Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото) Пет безвременски трендови од улиците на Копенхаген: променете го својот стил на најдобар можен начин

    07/10/2026

    ЦУК: 33 пожари на отворен простор во изминатото деноноќие

    07/10/2026

    (Фото) Најновата трендовска фризура за есента: одговара на секој облик на лице и е едноставно совршена

    07/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»СПМ: Предложената резолуција на СДС неуспешен обид да се сокрие вината за прекинот на преговорите
    Македонија

    СПМ: Предложената резолуција на СДС неуспешен обид да се сокрие вината за прекинот на преговорите

    27/09/20252 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Како што велат од СПМ, партијата не ги прифаќа штетните договори, протоколи и записници.

    „Со барањето да се смени Уставот и да се прифати Преговарачката рамка СДС прави привид и нова стапица против Македонија. Преговарачката рамка е спротивна на интересите на Македонија и ги брани интересите на Бугарија која ја негира нацијата, јазикот, културата. Во рамката се внесени бугарските барања кои во текстот на резолуцијата никаде не се споменуваат. Во текстот на СДС не се нуди решение за евентуална примена на уставни измени со одложено дејство, туку се бара сега и веднаш да се продолжи со предавничката политика. Затоа оваа резолуција не може да биде обединувачки фактор за градење на меѓуапртиски консензус затоа што прифаќањето на предлозите на СДС значат соучесништво во предавството“, велат од СПМ.

    Од партијата посочуваат дека тие не споменуваат и не бараат никакви гаранции од ЕУ и државите членки дека нема да има нови непринципиелни барања кои ќе треба да ги исполни Македонија, а се надвор од критериумите од Копенхаген.

    „Со резолуцијата се отвара простор за нови и нови барања од Бугарија со оглед на нивните јавно декларирани ставови за негација на македонизмот и за продолжување на 150 годишната асимилаторска политика кон Македонија. Временската рамка која е приложена кон текстот е само обид за вршење на притисок врз институциите на системот, врз Собранието, Владата и граѓаните за да се добие впечаток дека токму СДС е тој фактор што бара брзи решенија за продолжување на ЕУ интеграциите. Сега истите тие што ги закочија процесот со предавнички протоколи и неприфатливи барања што ги потпишаа, прават обид да се покажат како конструктивни и креативни и водачи на процесот. Временската рамка што се предлага за уставните измени не ги почитува деловничките одредби на иституциите кои се споменуваат и излегува надвор од нивните компенетции и утврдени процедури“, велат од СПМ.

    Оттаму оценуваат дека овој обид на СДС на наметнување на политички решенија е несериозен и неуспешен начин на правење предизборна магла и привид кај граѓаните.

    „Социјалистичката партија на Македонија оценува дека предложениот текст од СДС наречен резолуција треба да се отфрли и да се бара извинување од предлагачот за предавничката политика која има долгорочни сериозни последици за државата и народот во Македонија“, велат од партијата.

    Поврзани вести

    ЦУК: 33 пожари на отворен простор во изминатото деноноќие

    07/10/2026

    Кривична пријава за фалсификување возачки дозволи против една вработена во МВР и пет други лица

    06/10/2026

    Стопанската Комора ќе побара ревидирање на бројот на неработни денови заради празници

    05/10/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото) Пет безвременски трендови од улиците на Копенхаген: променете го својот стил на најдобар можен начин

    07/10/2026

    ЦУК: 33 пожари на отворен простор во изминатото деноноќие

    07/10/2026

    (Фото) Најновата трендовска фризура за есента: одговара на секој облик на лице и е едноставно совршена

    07/10/2026

    Парламентот на Косово ја избра Јустина Широка Пула за претседател

    07/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Состанок за Реформската агенда вечерва во Владата

    За насилство во училиште во Сарај, побарана судска постапка спрема пет деца

    САД и Израел продолжуваат со нападите врз Иран, жителите на Техеран велат дека ја поминале најтешката ноќ

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.