Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Институциите не се доволно транспарентни во одлуките за животната средина, заложбите од Партнерството за отворена власт бавно се исполнуваат

    27/09/2026

    Вајц: Македонија треба да биде модерна демократска земја, без разлика дали ќе стане членка на ЕУ

    26/09/2026

    Екологистите ѝ дадоа рок на Владата до крајот на месецот да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука

    26/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Мицкоски не очекува да се врати Груевски, но ако се врател ќе одел затвор
    Македонија

    Мицкоски не очекува да се врати Груевски, но ако се врател ќе одел затвор

    14/04/20266 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Премиерот Христијан Мицкоски нема очекувања во однос на враќањето на неговиот пребеган претходник на чело на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, за кого новата власт во Унгарија најави дека за него нема повеќе место таму.

    „Јас немам никави очекувања, но доколку се појави во Македонија, тој има правосилна пресуда и веднаш откако ќе се појави, нормално, органите на редот ќе го обезбедат и ќе го упатат на отслужување на затворска казна којашто е согласно правосилна одлука“, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање.

    Тој додаде дека за Владата сите закони важат, но додаде дека „секое лице има право да ги користи институциите, да ги користи своите права, да поднесува потоа жалби“.

    Без да го ословува по име Груевски, Мицкоски додаде дека веќе има правосилна пресуда „со којашто лицето за коешто вие зборувате сега е упатено на отслужување на затворска казна“.

    „А дали ќе се врати и кога ќе се врати, јас немам такви очекувања“, рече Мицкоски.

    Инаку, на само еден ден по огромната изборна победа во Унгарија, Петер Маѓар изјави дека Унгарија нема да биде засолниште за меѓународни криминалци, споменувајќи го Гуевски без воопшто да биде прашан за него и додавајќи дека тој е осуденик кој ќе биде депортиран.

    Сегашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМЕН, Христијан Мицкоски | Фото: ФБ страна на Христијан Мицкоски

    Премиерот Мицкоски, ваквата изјава ја коментираше кратко и со дистанца посочувајќи дека тоа е прашање за кое треба да одлучува унгарската Влада.

    „Конкретните политики поврзани со статусот на поранешниот премиер Никола Груевски се одлука на унгарската влада“, изјави Мицкоски, додавајќи дека нема простор за дополнителен коментар.

    Во однос на тоа дали е побарана екстрадиција, Мицкоски изјави дека барање за ектрадиција било поднесено уште во 2018 година, но истото било одбиено во 2019 од страна на тогашните власти во Унгарија поради процедура кога лицето има право на азил. Премиерот не објасни дали владата, односно Министерството за правда повторно ќе поднесе барање за екстрадиција за Никола Груевски. Тој им посочи на новинарите во однос на деталите за процедурата да се обратат до Министерството за правда.

    „Мислам дека за повеќе детали треба да се обратите до Министерството за правда. Јас не сум министер за правда, туку претседател на Влада“, им посочи тој на новинарите.

    Лидерот на најголемата опозициска партија, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче, денеска на прес-конференција рече дека власта веднаш треба да побара екстрадиција на Никола Груевски и додаде дека сега „на потег“ е министерот за правда од ЗНАМ, Игор Филков. Инаку, ЗНАМ како политичка опција која сега е во власта, произлезе токму од СДСМ, односно од нивните членови.

    „Бидејќи движењето ЗНАМ веќе честиташе на победата на новиот унгарски премиер, сега го поставуваме следното прашање, има ли барање за екстрадиција досега оваа влада на ВМРО и ЗНАМ поднесено за враќање на Никола Груевски. Доколку нема, зошто нема? И доколку нема, дали денеска, во текот на денот после изјавата на новиот унгарски премиер ќе поднесат барање за екстрадиција на Никола Груевски во земјата“, праша Филипче.

    Тој исто така јавно праша што ќе прави Никола Груевски, „осудениот бегалец и симбол на корупција и злоупотреба на власта, кога повеќе нема заштитник во Будимпешта“.

    „Години наназад уживаше гостопримство од Виктор Орбан кој го штитеше од правдата. Ќе бега ли на друго место, во Русија или во некоја друга земја или ќе се врати тука да ја отслужи казната?“, праша Филипче.

