Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Слот: Уште еден меч каде што постигнавме помалку голови отколку што можевме

    04/12/2025

    „Летаат“ со над 200 километри на час, системот „Безебеден град“ регистрираше рекорд на скопската обиколница

    04/12/2025

    Дина Јашари ќе ја претставува Македонија на престижниот фестивал Eurosonic Noorderslag 2026 во Холандија

    04/12/2025
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Tech
    • Gadgets
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Спортот и штетните наративи: Како националистичките изблици создаваат тензии додека фудбалската репрезентација се труди да ја покаже реалноста
    Македонија

    Спортот и штетните наративи: Како националистичките изблици создаваат тензии додека фудбалската репрезентација се труди да ја покаже реалноста

    04/12/202510 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Македонија, како држава со изразито мултиетнички состав, постојано се соочува со предизвици кои произлегуваат од тензиите меѓу нејзините главни заедници. Со децении, меѓуетничките односи меѓу Албанците и Македонците, освен што беа влошени од конфликтите во земјата, тие беа влошени и од предрасуди и одредени штетни наративи, кои во некои случаи се и поттикнувачи на овие конфликти. Резултатите од мониторингот на Фондацијата Метаморфозис покажуваат дека овие наративи ризикуваат да ја претстават Северна Македонија како кршливо, поделено општество, неспособно да изгради одржлива социјална држава, пишува Порталб.мк.

    Плодно тло за зајакнување на штетните наративи се натпреварите на спортските стадиони каде што расистичките и националистичките извици се шират спонтано, но и организирано. Од какофонијата на омразата која потоа се шири и во дигиталната сфера, не може да се види духот на соработка меѓу играчите, особено во спортските клубови со мешан состав, кои иако доаѓаат од различни етникуми и религии, на спортската арена се едно и играат обединети.

    Еден од најпозитивните примери е македонската репрезентација во фудбал. Нејзиниот состав, од етнички аспект, е мешан. Албанци, Македонци и други заедници, заедно ги делат разочарувањата од поразите и радостите од победите, пишува Порталб.мк.

    Штетните или малигни наративи обично целат кон поделби, истакнувајќи ги разликите како ризик. Тие манипулираат со историјата за да го оправдаат непријателството и виктимизацијата, и користат емотивен јазик што поттикнува страв, несигурност и омраза.

    Спортските терени често се простори каде што се случуваат извици на омраза и етничка основа, а соодветните навивачки групи стануваат особено активни кога објавуваат околу вакви настани.

    Еден пример е чинот на вандализам во скопско Драчево каде икона на Исус Христос беше уништена во локален парк, а до неа беше оставен Куран. Инцидентот беше сензационалистички пренесен во медиумите, дополнително поттикнувајќи ги меѓуверските и меѓуетничките тензии. Навивачката група „Комити“ одговори со изјава: „Нема да ви простиме“. Интересно е што медиумите ја засилија изјавата на навивачката група „Комити“, ставајќи ја на видно место во нивното медиумско покривање. Сепак, многу коментари од граѓаните, според овие извештаи, имаа поинаков тон, нагласувајќи дека ниеден вистински верник не би извршил таков чин и, за разлика од типичните примери, овие коментари не содржеле омраза.

    Овој случај отсликува поширок модел во земјата, каде што исламот речиси секогаш се гледа низ призмата на етничката припадност. Таквата интерпретација често е засилена од медиумите и спортските навивачки групи, претворајќи ги верските инциденти во алатки за поттикнување меѓуетнички тензии и служење на политички цели.

    Невладините организации постојано алармираат за ризикот од нормализација на говорот на омраза.

    „Спортските трибини продолжуваат да бидат простори каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено врз етничка и национална основа. Ваквиот говор, особено кога е јавно изразен, има потенцијал да предизвика длабоки поделби, да ја наруши меѓуетничката кохезија, па дури и може да доведе до кривични дела мотивирани од омраза“, велат од Хелсиншкиот комитет. Според нив, етничката припадност низ годините продолжува да доминира како најчеста основа за говор на омраза и дела од омраза, додека најбројни сторители и жртви се младите. „Токму поради оваа причина, сметаме дека јавната осуда е минимумот што можат да го направат политичките структури, додека надлежните институции треба да ги идентификуваат и да ги казнат сторителите“, велат понатаму од Хелсиншки комитет.

    Не е сè толку црно

    Меѓутоа, има многу други позитивни примери во кои ги побиваат наративите што се изразуваат преку навивачките групи, а потоа добиваат одек и се обидуваат да претстават поинаква слика за општеството, различните етникуми кои живеат во Северна Македонија, но и државата воопшто.

