Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026

    (Видео) Први снимки од бремената Хилари Свонк: Го очекува своето трето дете на 53 години и зрачи од среќа

    16/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Ноемвриско загадување во Тетово: PM10 и PM2.5 честичките ги надминаа дозволените граници
    Македонија

    Ноемвриско загадување во Тетово: PM10 и PM2.5 честичките ги надминаа дозволените граници

    20/11/20252 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Во повеќето денови во ноември воздухот во Тетово беше загаден, при што беше надминат прагот на алармирање. Од 1 до 18 ноември просечната концентрација на ПМ 10 честичките била 62.7 микрограми на кубен метар (μg/m3), при што дозволената просечна дневна вредност на ПМ10 е 50 μg/m3. Просечната регистрирана концентрација на ПМ2.5 честичките е 42.64 μg/m3 од дозволената вредност од 25 μg/m3, пишува Порталб.мк. 

    Со започнување на грејната сезона започнува периодот на аерозагадување низ целата земја. Овој проблем е присутен и во Тетово.

    Во последните денови, како последица на падот на температурите евидентирано е поголемо загадување.

    Инфографик: Фисник Џелили, Порталб.мк
    Инфографик: Фисник Џелили, Порталб.мк

    Некои од најголемите причини за аерозагадувањето се добро познати, како што е греењето со дрва и други материјали кои се употребуваат за затоплување, како и издувните гасови од возилата.

    Според екологистката Елмедина Абдулаи, еколошките планови се прават колку да се исполни обврската, а нивната примена е несоодветна.

    „За жал, на терен не се гледа ништо. Наједноставното нешто што може да се направи е да се започне со миење на улиците бидејќи поради проблемите со ПМ2.5 честичките, тие во моментов се многу поконцентрирани и поштетни од она што беше со ПМ10“, рече Елмедина Абдулаи.

    Но, Општина Тетово се правда. Портпаролката Бесарта Рамадани вели дека општината веќе има план и ќе дејствува. Според неа, тие имаат краткорочен план за периодот ноември 2025 – март 2026 година и преземаат конкретни активности.

    „Општинскиот инспекторат за животна средина во општина Тетово, согласно краткорочните планови и препораки за чист воздух, ќе ги зголеми теренските активности во текот на грејната сезона. Во наредните недели ќе вршат почести инспекции во сите претпријатија, фабрики за мебел, работилници и автомеханичарски работилници. Секако, главната цел е да се провери функционирањето на опремата за филтрирање и почитувањето на обврските за заштита на животната средина“, изјави Бесарта Рамадани.

    Пред неколку дена Општина Тетово се обиде да изманипулира со јавното мислење, при што преку една објава изјави дека Европската комисија дала позитивна оценка за зголемувањето на зелените површини, за подобрувањето на квалитетот на воздухот и создавањето на една поздрава животна средина за граѓаните.

    Меѓутоа, во Извештајот на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија, Општина Тетово се споменува само еднаш, и тоа за завршувањето на катастарот за загадувачите на воздухот, без никаква оценка или пофалба за политиките за животната средина. Инаку, загадувањето на воздухот останува хроничен проблем за Северна Македонија. Ова е постојано нагласувано во меѓународните извештаи и од меѓународните организации.

    Поврзани вести

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026

    Млад жител на тетовско осомничен за сајбер измами, продажба на украдени податоци и детска порнографија

    15/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026

    (Видео) Први снимки од бремената Хилари Свонк: Го очекува своето трето дете на 53 години и зрачи од среќа

    16/10/2026

    (Видео) Меси се почести луксузна јахта – погледнете како изгледа

    16/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Хенигман: Нашата одбрана не можеше да се собере, а Миклер имаше страшен ден!

    Празни клупи и затворени училишта, за една деценија снема безмалку 9.000 првачиња

    Филипче: За Изборниот законик проблем е само обидот на ВМРО-ДПМНЕ за изборни манипулации

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.