност и чувствителност кон семејствата кои претрпеа ненадоместлива загуба. Нашите деца го заслужуваат тоа. Нашата болка го заслужува тоа“, рече Петрушова.

    Минатата недела, на предлог на пратениците од парламентарното мнозинство – ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и Вреди во Собранието беше донесена одлука да се основа Анкетна комисија за утврдување на околностите во постапувањето на институциите за трагедиите и несреќите во Македонија која ќе се фокусира на трагедиите во Кочани, во Модуларната болница, Дурмо турс и Ласкарци.

    На 19 ноември годинава, во судницата во КПУ Идризово започна судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што се случи на 16 март годинава, загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени.

    Судењето го води судијката Диана Груевска Илиевска и се одвива под засилени безбедносни мерки, со присуство на обвинетите, роднини на жртвите, обвинителството, одбраната и бројни новинари.

    На обвинителна клупа се 37 лица – сопственици, управители, инспектори, поранешни градоначалници, обезбедувачи и државни службеници.

    The post На нас трагедии ни се случуваат затоа што институциите молчат appeared first on МКД.МК.

    Поврзани вести

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026

    Поднесена тужба против МОН за непочитување на Законот за субвенциониран студентски оброк

    06/11/2026

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Љубов, пари и неочекувани средби: Големи изненадувања во саботниот хороскоп

    07/11/2026

    (Фото) Дуа Липа за малку ќе покажеше премногу во креација со отвори

    06/11/2026

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026

    Поднесена тужба против МОН за непочитување на Законот за субвенциониран студентски оброк

    06/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    (Видео) „Тоа е фобија“: Мајли Сајрус открива бизарна причина зошто се свршила

    (Видео) Една од најгледаните серии на Нетфликс завршува: шестата сезона на „Емили во Париз“ ќе биде последна

    (Видео) Се омажи сама за себе на својот 40-ти роденден, потроши 35.000 евра за забавата

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.