    Еден од најпозитивните примери е репрезентацијата во фудбал. Нејзиниот состав, од етнички аспект, е мешан. Албанци, Македонци и други заедници, заедно ги делат разочарувањата од поразите и радостите од победите. Засега, тимот го цели следниот историски успех, по учеството на Европското првенство во фудбал ЕУРО 2028.

    Спортскиот новинар, Решат Ибрахими, е меѓу најактивните новинари присутни на натпреварите на репрезентацијата, дома и во странство. Тој за Порталб.мк ја коментираше атмосферата во тимот и персоналот во федерацијата.

    „Атмосферата во репрезентацијата на Македонија е многу добра. И, за такво опкружување сигурно влијаеле позитивните резултати на репрезентативниот тим во последната деценија, каде што Македонија учествуваше на европско првенство и сега е пред уште еден историски успех за да учествува на финалињата на Светското првенство во 2026 година во САД, Мексико и Канада. Друг фактор за таква клима во репрезентацијата на Македонија е и тренерот Благоја Милевски, кој успеа да создаде тим со квалитетни фудбалери кои добро ги познава, а кои ги тренираше и за време на времето кога беше во У21 тимот на Македонија, со кои играше на Европското првенство за 21-годишници“, вели Ибрахими.

    Решат Ибрахими, фотографија од лична архива

    Играчите, додава Ибрахими, се почитуваат меѓусебно и имаат здраво пријателство. „Сите се професионалци, бидејќи доаѓаат од различни европски првенства. Енис Барди, кој е Албанец, е капитен и тој ужива голема почит од сите негови соиграчи. Барди е предводник на успесите на Македонија, но не само тој туку и другите кои имаат заслуги за досегашните успеси. Тој е личност и не го гледаат дали е Албанец или не. Заслужен за добрата атмосфера е и актуелниот претседател на федерацијата, Масар Омерагиќ, кој од доаѓањето на чело на федерацијата ги сузбива овие непримерни појави. Дури, тој најави дека во иднина натпреварите на трибините ќе ги следат и ривалски навивачи. Северна Македонија е земја на сите што живеат во оваа држава и сите треба да гледаме напред кон Европа и европските вредности“, заклучува Ибрахими.

    Репрезентацијата на 26 март, во 20:45 часот, ја очекува натпреварот како гостин против Данска во полуфиналето на „плеј-офот“ за квалификации на Светското првенство. Натпреварот со Данците ќе се одигра на стадионот „Паркен“ во Копенхаген. Победникот на овој натпревар ќе се соочи со подобриот од другиот натпревар Северна Ирска – Чешка, за едно место на Светското првенство 2026.

    Но, што прават институциите за да ја заштитат хармонијата што ја рефлектира репрезентацијата?

    Фудбалската федерација на Македонија во нивните одговори за Portalb.mk нагласија дека федерацијата работи долгорочно за да создаде здрава спортска атмосфера и ги осудува националистичките извици, говорот на омраза и секоја форма на дискриминација.

    „Од неодамна, заедно со УНИЦЕФ, работиме на едукативни кампањи, соработка со клубовите и училиштата, како и испраќаме превентивни пораки пред секоја наша активност. Паралелно, работиме на подобрување на регулативите и санкциите, кои овозможуваат побрза и поефикасна реакција кога се нарушува спортскиот дух на натпреварите. Наша цел е трибините да бидат место за поддршка, а не ‘платформа’ за ширење страв или поделби“, велат од федерацијата.

    За да се подобри атмосферата, федерацијата ветува дека ќе ја продолжи работата на едукацијата на новите категории за почит, различност и фер-плеј; ќе ја зголеми контролата во организирањето на натпреварите со јасни протоколи за спречување на инциденти и координација со комесарите за безбедност на клубовите; како и ќе развие континуирани кампањи со фудбалерите, особено со оние од А репрезентацијата, кои најдобро ја пренесуваат пораката за единство. Тие посочуваат дека успехот не познава етничка припадност, туку работа и посветеност.

    „Нашата порака е јасна: таквото однесување не е дел од спортот и не е дел од вредностите што сакаме да ги промовираме. Напротив, ќе казниме секој случај. Секое навивање што понижува, навредува или поттикнува омраза му штети на спортот и ги казнува токму оние што доаѓаат за фудбал – играчите и вистинските навивачи. Постојано апелираме до навивачките групи да го поддржуваат својот тим со страст, но и со почит. Фудбалот треба да обединува, а не да дели“, велат од федерацијата.

