Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Кривична пријава против малолетник од Скопје за силување и уценување

    03/10/2026

    Зошто мачките спијат повеќе кога ќе залади

    02/10/2026

    Пари од неочекуван извор: три хороскопски знаци ги чека подобар финансиски период

    02/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Комисијата одлучи: Двајца кандидати не ги исполнуваат условите за прв човек на Антикорупциската комисија, интервјуата започнуваат во вторник
    Македонија

    Комисијата одлучи: Двајца кандидати не ги исполнуваат условите за прв човек на Антикорупциската комисија, интервјуата започнуваат во вторник

    15/11/20253 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Во Собранието на Република Северна Македонија вчера се одржа втората и последна седница на Комисијата за избор на кандидати за прв човек на Антикорупциската комисија, пишува Порталб. На оваа седница се расправаше дали кандидатите кои аплицирале за оваа позиција ги исполнуваат техничките услови. Од 12 кандидати, комисијата оцени дека Бранко В’чков и Зоран Наумов не ги исполнуваат условите и беа дисквалификувани од кандидирањето. А за преостанатите 10 кандидати јавните интервјуа ќе се одржат во Собранието, во вторник и среда. Кандидатите кои бидат интервјуирани се: Бранко Смилевски, Благица Трошанска, Феузи Џафери, Кимо Чавдар, Владимир Наумовски, Весна Доревска, Ненад Трифуновски, Валентина Тодоровска, Антонио Санев и Адем Ќучул.

    За функцијата претседател на Државната комисија за спречување на корупција се кандидираа тринаесет кандидати, еден се повлече, а двајца беа дисквалификувани.

    Собраниската комисија за избори и именувања ја формираше оваа Комисија во август, но постапката беше прекината поради изборите.

    Комисијата формирана за избор на кандидати е составена од седум члена: Илбер Руфати, заменик-народен правобранител, Дарко Аврамовски, претставник на здружение или фондација назначен за член на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанскиот сектор во областа на демократијата, владеењето на правото, односно член на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанскиот сектор во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, Бардил Јашари, претставник на здружение или фондација назначен за член на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанскиот сектор во областа на медиумите и информатичкото општество, и замениците: Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ, Саранда Имери Стафаи од ВЛЕН, Митко Трајчулески од СДСМ и Арбана Пашоли од Европскиот фронт.

    Потсетуваме дека во август Цвета Ристовска беше едногласно избрана за заменик-претседател на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), која остана без претседател по оставката на Татјана Димитровска. Ристовска беше на чело на Комисијата за време на локалните избори кои се одржаа во октомври.

    Европската комисија во последниот Извештај за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, нотираше дека земјата нема никаков напредок во борбата против корупцијата, а обвинението поднесено против претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), што резултираше со нејзина оставка, го довело во прашање кредибилитетот на институцијата.

    „ДКСК треба проактивно да дава насоки за политики за спречување на корупцијата, за откривање и пријавување на сомнителните случаи на корупција и зголемување на својата ефикасност во проверката на анкетните листови за имотот и надзорот врз финансирањето на кампањите. Паралелно, нејзините препораки треба ефикасно да се следат“, се наведува во извештајот.

    Татјана Димитровска поднесе оставка по обвиненијата од страна на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) и тоа за две кривични дела: откривање службена тајна на поранешниот директор на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ, обвинет во случајот „Адитив“, и компјутерско фалсификување, бидејќи за сертификат за државна тајна во нејзино име тестот го положил ревизор од Државниот завод за ревизија.

    Извор: Порталб.мк

    Поврзани вести

    Кривична пријава против малолетник од Скопје за силување и уценување

    03/10/2026

    Ако се најде решение со Бугарија, Македонија многу бргу ќе напредува во ЕУ интеграциите, најави Фон дер Лајен

    02/10/2026

    Со интерконекторите со Грција и Србија, Македонија се стреми да биде енергетски транзитен коридор

    02/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Кривична пријава против малолетник од Скопје за силување и уценување

    03/10/2026

    Зошто мачките спијат повеќе кога ќе залади

    02/10/2026

    Пари од неочекуван извор: три хороскопски знаци ги чека подобар финансиски период

    02/10/2026

    Во Србија уапсени петмина онлајн предатори кои им пишувале на деца преку лажни профили и барале интимни фотографии

    02/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Трамп денеска на средба со Нетанјаху, се очекува да промовира мировен предлог за Газа

    Голема акција на МВР за сузбивање на финансиски криминал, претреси на повеќе локации

    Обединетите Арапски Емирати негираат дека Нетанјаху тајно ги посетил

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.