Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Измените во Изборниот законик не се движат во правилна насока, вели Цветановски од ЛДП
    Македонија

    Измените во Изборниот законик не се движат во правилна насока, вели Цветановски од ЛДП

    08/06/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Либерално демократската партија (ЛДП) предупреди дека може да се повлече од работната група задолжена за подготовка на измените на Изборниот законик, доколку, како што велат, процесот продолжи да се одвива во насока што им одговара исклучиво на најголемите политички партии.

    „Должни сме да ја алармираме јавноста дека работата на работната група за измени на Изборниот законик не се движи во правилна насока. Наместо суштински реформи за подемократски процеси, зад затворени врати повторно сме сведоци на добро познато сценарио: големите политички партии се обидуваат да си обезбедат меѓусебна предност и да го заштитат својот монопол“, рече во изјава за медиумите членот на Извршниот одбор на ЛДП, Дејанчо Цветановски.

    Тој нагласи дека ЛДП традиционално учествува во иницијативи насочени кон подобрување на демократските стандарди и изборниот модел, поради што и се приклучила на работната група со конкретни предлози и конструктивен пристап.

    Според Цветановски, меѓу прашањата што остануваат занемарени е предлогот за една изборна единица со отворени листи, решение што партијата со години го застапува како начин за поголема еднаквост на гласот на граѓаните и поголема лична одговорност на избраните претставници.

    „Меѓутоа, сведоци сме на игнорирање на прашањето за една изборна единица со отворени листи, кое е долгогодишно барање на ЛДП но и на граѓаните, а кое гарантира дека гласот на секој граѓанин ќе тежи исто и дека граѓаните ќе избираат личности, а не партиски послушници. Исто така, парадоксот со ‘високиот изборен праг’ – иако декларативно се согласуваат со моделот на една изборна единица, големите партии подмолно предлагаат неразумно висок изборен праг. Ова не е демократизација, ова е обид за елиминација на помалите партии и целосно затворање на политичкиот систем за нови, прогресивни идеи“, рече Цветановски и додава дека ставот на ЛДП е дека нема да биде декор во ничии политички пазарења.

    Тој посочи дека доколку расправата продолжи во истата насока, ЛДП нема причина да остане дел од работната група.

    „Ние не отстапуваме од принципите за фер, еднакви и отворени избори. Доколку големите партии сакаат да си донесат законик по сопствена мерка, ќе мора тоа да го направат сами, соочувајќи се со судот на граѓаните, но без наша поддршка“, рече Цветановски.

    По реакцијата на ЛДП, со соопштение се огласи и Министерството за правда, кое информираше дека денеска се одржала седмата седница на работната група за изборни реформи.

    Според Министерството, на состанокот биле разгледани забелешки и предлози доставени од институции, политички партии, граѓански организации и други учесници во процесот. Оттаму наведуваат дека продолжува усогласувањето на законските решенија со препораките на ОБСЕ/ОДИХР, а дискусијата била насочена кон прашања поврзани со транспарентноста, интегритетот и довербата во изборниот процес.

    Следниот состанок на работната група е најавен за 12 јуни, по што се очекува текстот на измените да биде финализиран и испратен во понатамошна законодавна процедура.

    Поврзани вести

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    Има истраги, но нема казни: ЕУ ја критикува Македонија за резултатите во борбата против корупцијата и Кривичниот законик

    10/11/2026

    Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат

    10/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026

    Почна Парискиот мировен форум со посебен фокус на правата на децата

    10/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Премиера на претставата „Мачкина глава“ во Драмски театар

    Четири хороскопски знаци конечно ќе ги добијат одговорите што долго ги чекаа

    Во Лондон доделени наградите БАФТА: „Една битка по друга“ прогласен за најдобар филм

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.