Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Пократките денови носат проблем што многумина го игнорираат: oвој витамин е клучен за здравјето

    22/10/2026

    Нина Талеска светски вицешампион: историски успех за македонскиот танц

    22/10/2026

    ИЈЗ: Во септември 8 мажи заболеле од ХИВ, само годинава евидентирани 49 нови случаи

    22/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Сали: Комуникацијата со Софија треба да се води со присуство на официјални лица од Европската комисија или од Европскиот совет
    Македонија

    Сали: Комуникацијата со Софија треба да се води со присуство на официјални лица од Европската комисија или од Европскиот совет

    24/09/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Тој документ сè уште е нон пејпер, но е предложен и поддржан од Франција и Германија. Секако дека во овој период беше тема на дискусија и меѓу други членки на ЕУ, пред да се објави како официјален документ. Го сметаме како добронамерен и со цел за поддршка на сите земји аспиранти за членство во ЕУ. Очекувам тој документ да биде усвоен, доколку не се смени стратегија за негово официјализирање, и дека ќе игра добра улога во забрзување на процесот на евроинтегрирањето. Сите земји членки и аспиранти, во комуникациите што сме ги имале досега, гледаат позитивно на тој документ“, изјави Сали.

    Вицепремиерот ја поддржува и иницијативата на премиерот Мицкоски за вклучување на трета страна во разговорите со Бугарија.

    „Комуникацијата со Софија во овој период недостасува, но во еден период секако таа треба да се води со присуство на лидер на земја членка или на официјални лица од Европската комисија или од Европскиот совет. Сметаме дека овие комуникации треба да бидат веродостојни и секако потврдени од трета страна, имајќи ја предвид чувствителноста и значајноста на овие комуникации и контакти. Би требало да се добредојдени доколку се поддржани со присуство на трета страна“, вели Сали.

    Вицепремиерот посочи дека на средбите во Њујорк, македонската страна имала средби со повеќе лидери на држави во светот, на кои ги пренесува приоритетите на државата и посветеноста на членството во НАТО, зајакнувањето на контактите и соработката со САД, целосното европското интегрирање.

    „Како држава потврдуваме уште еднаш сите чекори кои што ги преземаме за полноправно членство, напредокот во реформската агенда во склоп на планот за раст и патоказите кои што ги усвоивме за владеење на правото, за праведно управување со јавната администрација, и секако акциониот план за малцинства“, изјави Сали во рзговор за МИА во Њујорк.

     

    Поврзани вести

    ИЈЗ: Во септември 8 мажи заболеле од ХИВ, само годинава евидентирани 49 нови случаи

    22/10/2026

    Веб-страниците на Владата и министерствата биле навремено заштитени, велат од Министерството за дигитална трансформација

    22/10/2026

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Пократките денови носат проблем што многумина го игнорираат: oвој витамин е клучен за здравјето

    22/10/2026

    Нина Талеска светски вицешампион: историски успех за македонскиот танц

    22/10/2026

    ИЈЗ: Во септември 8 мажи заболеле од ХИВ, само годинава евидентирани 49 нови случаи

    22/10/2026

    Веб-страниците на Владата и министерствата биле навремено заштитени, велат од Министерството за дигитална трансформација

    22/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Лидерите на ЕУ бараат нова средба за Украина, за Трамп тоа е губење време

    Петрова-Чамова ќе биде новата министерка за надворешни работи на Бугарија од партијата на Слави Трифонов

    (Фото) „Вампирската“ фризура е неочекуван хит за 2026 година

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.