Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалуваат за 5 денари за литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад. Од ноќеска на полноќ, литар Еуросупер БС-95 ќе чини 91 денари, а литар Еуросупер БС-98, 93 денари.
Според одлуката на РКЕ, литар дизел и оваа недела останува 99 денари. Се намалува и малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство, за половина денар за литар и ќе се продава за 110 денари. Цената на
мазутот, пак, се зголемува за 0,694 денари за килограм и од утре ќе чини 54,273 денари.
Од Комисијата информираат дека согласно Одлуката за изменување на одлуката за определување на видот на енергентите, временскиот период како и начинот на пресметка на акцизата, во оваа Одлука е применет намален износ на акцизата од 4 денари за литар кај бензините и кај дизелот. Исто така во оваа одлука е применет намален износот на ДДВ за дизелот во износ од 10 проценти.

