Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Јанта Волеј вечерва против Волеро пред нов предизвик во Лигата на шампионите

    04/11/2025

    Изложба на Марјан Стојаноски „Асоцијативни апстракции“ во Куманово

    04/11/2025

    „Плачев секоја вечер“: актерката откри како се справила со постпородилната депресија

    04/11/2025
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Tech
    • Gadgets
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Извештај на ЕК за Македонија: Значителен напредок во реформите, освен во судските
    Политика

    Извештај на ЕК за Македонија: Значителен напредок во реформите, освен во судските

    04/11/20252 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Извештајот ќе биде презентиран од амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас.

    „Северна Македонија постигна значителниот напредок во спроведувањето на реформите предвидени со Реформската агенда, за што доказ е и исплатата на две транши на средства во рамки на Планот за раст на Западен Балкан“, се наведува во Извештајот за напредокот на Македонија на европскиот пат, што Европската комисија официјално ќе го објави денеска.

    „Властите продолжија да работат на имплементација на патоказите за владеење на правото, на реформата на јавната администрација и на функционирањето на демократските институции, како и на Акцискиот план за заштита на малцинствата“, се вели во извештајот.

    Сепак, во него се забележува дека земјата треба да ги интензивира напорите за почитување на владеењето на правото, особено заштитата на независноста и интегритетот на судството и да ја засили борбата против корупцијата, при што се оценува дека е постигнат „ограничен напредок“ во областа на судските реформи.

    Како позитивен развој на настаните во извештајот се наведува формирањето на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество и се оценува дека земјата постигнала одреден напредок во однос на плурализмот и слободата на медиумите и на слободата на изразување.

    Европската комисија во документот посочува и дека земјата е целосно усогласена со надворешната и безбедносната политика на ЕУ, како и дека една од државите што се приклучи на Конвенцијата за заеднички транзит, чија цел е забрзување на движењето на стоките преку границите.

    Во извештајот се повторува и претходно изнесениот став за потребата од спроведување „со добра волја од сите страни“ на склучените билатерални договори, вклучувајќи го и Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија.

    Исто така, се нотира и дека се уште не се усвоени уставните амандмани насочени кон вклучување во Уставот на граѓани кои не претставуваат мнозинство, како што се Бугарите, за што земјата презела обврска.

    Поврзани вести

    Почна Школата за млади лидери на Ѓорге Иванов

    04/11/2025

    Филипче најави кадровски промени во СДСМ, потпретседателката Чупеска прва поднесе оставка

    03/11/2025

    Тројца пратеници станаа градоначалници, Собранието треба да констатира престанок на мандатите

    03/11/2025
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2025 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.