Муцунски ќе има неколку обраќања на теми од поширок заемен интерес во светло на сложениот безбедносен контекст со кој се соочува регионот на ОБСЕ.
Во Виена шефот на македонската дипломатија ќе учествува и на состанокот на „Пријателите на Западен Балкан“, во организација на австриското Министерство за надворешни работи. На овој состанок ќе учествуваат високи претставници од земјите-членки на групата и државите од Западен Балкан, како и високата претставничка на ЕУ, Каја Калас.
Предвидена е и средба со Здружението на индустријалци на Австрија, каде ќе бидат претставени новите можности за економска соработка. Министерот Муцунски ќе оствари и серија билатерални средби и разговори, соопшти МНР.

