Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото) Најновата трендовска фризура за есента: одговара на секој облик на лице и е едноставно совршена

    07/10/2026

    Парламентот на Косово ја избра Јустина Широка Пула за претседател

    07/10/2026

    Кривична пријава за фалсификување возачки дозволи против една вработена во МВР и пет други лица

    06/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Нова истрага за злоупотреби во РЕК Битола
    Македонија

    Нова истрага за злоупотреби во РЕК Битола

    09/10/20253 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Основното јавно обвинителство во Битола донело наредба за спроведување истражна постапка против осум физички и едно правно лице за продолжени кривични дела поврзани со јавни набавки во РЕК Битола. Како што информираат во Обвинителството, со предистражни дејствија кои по наредба на јавниот обвинител ги преземала Управата за финансиска полиција во изминатите неколку месеци, биле обезбедени докази кои даваат основано сомнение дека петмина осомничени – службени лица во РЕК Битола, односно тогашниот директор на комбинатот и четворица раководители и директори во ПЕ Рудници во РЕК Битола, во текот на 2023 година како соизвршители сториле продолжено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување.

    „Сите тие не ја извршиле својата службена положба и овластување со намера на друг да му прибават корист, а да го оштетат комбинатот, односно спротивно на основниот рударски проект и на потребите на рудникот „Живојно“ организирале и реализирале јавна набавка за дислокација на погонски станици од рудникот „Осломеј“ во ПЕ Рудници – РЕК Битола. Свесно ги повредиле основните начела за економичност, ефикасност и ефективност од Законот за јавни набавки, иако знаеле дека за транспортот на јаглен во рудникот Живојно до местото за дробење и до ПК Брод-Гнеотино, не е предвидена метода со континуирана технологија (роторни багери и транспортни ленти), туку метода на дисконтинуирана технологија (булдожери, багери и камиони). При дефинирањето на условите за јавната набавка тие ги повредиле начелата на сразмерност и конкурентност и овозможиле на една фирма, односно на осомниченото правно лице, да се јави како единствен понудувач и да склучи договор за јавната набавка, односно да се стекне со противправна имотна корист од големи размери“, наведено е во соопштението од Обвинителството.

    Тројца од раководителите и директори во ПЕ Рудници и уште едно службено лице во РЕК Битола се осомничени и за продолжено кривично дело – Измама во службата, бидејќи при реализацијата на договорот, иако знаеле и биле свесни дека правното лице воопшто не ги извршило договорните обврски, потпишувале записници и извештаи за извршена работа, со кои потврдиле дека во периодот од 26.02.2024 до 17.07.2024 година комплетно е извршена демонтажа, транспорт и монтажа на погонските станици од РЕК Осломеј во РЕК Битола.

    „Правното лице, сопственикот/управител и уште едно лице вработено во компанијата се осомничени дека иако биле свесни дека работите не се извршени, доставувале фактури врз основа на кои од РЕК Битола незаконито наплатиле 106.200.000 денари со вклучен ДДВ, со што сториле продолжено кривично дело – Злоупотреба на постапката за јавен повик и јавно-приватно партнерство според член 275в од Кривичниот законик. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола денеска ќе достави предлог за определување мерка притвор за 2 лица, односно за сопственикот на фирмата и за еден раководител од ПЕ Рудници при РЕК Битола. За две раководни службени лица од ПЕ Рудници и за вработениот во компанијата ќе бидат предложени мерки на претпазливост – одземање на патна исправа и повремено јавување во Судот“, се наведува во соопштението.

    Поранешниот директор на РЕК Битола веќе се наоѓа во притвор по друга постапка, а уште едно службено лице од РЕК Битола во друга постапка е веќе обезбедено со мерки на претпазливост кои ги почитува до овој момент.

    Поврзани вести

    Кривична пријава за фалсификување возачки дозволи против една вработена во МВР и пет други лица

    06/10/2026

    Стопанската Комора ќе побара ревидирање на бројот на неработни денови заради празници

    05/10/2026

    За 10 дена стартува грејната сезона, граѓаните да си ги поправат внатрешните грејни инсталации

    05/10/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото) Најновата трендовска фризура за есента: одговара на секој облик на лице и е едноставно совршена

    07/10/2026

    Парламентот на Косово ја избра Јустина Широка Пула за претседател

    07/10/2026

    Кривична пријава за фалсификување возачки дозволи против една вработена во МВР и пет други лица

    06/10/2026

    A$AP Rocky првпат настапува во Хрватска

    06/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Мециновиќ: Град Скопје има пари, ама многу се краде, а ѓубрето во Скопје е мафијашко сценарио на ВМРО-ДПМНЕ

    Влада: Попустот на горивата продолжува до 18 мај

    Oбјавен редоследот за финалистите на Евровизија, Финска и Австралија влегуваат како фаворити

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.