Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Кривична пријава против малолетник од Скопје за силување и уценување

    03/10/2026

    Зошто мачките спијат повеќе кога ќе залади

    02/10/2026

    Пари од неочекуван извор: три хороскопски знаци ги чека подобар финансиски период

    02/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Судскиот совет, Врховниот суд и Здружението на судии испратија заедничка реакција до премиерот за неговите коментари
    Македонија

    Судскиот совет, Врховниот суд и Здружението на судии испратија заедничка реакција до премиерот за неговите коментари

    15/11/20252 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Судскиот совет, Врховниот суд и Здружението на судии упатија заедничко соопштение со кое остро реагираат на неодамнешните изјави на премиерот за судиите и судството, оценувајќи дека тие ја преминале „границата на доброто однесување“ и се претвориле во „неаргументирани и паушални напади“ кон судската власт.

    Во реакцијата се наведува дека критиката кон судството може да биде добронамерна само доколку се заснова на конкретни забелешки и предлози за решавање на проблемите, а не на општи и недокажани обвинувања.

    „Неаргументирана критика е покажување на намера ништо да не се преземе за подобрување на состојбите, туку севкупната општествена апатија да се префрли како вина на судиите. Судството не го создало државниот долг“, стои во соопштението.

    Судскиот совет, Врховниот суд и Здружението на судии реагираат и на поврзувањето на судството со државниот долг од 2 милијарди евра. Тие нагласуваат дека судскиот систем, за разлика од извршната власт, никогаш не генерирал долгови.

    „Сосема е нејасно каква е поврзаноста на судството со државниот долг од 2 милијарди евра, кој недвосмислено е последица на постојаното задолжување на извршната власт, во минатото и сега“, се посочува во документот.

    Напротив, како што додаваат, судовите со години наназад ја полнат државната каса преку наплата на судски такси, паушали и парични казни, но за возврат не добиваат соодветен поврат од Буџетот во вид на нови вработувања, дигитализација на услугите, опремување на судниците и други потребни реформи.

    Повик да се почитува независноста на судството

    Во соопштението се повикува и на последниот извештај на Европската комисија, во кој, како што истакнуваат, јасно се нагласува дека независноста на судиите е најголемиот проблем во судството, а таа е поткопана од постојаното мешање на извршната и законодавната власт.

    Како клучен проблем се посочува и финансиската зависност на судството од државниот буџет.

    „Платите на судиите се само еден сегмент од финансиската независност. Ова се проблеми кои државата мора да ги поправи, бидејќи се суштински за европската перспектива на земјата“, се наведува во реакцијата.

    „Се нарушува рамнотежата на трите власти“

    Трите институции предупредуваат дека со досегашните јавни коментари на премиерот се нарушува демократскиот принцип на рамноправност и поделба на власта на судска, законодавна и извршна.

    Во соопштението се потсетува дека судската власт е уставна категорија и дека Уставот, како и независноста на судската власт, мора да се почитуваат.
    Реакцијата е потпишана од Судскиот совет, Врховниот суд и Здружението на судии.

    Поврзани вести

    Кривична пријава против малолетник од Скопје за силување и уценување

    03/10/2026

    Ако се најде решение со Бугарија, Македонија многу бргу ќе напредува во ЕУ интеграциите, најави Фон дер Лајен

    02/10/2026

    Со интерконекторите со Грција и Србија, Македонија се стреми да биде енергетски транзитен коридор

    02/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Кривична пријава против малолетник од Скопје за силување и уценување

    03/10/2026

    Зошто мачките спијат повеќе кога ќе залади

    02/10/2026

    Пари од неочекуван извор: три хороскопски знаци ги чека подобар финансиски период

    02/10/2026

    Во Србија уапсени петмина онлајн предатори кои им пишувале на деца преку лажни профили и барале интимни фотографии

    02/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Во македонскиот КИЦ во Загреб отворена изложбата „Mind(e)scapes“ на Асоцијацијата за култура ИКОН

    СДСМ бара да се провери квалитетот на водата во сите градови, ВМРО ДПМНЕ вели дека само шират паника и го штитат градоначалникот на Гостивар

    Тие ќе ви ја исцрпат целата енергија: кои луѓе треба да ги избегнува секој хороскопски знак

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.