Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Меси се почести луксузна јахта – погледнете како изгледа

    16/10/2026

    Млад жител на тетовско осомничен за сајбер измами, продажба на украдени податоци и детска порнографија

    15/10/2026

    (Видео) Фармерките што се хит на социјалните мрежи: тие решаваат проблем што ги мачи многу жени

    15/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Амбасадорките на Германија и на Холандија, Дрекслер и Џанел, разговараа со земјоделци од Струмица
    Македонија

    Амбасадорките на Германија и на Холандија, Дрекслер и Џанел, разговараа со земјоделци од Струмица

    18/09/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Амбасадорките на Сојузна Република Германија и на Кралството Холандија, Петра Дрекслер и Узлем Џанел се сретнаа со земјоделци, академски и претставници од невладиниот сектор од струмичкиот регион. Во рамките на средбите „Кафе со амбасадори“, посветени на темата „Земјоделство и рурален развој“, амбасадорките Дрекслер и Џанел во Јуроп хаус Струмица разговараа за значењето на земјоделството во современите европски економии, искуствата на Германија и Холандија, како и можностите што европската интеграција ги носи за земјоделците и руралните средини во Северна Македонија.

    Струмица, како еден од најзначајните земјоделски региони во земјата, е природно место за разговор за сектор кој не претставува само економска дејност, туку е и важен дел од локалниот идентитет, традицијата и секојдневниот живот. Во рамки на дискусијата, посебно внимание беше посветено на Заедничката земјоделска политика на Европската Унија (CAP) и на нејзиното практично значење за земјоделците. Се разговараше за тоа како европските земјоделски политики влијаат врз производството, поддршката за земјоделците, стандардите за животна средина и развојот на руралните заедници, како и за тоа што вклучувањето во овој систем би значело за малите и средните земјоделски производители во Северна Македонија.

    Амбасадорките ги споделија искуствата на Германија и Холандија во справувањето со еден од најголемите предизвици на современото земјоделство, како да се одржи висока продуктивност, а истовремено да се заштитат почвата, водата, биодиверзитетот и животната средина. Разговорот ги опфати и предизвиците поврзани со одржливото земјоделство, климатските промени и потребата за приспособување кон новите услови, без притоа да се намали конкурентноста. Иновациите и иднината на земјоделството, исто така, зазедоа важно место во разговорот. Беа разгледани искуствата со прецизното земјоделство, стакленичките технологии, дигитализацијата, истражувањето и земјоделските задруги, како модели кои можат да придонесат кон поголема ефикасност и поодржливо производство.

    Посебно внимание беше посветено и на потенцијалот на Струмичкиот регион, кој располага со плодна почва, силна традиција во градинарското производство и добра позиционираност кон регионалните пазари. Во разговорот беше истакната важноста овие предности да се надградат со повеќе знаење, технологии, соработка и пристап до европски можности за развој.

    Преку искуствата на Германија и Холандија, учесниците имаа можност да слушнат како европските политики се применуваат во пракса, и какви можности, промени и одговорности отвораат за земјоделците и руралните заедници. Настанот заврши со разговор за иднината на земјоделството во земјата, преку примена на иновации, одржливи практики, подобра организација и користење на европските инструменти за поддршка.

    Поврзани вести

    Млад жител на тетовско осомничен за сајбер измами, продажба на украдени податоци и детска порнографија

    15/10/2026

    ЗНМ со остри реакии на повторувачките онлајн закани кон новинарот Александар Видиновски

    14/10/2026

    Жешките точки остануваат во законот за животна средина, пратениците не ги прифатија амандманите од екологистите

    14/10/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Меси се почести луксузна јахта – погледнете како изгледа

    16/10/2026

    Млад жител на тетовско осомничен за сајбер измами, продажба на украдени податоци и детска порнографија

    15/10/2026

    (Видео) Фармерките што се хит на социјалните мрежи: тие решаваат проблем што ги мачи многу жени

    15/10/2026

    Демонстрантите во Тирана нападнаа згради на Владата, банки и продавници

    15/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    HUGEL со голем спектакл во Скопје на 13 март 2026

    МВР во јули одзело 332 возила или во просек, по 11 возила секој ден

    Мицкоски: Пораките на Рубио се јасен сигнал дека светот веќе не функционира по старите правила

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.