Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Во Собранието денеска се изменети 40 закони и донесена е Стратегијата за безбедност на сообраќајот 2026-2030

    03/09/2026

    Градот Скопје и осум општини добија 49 нови комунални возила

    03/09/2026

    Околу 20 милиони деца на возраст до 17 години биле изложени на барем една форма на сексуална злоупотреба со помош на технологија

    03/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Свет»Кон Исток или кон Запад? Чешка е поделена пред можниот камбек на „трампистот“ Бабиш
    Свет

    Кон Исток или кон Запад? Чешка е поделена пред можниот камбек на „трампистот“ Бабиш

    03/10/20252 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Со нетрадиционален стил и бизнис-менталитет, поранешниот чешки премиер Андреј Бабиш повторно е во центарот на вниманието. Самопрогласениот „трампист“ и еден од најбогатите луѓе во Чешка се надева на политички камбекк откако помина четири години во опозиција, пишува британски Гардијан.

    Бабиш, 71-годишен милијардер со комунистичко минато и сопственик на агробизнис-империја, е лидер на движењето АНO (Акција на незадоволни граѓани), кое според анкетите има поддршка од над 30 отсто. Тој ветува „нормално управување со државата“ и инсистира дека „луѓето знаат дека имавме резултати, ја водевме државата како компанија“.

    Сепак, неговиот можен втор мандат вознемирува многумина и дома и во странство. Настапува како прагматичен популист со блиски ставови до унгарскиот премиер Виктор Орбан и го нарекуваат „чешкиот Трамп“ иако со помалку идеологија и повеќе личен интерес.

    „Тој не е ниту про-руски ниту анти-ЕУ, тој е пред сè опортунист. Знае да вика дома, но на крај потпишува сè во Брисел“, вели Јиржи Пехе, поранешен советник на претседателот Вацлав Хавел.

    Во Прага, многумина се загрижени од евентуалниот камбек. „Не му веруваме. Едноставно сака моќ“, велат сопружниците Ридл од населбата Модржани. Но 100 километри северно, во рурална Богемија, други го гледаат како „човек што помага на обичните луѓе“, ќе ги качи пензиите, ќе ја намали цената на транспортот.

    „Не е арогантен, го исполнува ветеното и се опкружува со паметни луѓе“, вели 76-годишниот Јан.

    Иако АНO веројатно нема да освои апсолутно мнозинство во парламентот од 200 места, можно е да формира малцинска влада поддржана од екстремната десница и антиевропски партии како СПД или новата партија на моторџиите. Договорите за коалиција би можеле да траат со месеци.

    АНO има намера да го укине обврзниот надомест за јавниот радиодифузен сервис и да го стави под државна капа што според критичарите би ја загрозило уредничката независност. Се најавува и политизација на државната администрација и „повеќе транспарентност“ во финансирањето на граѓанскиот сектор.

    Слични политики се веќе присутни во Словачка и Унгарија, предупредува младинската демократска иницијатива Thanks That We Can. Но, според нив, Чешка има силни институции, во Сенатот останува доминантна умерената десница, а претседателот Петар Павел вети дека нема да назначи министри кои би ја воделе земјата надвор од ЕУ или НАТО.

    Иако против Бабиш се води постапка за наводна злоупотреба на средства од ЕУ во 2007 година, неговите поддржувачи не гледаат проблем. „Тоа е политички прогон“, тврди тој.

    Поврзани вести

    Цените на нафтата скокнаа за повеќе од три долари по израелските напади врз Либан и Иран

    08/06/2026

    Украина погоди руски товарни бродови во Азовското Море

    05/06/2026

    Треба да го спречиме развојот на вештачката интелигенција без луѓе, вели ко-основачот на Антропик

    05/06/2026
    АКТУЕЛНО

    Во Собранието денеска се изменети 40 закони и донесена е Стратегијата за безбедност на сообраќајот 2026-2030

    03/09/2026

    Градот Скопје и осум општини добија 49 нови комунални возила

    03/09/2026

    Околу 20 милиони деца на возраст до 17 години биле изложени на барем една форма на сексуална злоупотреба со помош на технологија

    03/09/2026

    Голема акција на МВР за сузбивање на финансиски криминал, претреси на повеќе локации

    03/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    „Водев љубов на џет-ски“: прекрасната русокоса шокираше со изјава

    Јаневска: Во понеделник конечна одлука за незаконските уписи на постдипломците

    Турските фудбалери останаа без сон: Во Приштина им се случи битолско сценарио (ВИДЕО)

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.