    Првиот човек на фудбалската федерација, Масар Омерагиќ, потврди дека најсилниот одговор на девијантното однесување е професионализмот, спокојството и фокусирањето на играта.

    Масар Омерагиќ, фотографија од лична архива

    „Треба да бидеме пример за новите генерации. Мојата лична порака е дека почитта кон противникот, кон навивачите и кон сопствениот тим е основата на фудбалот и на спортот воопшто. Секоја институција, федерација и клуб има своја улога. Институциите ја обезбедуваат рамката и механизмите за казнување на говорот на омраза и секоја форма на дискриминација. Федерацијата треба да води едукативни и превентивни кампањи и да има јасни норми за постапување во случај на прекршување на правата. Клубовите имаат обврска да работат со навивачите, да спречат ризични ситуации и да поттикнат позитивно навивање. Спортистите се тие што ја испраќаат најсилната порака, нивното однесување треба да биде со почит и со фер-плеј. Кога сите дејствуваме заедно, фудбалот се враќа на неговата вистинска вредност – и на теренот, и на трибините“, вели претседателот на ФФМ, Омерагиќ.

    Спортот треба да обединува, а не да создава поделби

    Од Министерството за спорт порачуваат дека спортот треба да обединува, да ги поврзува луѓето, а не да создава поделби. Оттаму се свесни дека на некои спортски терени се појавуваат националистички и провокативни извици кои создаваат тензија.

    „Министерството за спорт е во постојана комуникација со федерациите, клубовите и безбедносните институции за да се спречат овие појави. Треба да работиме сите заедно за да ги искорениме овие негативни феномени, преку едукација, преку воспоставување построги дисциплински механизми и преку кампањи кои промовираат ‘фер-плеј’. Нашата цел како Министерство за спорт е преку спортот да се промовираат вистинските вредности на почит, достоинство и соживот, и секогаш ќе бидеме цврсто против секој обид за користење на спортот за националистички или политички цели“, вели министерот за спорт, Борко Ристовски.

    Првиот човек на Министерството за спорт ветува дека се планирани конкретни и координирани активности. Министерот Ристовски во изјавата за Порталб.мк најави дека ќе предложи измени во регулативите на федерациите за брза реакција и санкционирање, ќе ја зајакне превенцијата преку програми за млади навивачи и, заедно со Министерството за внатрешни работи, ќе воспостават механизми за идентификување и постапување против организираните групи кои шират омраза и предизвикуваат инциденти на спортските терени.

    „Со секое наше дејствување се трудиме спортот да биде достапен за сите, во секој град и општина во земјата, младите да се занимаваат со спорт и преку спортот да се промовираат позитивни вредности и да се гради позитивен спортски дух. Ова е должност, но и заедничка одговорност за сите нас“, вели Ристовски.

    Борко Ристовски, фотографија од неговата Фејсбук страна

    Нашата порака, додава понатаму министерот, е јасна: говорот на омраза, национализмот, расизмот и секоја форма на непримерно однесување на трибините не се спорт и нема да се толерираат. Секое лице кое свесно ја нарушува спортската атмосфера ќе се соочи со казнени мерки, додава тој.

    „Како спортист сум играл во сали низ цела Европа и често сум слушал секакви провокации. Но, никогаш не сум дозволил тие да ме одвлечат од мојата цел. Најсилниот одговор е играта на теренот. Исто така верувам дека институциите треба брзо да реагираат, додека федерациите и клубовите треба да ја преземат својата улога. Спортистите, пак, треба да бидат пример – со фер-плеј, почит и зрелост. Верувам дека спортистите се најдобрите амбасадори на позитивните вредности. Почитта е најголемиот трофеј што можеме да го освоиме. Мојата лична порака е едноставна: Навивајте како што би сакале да навивате за вашето дете“, заклучи министерот Ристовски.

    Редакцијата на Порталб.мк преку низа написи аргументираше дека неадекватната реакција на Министерството за внатрешни работи, Обвинителството и малкуте предмети со пресуда на суд, уште повеќе го хранат говорот на омраза. Навремената реакција би ги заштитила вредностите со кои најдобро се претставува нашата држава, а тоа е спортската атмосфера и спортските успеси.

    Пишува: Џенис Сулејмани

    Поврзани вести

    „Летаат“ со над 200 километри на час, системот „Безебеден град“ регистрираше рекорд на скопската обиколница

    04/12/2025

    Наградата „Илија Жупаноски“ ќе се додели во рамките на конференцијата е-Општество

    03/12/2025

    На барање на Филипче, целото раководството на СДСМ поднесе оставка

    03/12/2025
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2025 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.