Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Пократките денови носат проблем што многумина го игнорираат: oвој витамин е клучен за здравјето

    22/10/2026

    Нина Талеска светски вицешампион: историски успех за македонскиот танц

    22/10/2026

    ИЈЗ: Во септември 8 мажи заболеле од ХИВ, само годинава евидентирани 49 нови случаи

    22/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Свет»Најмалку 22 загинати и 80 повредени откако кран се срушил кран врз патнички воз во Тајланд
    Свет

    Најмалку 22 загинати и 80 повредени откако кран се срушил кран врз патнички воз во Тајланд

    14/01/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Градежен кран паднал врз патнички воз североисточно од главниот град на Тајланд, Бангкок, поради што возот излетал од шините, а имало и повеќе загинати и повредени лица, пренесува Дојче Веле.

    Патничкиот воз се движел од Бангкок кон североисточниот дел на Тајланд. Несреќата се случила во областа Сихио, на околу 230 километри североисточно од Бангкок, додека возот патувал од Бангкок кон североистокот на земјата. Најмалку 22 лица загинале, а 80 се повредени, соопштила локалната полиција, додавајќи дека сè уште има тела кои не се извлечени од остатоците од несреќата.

    Министерот за транспорт Фипхат Рачакитпракарн изјавил дека во возот имало 195 патници. Тој наредил да се спроведе истрага за инцидентот. Кранот се користел за изградба на мрежа за брза железница кога се урнал околу 9 часот наутро по локално време.

    „Кран се урна врз воз, поради што возот излета од шините и се запали“, соопшти Одделот за односи со јавноста.

    Одделот соопшти дека пожарот бил изгаснат. Снимки во живо емитувани од локалните медиуми покажаа спасувачи кои брзаат на местото на несреќата, додека шарен воз лежи превртен на страна, а од остатоците се крева чад.

    Еден жител изјавил дека слушнал силен звук, по што следеле две експлозии, поради што истрчал од својот дом.

    „Кога отидов да видам што се случило, го видов кранот врз патнички воз со три вагони. Металниот дел од кранот го погодил средниот дел од вториот вагон и го пресекол на половина“, изјавил жителот.

    Началникот на локалната полиција, Тачапон Чинавонг, подоцна за француската новинска агенција АФП изјавил дека спасувачките операции се привремено запрени поради „хемиско истекување“ на местото на несреќата.

    Извор: Дојче Веле

    Поврзани вести

    Цените на нафтата скокнаа за повеќе од три долари по израелските напади врз Либан и Иран

    08/06/2026

    Украина погоди руски товарни бродови во Азовското Море

    05/06/2026

    Треба да го спречиме развојот на вештачката интелигенција без луѓе, вели ко-основачот на Антропик

    05/06/2026
    АКТУЕЛНО

    Пократките денови носат проблем што многумина го игнорираат: oвој витамин е клучен за здравјето

    22/10/2026

    Нина Талеска светски вицешампион: историски успех за македонскиот танц

    22/10/2026

    ИЈЗ: Во септември 8 мажи заболеле од ХИВ, само годинава евидентирани 49 нови случаи

    22/10/2026

    Веб-страниците на Владата и министерствата биле навремено заштитени, велат од Министерството за дигитална трансформација

    22/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Нова книга на Милчо Манчевски во Италија

    Левица ќе побара да се укине платеното политичко рекламирање за време на избори

    Мицкоски: Голем интерес на турските компании за инвестирање во Македонија

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.