Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Американскиот обвинител под притисок по наредбата за истрага на демократите

    15/11/2025

    Сака бара договор со кој ќе остане во Арсенал до крајот на кариерата

    15/11/2025

    Судскиот совет, Врховниот суд и Здружението на судии испратија заедничка реакција до премиерот за неговите коментари

    15/11/2025
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Tech
    • Gadgets
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Во Белград почнува „Западен Балкан 2030“, македонската делегација ја предводи вицепремиерот Стоилковиќ
    Политика

    Во Белград почнува „Западен Балкан 2030“, македонската делегација ја предводи вицепремиерот Стоилковиќ

    12/11/20252 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Како што информираа од Министерството за односи меѓу заедниците, во своето обраќање на конференцијата министерот Стоилковиќ ќе истакне дека е чест и задоволство да се обрати на настан посветен на клучни теми кои ја отсликуваат реалноста и ја обликуваат иднината на регионот – регионалната интеграција, европската перспектива и економското поврзување.

    „Западен Балкан 2030 е клучен регионален форум што ги обединува претставниците на европските институции, меѓународните организации и деловната заедница со цел заеднички да ги дефинираат насоките за развој на регионот до 2030 година. Фокусот е ставен на регионална интеграција, енергетска транзиција, дигитализација, одржлив раст и инвестиции“, информираа од министерството.

    Форумот е организиран од списанието „Регион“ и поддржан од Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС). Форумот ќе собере 80-100 учесници, вклучувајќи институционални партнери, лидери од приватниот сектор и претставници на регионалните медиуми.

    Овогодинешната програма ќе вклучува панели посветени на регионалната интеграција и пристапувањето кон ЕУ, зелената транзиција и дигитализацијата. Учесниците на конференцијата ќе бидат претставници на европски институции, меѓународни и регионални организации, дипломатски и експертски заедници, како и водечки компании.

    Поврзувајќи ги носителите на одлуки и експерти од Европа и Западен Балкан, конференцијата има за цел да го истакне потенцијалот на регионот да придонесе за создавање поконкурентна, одржлива и поврзана Европа.

    Целта на организаторите е и да го воспостават „Западен Балкан 2030“ како годишен форум за дијалог и соработка и како место каде што идеите се трансформираат во конкретни акции и партнерства.

    Според Најавите, Стоилковиќ ќе оствари и работна средба со потпретседателката на Владата на Србија и министерка за економија Адријана Месаровиќ со која ќе разговара за потпишување на меморандум за натамошно унапредување и продлабочување на економската соработка, поттикнување на заедничките инвестициони проекти, како и заеднички настап на трети пазари, во пресрет на македонско-српскиот бизнис форум што ќе се одржи во Македонија на 2 и 3 декември.

    „Посетата претставува уште една потврда на континуираниот дијалог и партнерството меѓу двете земји, насочени кон стабилен, економски поврзан и европски ориентиран регион на Западен Балкан“, наведуваат од Кабинетот на потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците.

    Поврзани вести

    Димитриеска-Кочоска: Се прават анализи колкав ќе биде процентот што ќе го добие судството

    14/11/2025

    Николоски: Полека го комплетираме патниот коридор 8

    14/11/2025

    Андоновски: Во постапка се пет кривични пријави поднесени од МДТ, но не снимаме апсења

    14/11/2025
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2025 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.