Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    „Marvel“ се огласи по смртта на Патрик Стјуарт: „Тој беше вистински џентлмен“

    30/10/2026

    Ја пронајдоа љубовта кога тој имаше 68, а таа 30 години: Љубовната приказна на Патрик Стјуарт и неговата сопруга

    30/10/2026

    Мицкоски најавува 4.500 денари месечно за студентски оброк, но кога ќе ги добијат студентите останува нејасно

    29/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа за незаконски постапки поврзани со операции на очи
    Македонија

    Кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа за незаконски постапки поврзани со операции на очи

    29/10/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Полициски службеници при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР во координација со ОЈО за ГОКК, спровеле полициска акција, во рамки на истрага за сомнежи за незаконски постапки поврзани со операции на очи, при што сузбиена е криминална група, дел од нив поранешни и сегашни функционери на Фонд за здравствено осигурување во РСМ, соопшти МВР.

    Во рамки на акцијата лишени од слобода биле осум лица, а при извршените претреси пронајдени и одземени се парични средства околу 50,000 евра и мобилни телефони.

    „Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против 11 физички лица, од кои еден албански државјанин и едно правно лице, и тоа: Д.Д.(60) од Скопје, О.Р.(66) од Тетово и С.Б.(59) од Скопје за „злоупотреба на службената положба и овластување“ (чл.353 ст.5) в.в (чл.45) од Кривичниот законик, Р.А.(45) од Куманово за „несовесно работење во службата“ (чл.353-в ст.3) в.в (чл.45) од Кривичниот законик, З.А.(35) од Скопје за „фалсификување или уништување деловни книги“ (чл.280) од Кривичниот законик, В.Ќ. (47) од Скопје, С.А.(40) од Скопје и Г.А.(33) од Р. Албанија за „злоупотреба на службената положба и овластување“ (чл.353 ст.3) в.в (чл.45) и „измама во службата“ (чл.355) од Кривичниот законик, Ц.С.(47) од Скопје, Ж.С.(58) од Скопје и И.П.(49) од Скопје за „несовесно работење во службата“(чл.353-в ст.2) в.в (чл.45) од Кривичниот законик и против приватната здравствена установа од Скопје за „перење пари и други приноси од казниво дело“ (чл.273 ст.12) в.в (чл.22 и чл.45) од Кривичниот законик“, велат од МВР.

    Според наводите во пријавата, двајца тогашни директори на ФЗО во 2020 година, заедно со претставник на приватната здравствена установа, склучиле договор спротивно на пропишаните постапки и интерни акти на Фондот. Претседателот на Управниот одбор се сомничи за неправилности при неговото одобрување.

    Врз основа на договорот, преку внесување невистинити податоци во електронскиот систем на ФЗО и изготвување фактури со невистинита содржина, здравствената установа наводно наплаќала исти услуги и од Фондот и од пациентите. На пациентите, покрај законската партиципација, им била наплаќана и приватна цена за операциите, при што им било прикриено дека услугите се наплаќаат и од ФЗО.

    Пријавениот директор на Секторот за контрола се сомничи дека не ги доставувал извештаите за утврдените неправилности до надлежната комисија и го одлагал спроведувањето редовни контроли, со што се избегнувало изрекување дополнителни договорни казни и можно раскинување на договорот. Две раководителки на Подрачната служба Скопје се сомничат дека не ја следеле наплатата на веќе изречените казни и не ги известувале надлежните служби, поради што исплатите кон установата продолжувале без пребивање на долговите.

    Постојат и сомнежи дека средствата исплатени од ФЗО, за кои овластените лица во установата знаеле дека потекнуваат од кривично дело, биле внесувани во платниот промет, евидентирани на различни сметководствени конта и користени за плати, набавки и други исплати.

    Според пријавата, штетата на буџетот на ФЗО изнесува 104.818.754 денари, односно околу 1,7 милиони евра, за исплати по фиктивни фактури, и дополнителни 525.000 денари за ненаплатени договорни казни. Постојат сомнежи дека во периодот од 2022 до 2025 година здравствената установа се стекнала со противправна имотна корист од 261.271.961 денар, односно околу 4,25 милиони евра. Со опишаната двојна наплата, според пријавата, биле оштетени меѓу 3.000 и 4.000 пациенти.

    Поврзани вести

    Мицкоски најавува 4.500 денари месечно за студентски оброк, но кога ќе ги добијат студентите останува нејасно

    29/10/2026

    Повторно уапсена жената која незаконски наплатуваше билети на локалитетот „Камени кукли“ во Кратово

    28/10/2026

    Уапсени четворица поврзани со убиства во Ѓорче, ОЈО бара притвор

    28/10/2026
    АКТУЕЛНО

    „Marvel“ се огласи по смртта на Патрик Стјуарт: „Тој беше вистински џентлмен“

    30/10/2026

    Ја пронајдоа љубовта кога тој имаше 68, а таа 30 години: Љубовната приказна на Патрик Стјуарт и неговата сопруга

    30/10/2026

    Мицкоски најавува 4.500 денари месечно за студентски оброк, но кога ќе ги добијат студентите останува нејасно

    29/10/2026

    Кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа за незаконски постапки поврзани со операции на очи

    29/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    A Look at How Social Media & Mobile Gaming Can Increase Sales

    Нема веќе марионети кои би го смениле Уставот без јасен крај, дециден е премиерот

    Цената на нафтата падна по најавите за обезбедувањето на бродовите низ Ормускиот теснец, но останува над 100 долари

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.