Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Мицкоски за иницијативата на Мерц: Љубопитни сме да дознаеме повеќе каква е идејата
    Македонија

    Мицкоски за иницијативата на Мерц: Љубопитни сме да дознаеме повеќе каква е идејата

    29/05/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Не би можел да коментирам ништо додека тие размислувања и идеи не станат официјални, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашање за предложениот модел на германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој повика на иновативни решенија за забрзување на процесот на проширување, ставајќи посебен фокус на Украина, но и на земјите од Западен Балкан и Молдавија.

    Посочи дека ќе учествува на престојниот Самит на ЕУ и Западен Балкан што треба да се одржи во Тиват, каде очекува да слушне повеќе детали за новите концепти и идеи.

    „Тие размислувања и идеи ние ги слушаме веќе подолго време, но не би можел да коментирам ништо додека не станат официјални. Канцеларот Мерц најави ваков развој на настаните уште на состанокот на Берлинскиот процес во Лондон есента минатата година“, рече премиерот на отварањето на новиот трговски центар во Гевгелија.

    Уште тогаш, како што вели, и самиот најавил дека ќе се случуваат нови предлози и нови можности во регионот.

    „Она што можам да го кажам во овој момент е дека сме љубопитни да дознаеме повеќе каква е идејата. Тоа претпоставувам дека ќе се случи на Самитот во Тиват од 4 до 5 јуни. Јас ќе бидам таму и со нетрпение очекувам да ги слушнам овие концепти и идеи. Откако ќе имаме повеќе суштина, тогаш ќе можеме да зборуваме и подетално во јавноста“, вели Мицкоски.

    Инаку, во писмото до лидерите на Европската Унија, германскиот канцелар предлага Украина да добие модел на „асоцијативно членство“ како преодна фаза кон полноправно членство. Тој модел би овозможил учество на украинските претставници во работата на институциите на ЕУ без право на глас, како и постепена примена на европското законодавство.

    Во однос на Западен Балкан и Молдавија, Мерц предлага забрзана и постепена интеграција преку привилегиран пристап до внатрешниот пазар на ЕУ и поблиско вклучување во европските институции.

    „Предлагам да разгледаме иновативни решенија и за земјите кандидатки кои долго се подготвуваат за членство и да го забрзаме нивниот процес. Заедно со колегите, ќе продолжам да работам на ова“,пишува Мерц во писмото.

    Според него, ваквиот пристап би можел да создаде нова динамика во процесот на проширување и да ги поттикне реформите во земјите кандидати, но и да ја зајакне геополитичката улога на Европската Унија.

    Премиерот најави дека ќе учествува на престојниот Самит на ЕУ и Западен Балкан што треба да се одржи на 4 и 5 јуни во Тиват, каде очекува да слушне повеќе детали за новите концепти и идеи.

    Посочи дека канцеларот Мерц најавил ваков развој на настаните уште на состанокот на Берлинскиот процес во Лондон есента минатата година

    Поврзани вести

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    Има истраги, но нема казни: ЕУ ја критикува Македонија за резултатите во борбата против корупцијата и Кривичниот законик

    10/11/2026

    Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат

    10/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026

    Почна Парискиот мировен форум со посебен фокус на правата на децата

    10/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Единаесет романи во конкуренција за наградата „Роман на годината“

    Останки на израелски заложници се заробени под урнатини, Хамас вели му треба помош за да ги најде

    Амбасадорките на Германија и на Холандија, Дрекслер и Џанел, разговараа со земјоделци од Струмица

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.