Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Први снимки од бремената Хилари Свонк: Го очекува своето трето дете на 53 години и зрачи од среќа

    16/10/2026

    (Видео) Меси се почести луксузна јахта – погледнете како изгледа

    16/10/2026

    Млад жител на тетовско осомничен за сајбер измами, продажба на украдени податоци и детска порнографија

    15/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Регион»Започна првата заедничка воена вежба на Србија и НАТО во близна на Бујановац
    Регион

    Започна првата заедничка воена вежба на Србија и НАТО во близна на Бујановац

    13/05/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Првата заедничка воена вежба меѓу Србија и НАТО започна во базата „Југ“ и на полигонот „Боровац“ во близина на Бујановац, во која до 23 мај се ангажирани околу 600 припадници на српските вооружени сили и вооружените сили на Италија, Романија и Турција, пренесува Српискиот Н1.

    Тактичката вежба наречена „НАТО – Србија“ е организирана од Командата на копнените сили и Командата на здружените сили на НАТО од Неапол, соопшти Министерството за одбрана на Србија.

    „За време на двонеделните активности на терен, ќе се вежбаат тактики, техники и процедури што се применуваат во операциите за поддршка на мирот, како што се обезбедување на базата, работа на контролниот пункт, контрола на масовни собири и борби во урбана средина“, стои во соопштението.

    Водач на воената вежба е заменик-командантот на Третата бригада на копнената армија, полковник Бранислав Стевановиќ, а присуствуваат воени планери и набљудувачи од Велика Британија, Италија, Германија, Романија, Соединетите Американски Држави, Турција, Франција и Црна Гора.

    „Вежбата се спроведува врз основа на заклучокот на Владата на Србија и претставува продолжување на меѓусебно корисна, конкретна и транспарентна соработка меѓу Србија и НАТО во рамките на програмата Партнерство за мир, на рамноправна основа и со почитување на нашата воена неутралност. Оваа соработка е во функција на зачувување на мирот и стабилноста во регионот, подобрување на оперативните способности на вооружените сили и зајакнување на довербата и меѓусебното разбирање“, соопшти Министерството за одбрана на Србија.

    Се додава дека учеството во меѓународни вежби „ја подобрува способноста на командите и единиците на српските вооружени сили да извршуваат широк спектар на задачи, вклучително и ангажирање во мировни операции, а во исто време ја потврдува решеноста на Србија да соработува со сите партнери и да го зачувува мирот и стабилноста“.

    Поврзани вести

    Демонстрантите во Тирана нападнаа згради на Владата, банки и продавници

    15/10/2026

    Европската федерација на новинари преземањето на порталот Нова.рс го оцени како нова репресија против медиумите во Србија

    14/10/2026

    Бројот на важечки лични карти во Србија за 4 месеци се зголемил за 236.000

    14/10/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Први снимки од бремената Хилари Свонк: Го очекува своето трето дете на 53 години и зрачи од среќа

    16/10/2026

    (Видео) Меси се почести луксузна јахта – погледнете како изгледа

    16/10/2026

    Млад жител на тетовско осомничен за сајбер измами, продажба на украдени податоци и детска порнографија

    15/10/2026

    Над 160 здравствени работници минаа обуки за препознавање и спречување корупција

    15/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот на ослободувањето

    „Безбеден град“ стартува со зголемена толеранција, прагот постепено ќе се намалува

    (Видео) Меланија Трамп блесна на премиерата на нејзиниот документарец

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.