Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Премиерот Мицкоски замина за Северна Рајна-Вестфалија

    01/11/2026

    Две години од трагедијата во Нови Сад: Комеморација за 16-те жртви, судските постапки пред разрешница

    01/11/2026

    Почина Мишо Ковач, легендарниот пејач кој продаде над 20 милиони плочи

    31/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Регион»Српското обвинителство за организиран криминал ги истражува трансферите на пари од Алта банка
    Регион

    Српското обвинителство за организиран криминал ги истражува трансферите на пари од Алта банка

    31/10/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Јавното обвинителство за организиран криминал на Србија побарало од полицијата да го провери работењето на Алта банка АД Белград и постапувањето на одговорни лица во Народната банка на Србија (НБС) во врска со евентуалните одливи на средства и трансфери кон странство. Како што пренесе Н1, Обвинителството денеска примило и кривична пријава од НБС против банката како правно лице и против повеќе нејзини одговорни лица.

    Според соопштението од обвинителството, првото барање до НБС било испратено на 27 октомври и се однесувало на сите извршени трансакции на Алта банка кон странство од 27 септември до денот на доставување на извештајот.

    НБС одговорила на 30 октомври доставувајќи податоци од кварталните извештаи со кои располагала, заклучно со 20 септември. За периодот што го побарало Обвинителството, централната банка навела дека извештај ќе може да достави по 4 ноември.

    Во меѓувреме, на 29 октомври, Обвинителството испратило уште едно барање до НБС, овојпат за податоци за конверзијата и одливите на средства од сметките на Алта банка кон странство.

    Еден ден подоцна, на 30 октомври, од Министерството за внатрешни работи и Службата за борба против организиран криминал биле побарани проверки и на банката и на одговорни лица во НБС. По приемот на кривичната пријава денеска, Обвинителството побарало итно постапување и проверка на целокупното работење на банката и на околностите што довеле до одземање на дозволата.

    Во соопштението што го пренесува Н1 не се наведени конкретни износи или земји кон кои биле насочени спорните трансфери.

    Новите информации следуваат откако НБС ноќеска објави дека ѝ ја одзела дозволата за работа на Алта банка АД Белград поради значително влошување на финансиската состојба и загрозување на интересите на депонентите.

    Случајот е директно поврзан со Македонија бидејќи српската банка во 2025 година ја презеде Стопанска банка Битола во која акционер беше бизнисменот Орце Камчев. Банката потоа беше преименувана во АЛТА банка АД Битола. Македонската банка денеска соопшти дека е ликвидна, продолжува со непречено работење и дека клиентите имаат пристап до средствата. Нагласи дека е самостојно правно лице со сопствен капитал, средства и обврски.

    Народната банка на Македонија, исто така, посочи дека одземањето на дозволата во Србија не значи автоматско одземање на дозволата на битолската банка и дека ги следи околностите што можат да влијаат врз нејзиното работење.

    Опозициската СДСМ побара истрага за наводни трансфери од Србија кон Македонија преку Алта банка, а претседателот на партијата Венко Филипче денеска побара оставка од гувернерот Трајко Славески и истрага од македонското обвинителство за неговата и можната одговорност на премиерот Христијан Мицкоски во целиот случај.

    Поврзани вести

    Две години од трагедијата во Нови Сад: Комеморација за 16-те жртви, судските постапки пред разрешница

    01/11/2026

    Студентската листа бара оставки во полицијата, БИА, ВБА, обвинителствата и повторно отворање на истрагите

    29/10/2026

    Студентите во блокада предупредуваат на можни исценирани инциденти вечерва во Белград, тврдат дека цел би била редакцијата на „Информер“

    28/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Премиерот Мицкоски замина за Северна Рајна-Вестфалија

    01/11/2026

    Две години од трагедијата во Нови Сад: Комеморација за 16-те жртви, судските постапки пред разрешница

    01/11/2026

    Почина Мишо Ковач, легендарниот пејач кој продаде над 20 милиони плочи

    31/10/2026

    Српското обвинителство за организиран криминал ги истражува трансферите на пари од Алта банка

    31/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Прва самостојна изложба на Стефан Златев на 25 март во Сули – ан

    Уште една потврда дека е вистински лидер: Кузмановски е трет стрелец и најдобар „пеналџија“

    Чаби Алонсо доаѓа во Премиер-лига

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.