Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Проверете ја етикетата на облеката пред перење: Овој симбол може да го уништи вашето омилено парче облека

    23/11/2026

    Успехот конечно пристигнува: Марс во Девица носи пресврт во кариерата за четири хороскопски знаци

    23/11/2026

    Кумановец се заканувал дека ќе ги запали ќерката и внуката, обвинителството бара притвор

    21/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Николоски-Брајан во Лондон: Високо ниво на трговска соработка меѓу Македонија и Велика Британија
    Македонија

    Николоски-Брајан во Лондон: Високо ниво на трговска соработка меѓу Македонија и Велика Британија

    21/10/20252 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Во составот на делегацијата што остварила средба со Брајан се и министерот за надворешни работи и надворешна тровија Тимчо Муцунски и министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

    Како што соопшти Министерството за транспорт, Николоски на средбата истакнал дека Македонија е на пат да реализира огромни инфраструкутрни проекти во делот на железничкиот и патниот транспорт и инфраструктура и здравството и тоа со огромна поддршка на Владата на Велика Британија преку Договорот за соработка.

    Тој посочил дека токму инвестициите и пренесување на нови искуства и знаења кои произлегуваат во Договорот за соработка, ќе ги доближат двете земји до воспоставување на стратешки партнерства и реализација на регионални инфраструктурни проекти и ги потврдил силните заложби и активности што ги презема Владата за економски развој на државата како и за регионалното поврзување и соработка.

    „Ваквата соработка е ново поглавје за стратешкото инвестициско партнерство меѓу Македоннија и Велика Британија, потенцираше вицепремиерот Николоски. Обединетото Кралство е силен подржувач на земјите од Западен Балкан меѓу кои и Македонија и како резултат на таквата соработка, инвестициите од Обединетото Кралство имаат силен импакт во растот на македонската економија, истканал потпретседателот Николоски“, стои во соопштението на Министерството.

    На средбата се разговарало за новите текови во економските односи меѓу двете земји со посебен фокус на проектите кои ќе се реализираат согласно Договорот за соработка како и подршката што ќе ја овозможи Велика Британија во реализација на истите.

    Министрите се дел од владината делегација која ја предводи премиерот Христијан Мицкоски, која присуствува на Самитот за Западен Балкан- Берлински процес,  кој се одржува во Лондон.

    Владината делегација денеска и во текот на утрешниот ден ќе оствари повеќе економски и политички средби со високи владини преставници на Обединетото Кралство.

    Поврзани вести

    Кумановец се заканувал дека ќе ги запали ќерката и внуката, обвинителството бара притвор

    21/11/2026

    Ќе одговара битолчанецот кој ја тепал и малтретирал својата 21-годишна партнерка

    21/11/2026

    Расте бројот на заболени од грип, за една недела зголемување од 37,5 отсто

    21/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Проверете ја етикетата на облеката пред перење: Овој симбол може да го уништи вашето омилено парче облека

    23/11/2026

    Успехот конечно пристигнува: Марс во Девица носи пресврт во кариерата за четири хороскопски знаци

    23/11/2026

    Кумановец се заканувал дека ќе ги запали ќерката и внуката, обвинителството бара притвор

    21/11/2026

    Ќе одговара битолчанецот кој ја тепал и малтретирал својата 21-годишна партнерка

    21/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Софија Стојанова – автор на најдобрата беседа на конкурсот во чест на Прличев

    Мицкоски не очекува да се врати Груевски, но ако се врател ќе одел затвор

    Средби на Гаши во Доха со државниот врв на Катар

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.