    Филипче воедно побара и истрага, како што рече „на сите бизнис комбинации меѓу Орбан и Мицкоски“. Доаѓа време за вистина, за правда и за одговорност, потенцираше претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција.

    „Владата на Христијан Мицкоски ги стави стратешките интереси на Македонија во рацете на Орбан. Не за државата, туку за свои лични бизнис интереси. Македонија веќе со години е во медиумски мрак поради медиумите контролирани од Орбан, со кои директно управува ВМРО. Резултатот политичка алатка на Мицкоски и ВМРО за лажни вести, измислени афери, деноноќни напади против СДСМ и мене лично. Орбановата компанија 4iG доби лиценца за мобилен оператор во Македонија. Со оваа лиценца влегува во 5G мрежата и добива можност да поврзат медиуми, платформи и инфраструктура во една единствена контрола. Преку тајни договори посредници Орбановиот круг имаше влијание и во енергетскиот сектор и во железницата. Во финансиите, една милијарда евра, под таканаречени пријателски услови, коишто ќе ги отплаќаат нашите внуци“, обвини Филипче.

    Претседател на СДСМ и лидер на опозицијата, Венко Филипче | Фото: СДСМ

    Според него, медиумите под контрола на власта веќе почнале да ја намалуваат важноста на победата на новата демократска влада во Унгарија.

    „Ботовите на социјалните мрежи работат со полна пареа, исмевајќи ја победата на Европа над авторитаризмот“, рече Филипче.

    Никола Груевски е осуден на повеќе од 12 години казна затвор за три случаи, Тенк, Плацови на водно и Насилство во центар. Но, казната за Тенк застаре минатата година и нема да треба да ја одлежи, а следната 2027 година се очекува да застари и казната затвор за Насилство во центар. Онаа за Плацови на водно застарува во 2043 година.

    Неодамна во фокусот на јавноста беа уште два случаи за кои е обвинет Груевски и се чека судска одлука, Талир 1 и Талир 2, а се однесуваат на криминално финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Имено, новиот државен обвинител, Ненад Савески, ја отстрани од овие два случаи обвинителката Ленче Ристоска, со што се отвара простор и за нивно застарување. Претходно застареа и Тракеторија (за финансирање на автопатот Кичево-Охрид со кинески пари), ТНТ за уривање на „Космос“ и Титаник за изборни нерегуларности, кои застаре откако претходната власт на СДСМ и ДУИ го измени Кривичниот законик.

    Груевски избега од државата на 12 ноември 2018 година, неколку дена пред да треба да се јави на издржување на казна затвор. Тогаш на обвинителството му требаа 6 дена да покрене истрага, а во соопштението за јавност беше наведено дека постојат сомневања оти службени лица му помогнале на Груевски во бегството. Неколку месеци подоцна, беше соопштено дека не утврдиле кривична одговорност на „службени лица, кои помогнале или учествувале во организирањето и реализацијата на бегството на сега осудениот Никола Груевски“.

    Наводно, заклучиле дека „имало определени пропусти“, но тие не биле во надлежност на Јавното обвинителство и не претставувале кривично дело.

    Поврзани вести

    Институциите не се доволно транспарентни во одлуките за животната средина, заложбите од Партнерството за отворена власт бавно се исполнуваат

    27/09/2026

    Вајц: Македонија треба да биде модерна демократска земја, без разлика дали ќе стане членка на ЕУ

    26/09/2026

    Екологистите ѝ дадоа рок на Владата до крајот на месецот да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука

    26/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Институциите не се доволно транспарентни во одлуките за животната средина, заложбите од Партнерството за отворена власт бавно се исполнуваат

    27/09/2026

    Вајц: Македонија треба да биде модерна демократска земја, без разлика дали ќе стане членка на ЕУ

    26/09/2026

    Екологистите ѝ дадоа рок на Владата до крајот на месецот да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука

    26/09/2026

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Беким Сали во работна посета на Украина

    Изградбата на автопатот Охрид-Кичево треба да заврши до крајот на годината, тврди Николоски

    Генералката на Скопје од 72 часа заврши, Ѓорѓиевски вели градот е чист

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.