Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Екологистите ѝ дадоа рок на Владата до крајот на месецот да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука

    26/09/2026

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026

    Мицкоски од ОН: Mала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили

    26/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Mицкоски се извини за случувањата во Собранието
    Политика

    Mицкоски се извини за случувањата во Собранието

    14/07/20264 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    До оваа ситуација дојде откако синоќа за време на расправата во Собранието настана вжештување на атмосферата по што пратениците на СДСМ ја напуштија салата откако побараа и не добија извинување од премиерот Христијан Мицкоски и кандидатот за министер Иван Стоилковиќ, како и реакција од претседателот на Собранието Африм Гаши, поради, како што кажаа, навреди и непримерно однесување кон пратеници на СДСМ.

    Опозицијата ја напушти седницата на Собранието за избор на новите министри. Доцна синоќа координаторите на пратеничките групи на СДСМ Оливер Спасовски, на ДУИ Рина Ајдари, како и на тројцата пратеници од Алијанса на Албанците најавија дека нема да учествуваат во работата на Собранието сѐ додека не чујат лично извинување од премиерот Христијан Мицкоски и кандидатот за министер Иван Стоиљковиќ.

    Претходно беше одржан вонреден состанок на координаторите на пратеничките групи, на кој координаторот на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во име на мнозинството побара почитување на Етичкиот кодекс на пратениците и побара од секого примерно и одговорно однесување. На тоа жестоко реагираа Ајдари и Спасовски кои побараа извинувањето да биде лично од Стоилковиќ или да биде извинувањето од негово име. Откако не го добија, побараа прекин на седницата и продолжување утре за да се смири атмосферата во пленарната сала.

    СДСМ свика и вонредна прес-конференцијата, бидејќи случувањата во Собранието, според нив, биле надвор од сите демократски критериуми, особено затоа што во нив биле вклучени претседателот на Владата и кандидат за министер.

    СДСМ тврди дека навреди биле упатени кон заменик-координаторот на пратеничката група Фатмир Битиќи и пратеникот Митко Трајчулески, кои говореле за состојбите во државата и за изборот на Владата. Според нив, не станува збор за изолиран случај, туку за говор на омраза што може да создаде услови за насилство. По прекинувањето на седницата следувал и директен напад од кандидатот за министер Иван Стоилковиќ, кој им се нафрлил на двајцата пратеници со навреди и пцости. СДСМ смета дека ваквото однесување не му доликува на кандидат за министер што треба да биде избран токму од Собранието.

    „Тоа претставува говор на омраза што може да роди насилство. И тоа што следеше по прекинување на седницата беше вистински напад, не само вербален од страна на кандидатот за министер Иван Стоилковиќ, кој се нафрли врз двајцата пратеници, не само физички, вербално, туку и со пцости. Мислам дека тоа не доликува на кандидат за министер, кој треба ова Собрание да го избере“, рече Спасовски на прес-конференцијата во Собранието.

    Пратеникот Митко Трајчулевски од СДСМ во својот говор рече дека кадровските решенија предложени од Владата испраќаат загрижувачки политички пораки, особено во делот на евроатлантската ориентација на државата, што ја зовре атмосферата.

    „Очекувано е назначувањето на Стоилковиќ за министер за локална самоуправа, со што ‘српскиот’ свет во Македонија добива позиција губернатор на 80 македонски општини“, рече Трајчулески. Тој беше и против предлогот Борче Серафимовски да биде министер за земјоделство.

    „Генералниот директор на Меѓународниот славјански универзитет Борче Серафимовски беше дел од јубилејното десетто собрание на фондацијата ‘Руски мир’, која е основана со указ од претседателот на Руската Федерација Владимир Путин во 2007 година. Свое обраќање имаше и патријархот московски и на цела Русија Кирил. Ние сме горда членка на НАТО“, рече иронично Трајчулески.

    Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли критиките на опозицијата поврзани со наводите за таканаречен „српски свет“, обвинувајќи го СДСМ за двојни стандарди во односите со лидерот на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоилковиќ. Во обраќањето, Мицкоски рече дека СДСМ во периодот додека бил на власт имал поинаков однос кон Стоилковиќ и потсети на неговата поддршка во процесот за промена на името.

    „Не ви сметаше да трчате на бања да го убедувате и да нудите сѐ и сешто за да гласа за промена на името. Тогаш не ви сметаше Иван Стоилковиќ? Не ви сметаше кога трчавте по Скопје и по Куманово да го молите, да коленичите пред Иван Стоилковиќ да гласа за промена на името? И знам дека ве одби човекот затоа што има карактер, има достоинство. И сега се обидувате, би рекол, во политички деминутив да му се обраќате на него и на Владата што ја предводам. Е, оваа Влада има поинаков став за сите тие прашања затоа што има карактер и затоа што е навистина горда и достоинствена“, рече Мицкоски од собраниската говорница.

    По напуштањето на опозициските пратеници, седницата продолжи, а во салата од оние што не се дел од парламентарното мнозинство остана само пратениците на Левица.

    Поврзани вести

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026

    Мицкоски од ОН: Mала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили

    26/09/2026

    Муцунски-Пирс во Њујорк: Во фокусот регионалната безбедност, реформите и европската перспектива

    24/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Екологистите ѝ дадоа рок на Владата до крајот на месецот да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука

    26/09/2026

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026

    Мицкоски од ОН: Mала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили

    26/09/2026

    Целерот е поздрав отколку што мислите: Еве зошто треба да го вклучите во вашата секојдневна исхрана

    25/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Сиљановска-Давкова: Да го чуваме македонскиот јазик

    Странци ловат и пијат крв од животни во Маврово, екологистите бараат националниот парк итно да се заштити

    Концерт на џез групата Next to Silence во Сули ан

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.