Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Го пронајде човекот на својот живот – а сега провоцира: Новите фотографии на Ким Кардашијан не се за секого

    16/11/2026

    Заводливите облини на Џеј Ло никогаш не излегуваат од мода: Таа објави провокативна фотографија по тренинг

    16/11/2026

    Претепана девојка фрлена на улица во Охрид, за еден викенд 15 пријави за семејно насилство

    16/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»За 10 дена стартува грејната сезона, граѓаните да си ги поправат внатрешните грејни инсталации
    Македонија

    За 10 дена стартува грејната сезона, граѓаните да си ги поправат внатрешните грејни инсталации

    05/10/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Од 15 октомври официјално започнува грејната сезона 2026/2027 година за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје, со кој управува АД ЕСМ, соопштуваат оттаму.

    Согласно регулативата, грејната сезона може да започне и пред 15 октомври, односно во периодот од 1 до 15 октомври, доколку прогнозата за средната надворешна температура за наредниот ден изнесува 12°C или пониско, врз основа на податоците од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

    „До 15 октомври, на веб-страницата на ЕСМ Снабдување секојдневно ќе се објавуваат информации дали се исполнети условите за испорака на топлинска енергија, во согласност со одлуките на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и прогнозите за средната дневна температура од УХМР.  Со цел грејната сезона да започне и да се одвива непречено, ги потсетуваме и ги повикуваме сите корисници навремено да ги завршат потребните поправки на своите внатрешни грејни инсталации, бидејќи редовното одржување е нивна обврска. Завршените интервенции треба веднаш да се пријават во Центарот за грижа на потрошувачи, со што ќе се овозможи непречено снабдување со топлина“, наведено е во соопштението оф АД ЕСМ.

    Оттаму додаваат дека за функционирање на системот, потребно е да се обезбеди пристап на службените лица до топлинските потстаници, како и редовно електрично напојување на топлинските потстаници.

    „Апелираме до заедницитe на сопственици навремено да ги подмират сметките за електрична енергија за топлинските потстаници и да проверат дали електричните инсталации се функционални. Навременото одржување на внатрешните инсталации, обезбедувањето непречен пристап до топлинските потстаници и редовното електрично напојување се од заеднички интерес и придонесуваат за сигурна и непречена испорака на топлинска енергија“, пишува во соопштението.

    Поврзани вести

    Претепана девојка фрлена на улица во Охрид, за еден викенд 15 пријави за семејно насилство

    16/11/2026

    Првата аукција за продажба на Алта банка ќе се одржи на 30 ноември

    16/11/2026

    Кравите од Крива Паланка се најдоа во Асошиејтед прес

    14/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Го пронајде човекот на својот живот – а сега провоцира: Новите фотографии на Ким Кардашијан не се за секого

    16/11/2026

    Заводливите облини на Џеј Ло никогаш не излегуваат од мода: Таа објави провокативна фотографија по тренинг

    16/11/2026

    Претепана девојка фрлена на улица во Охрид, за еден викенд 15 пријави за семејно насилство

    16/11/2026

    Првата аукција за продажба на Алта банка ќе се одржи на 30 ноември

    16/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Пратениците денеска треба да гласаат за новиот Закон за Судскиот совет

    Полицијата го уапси возачот кој удри дете и побегна

    Почна дистрибуцијата на гласачките ливчиња од печатницата во Битола

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.