Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Кравите од Крива Паланка се најдоа во Асошиејтед прес

    14/11/2026

    Ел Нињо може да донесе екстремни горештини, епидемии и загаден воздух во 2027 година, предупредува Светската метеоролошка организација

    14/11/2026

    (Видео) Купил стара камена куќа во Шпанија за 3.000 евра, а под подот открил монета стара речиси три века

    14/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Кравите од Крива Паланка се најдоа во Асошиејтед прес
    Македонија

    Кравите од Крива Паланка се најдоа во Асошиејтед прес

    14/11/20261 Min Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Новинската агенција Асошиејтед прес (АП) објави напис и видео за кравите кои слободно се движат низ Крива Паланка. Во статијата се посочува дека животните редовно влегуваат во дворови и на земјоделски површини, со што предизвикуваат штета и ја загрозуваат безбедноста на жителите.

    Асошиејтед прес пишува дека според жителите, кравите што слободно се движат претставуваат ризик за водоснабдувањето на градот и за возачите на патот што води кон Бугарија.

    „Многумина го обвинуваат бирократскиот лавиринт на земјата за тоа што не се спроведе наредбата на Агенцијата за храна и ветеринарство од 2024 година за одземање на стадото од тројцата сопственици“, пишува Асошиејтед прес.

    За новинската агенција градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, вели дека и покрај преземените правни постапки против еден од сопствениците на стадото, случајот пропаднал поради административни пропусти, по што сопственикот бил ослободен.

    Митовски за АП вели и дека бројот на животните што шетаат во последните четири години се зголемил од 400 на повеќе од 1.000.

    „Можеби навидум ова сето изгледа на мал и смешен проблем, но верувајте дека ова е сериозен проблем кој, како што кажав, од година во година расте“, вели Митовски.

    Поврзани вести

    Полицајците добиваат боди-камери со ВИ

    13/11/2026

    За 70 отсто зголемен бројот на пријави за семејно насилство, за десет месеци евидентирани 1.897 случаи

    13/11/2026

    Архивски фотографии сведочат за ослободувањето на Скопје пред 82 години

    13/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Кравите од Крива Паланка се најдоа во Асошиејтед прес

    14/11/2026

    Ел Нињо може да донесе екстремни горештини, епидемии и загаден воздух во 2027 година, предупредува Светската метеоролошка организација

    14/11/2026

    (Видео) Купил стара камена куќа во Шпанија за 3.000 евра, а под подот открил монета стара речиси три века

    14/11/2026

    WhatsApp воведува опција „Views Once“ за текстуални пораки, тие исчезнуваат откако примателот ќе ги прочита

    13/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Ѕвездите од серијата „Емили во Париз“ повеќе не се заедно: „Згодните момци не се мој тип“

    Дардишта: Во добра форма сме и целиме кон позитивен резултат

    САД и Јапонија потпишаа договор за ретките минерали во обид да ја намалат доминацијата на Кина

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.