Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Аланис Морисет (52) откри дека е пансексуална

    08/11/2026

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026

    Љубов, пари и неочекувани средби: Големи изненадувања во саботниот хороскоп

    07/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се скараа кој водел подобра економска политика
    Македонија

    ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се скараа кој водел подобра економска политика

    09/11/20252 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Колку е иронично што СДС зборува за инфлација  кога токму во нивно време државата се соочи со двоцифрена инфлација и економска нестабилност. Наместо да излегуваат со вакви теми во јавноста, за кои народот очигледно не им верува, најдобро би било СДС конечно да се посветат на внатрешни реформи, да расчистат со старите структури и да понудат барем трошка кредибилитет пред јавноста“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

    Секојдневно, реалните економски податоци и индикатори ги побиваат лагите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за наводен економски бум во државата. Последните податоци за инфлацијата потврдуваат дека, спротивно на уверувањата на власта дека инфлацијата паѓа, таа останува висока и ја јаде куповната моќ на граѓаните. Годишната инфлација во октомври достигна 4,5 отсто. Најголемо зголемување од седум отсто е регистрирано кај трошоците за храна и безалкохолни пијалаци – основните производи без кои не може да живее ниту едно семејство, истакна денеска на прес-конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

    „Растот на инфлацијата и цените е јасен показател дека економските политики на власта се промашени и без никаков резултат. Сметката ја плаќаат граѓаните. Платите и пензиите не го следат растот на трошоците за живот. Ова е клучен показател дека секој ден животот станува сè поскап за македонските граѓани. Тие се принудени постојано да кратат, да пресметуваат, да избираат што нема да купат – затоа што приходите не им стигаат. Ова е реалноста. Ова се вистинските проблеми на граѓаните. Трагично е што власта не ни помислува на покачување на платите. Додека во регионот платите растат, ВМРО-ДПМНЕ одбива да ги покачи. Ветуваа повисок животен стандард и плати, а денес Мицкоски не сака ни да слушне за зголемување на минималната плата барем на 500 евра. Власта не прифати ниту еден од конкретните предлози на СДСМ – ниту предлогот за 500 евра минимална плата, ниту укинување на ДДВ за прехранбени производи“, обвини Кузеска.

    Таа кажа дека СДСМ нема да молчи и дека ќе продолжи да предлага конкретни политики кои обезбедуваат подобар живот за сите.

    Поврзани вести

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026

    Поднесена тужба против МОН за непочитување на Законот за субвенциониран студентски оброк

    06/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Аланис Морисет (52) откри дека е пансексуална

    08/11/2026

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026

    Љубов, пари и неочекувани средби: Големи изненадувања во саботниот хороскоп

    07/11/2026

    (Фото) Дуа Липа за малку ќе покажеше премногу во креација со отвори

    06/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Костадинов на позајмица во Словачко! (ФОТО)

    ДИК: Локалните избори 2025 се официјално завршени – резултатите се конечни

    Украина би можела да добие шведски борбени авиони купени со замрзнати руски пари

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.