Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»АНАЛИЗА: Гостивар и Тетово со долг повисок од 11 милиони евра, три скопски ЈП должат скоро 36 милиони евра
    Македонија

    АНАЛИЗА: Гостивар и Тетово со долг повисок од 11 милиони евра, три скопски ЈП должат скоро 36 милиони евра

    26/05/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Само три ЈП формирани од Град Скопје – ЈСП, „Водовод и канализација“ и „Комунална хигиена“, оваа година ја почнаа со вкупен доспеан, а неплатен долг во износ од скоро 36.000.000 евра, пишува Порталб. На новата листа на Министерството за финансии на која се рангирани 900 должници, општините и ЈП формирани од општините и натаму котираат високо, со обврски што се бројат во милиони евра

    Доспеани, а неплатени обврски на Тетово, Гостивар, Сарај, Чаир, Желино

    На ниво на државата, највисок износ  на доспеан долг од скоро 14.300.000 евра има Општина Гостивар, рангирана на 9-то место на новата должничка листата на Министерството за финансии. Општина Гостивар во однос на крајот од декември 2025 г. има намалување на долгот, но на годишно ниво, во споредба со првиот квартал од лани, обврските се зголемени. Втора локална самоуправа е Општина Тетово со долг во износ од близу 12.000.000 евра и се наоѓа на 10-то место, при што на квартално ниво има намалување, но на годишно има пораст на обврските. 

    Инфографик: Фисник Џелили/ Порталб.мк
    Инфографик: Фисник Џелили/ Порталб.мк

    Општина Желино, според податоците од Министерството, на крајот на март имала доспеан долг во износ нешто повеќе од 3.666.000 евра, износ кој е понизок во однос на декември 2025 година, но повисок на годишно ниво. Од скопските локални самоуправи, Општина Сарај пријавиле долг од 2.746.252 евра, додека Општина Чаир, пак, првиот квартал од годинава го завршила со долг во износ од скоро 2.200.000 евра.

    Општинските ЈП должат над 107.000.000 евра

    Милионски долгови повторно пријавиле и јавните претпријатија формирани од локалната власт –  вкупните доспеани, а неплатени обврски на крајот на март изнесувале 107.650.000 евра, за околу 370.000 евра помалку во однос на декември лани.

    На ниво на државата, од сите општински ЈП (со исклучок на ЈП формирани од Град Скопје и од Владата) , со највисок должнички износ од скоро 9.700.000 евра е ЈП Водовод Куманово, следуваат ЈП Комуналец Струмица со должнички износ од близу 6.200.000 евра. а ЈКП Тетово Ц.О. – Тетово  пријавиле обврски во износ од речиси 5.900.000 евра.

    Инфографик: Фисник Џелили/ Порталб.мк
    Инфографик: Фисник Џелили/ Порталб.мк

    Од останатите општински ЈП, со милионски долгови се и ЈП Водовод Охрид со должнички износ од над 5.300.000 евра, ЈП Чистота и зеленило – Куманово со нешто повеќе од 4.360.000 евра и ЈП Водовод и канализација Струга со доспеани, а неплатени обврски во износ од 4.316.477 евра.

    Милионски долгови и на скопските ЈП

    Во првиот квартал милионски долгови пријавиле и ЈП формирани од Град Скопје и дел од нив котираат високо на должничката листа – рангирани меѓу  најзадолжените во друштвото од 900 институции, сектори, министерства, општини. Јавното сообраќајно претпријатие на крајот на март имало  долг нешто повисок од 15.000.000 евра, ЈП Водовод и канализација Скопје пријавило обврски во износ од над 14.000.000 евра. а ЈП Комунална хигиена скоро 6.500.000 евра.  

    Инфографик: Фисник Џелили/ Порталб.мк

    Во однос на состојбата на крајот од 2025 година, две од овие ЈП го зголемиле долгот, ЈСП за повеќе од 5.000.000 евра, а ЈП Комунална хигиена за околу 700.000 евра, додека  само едно, ЈП Водовод и канализација генерирале намалување на обврските за околу 4.000.000 евра.  „Порталб“ повикувајќи се на информации од Регистарот за вработени во јавен сектор, веќе објави дека скопските ЈП се и најголеми работодавачи, со по околу  илјада вработени. Конкретно, ЈП Водовод и канализација – Скопје има 1.050 вработени, ЈСП Скопје 1.022 вработени, а  ЈП Комунална хигиена имале 978 вработени во анализираната 2024 година.

    Поврзани вести

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    Има истраги, но нема казни: ЕУ ја критикува Македонија за резултатите во борбата против корупцијата и Кривичниот законик

    10/11/2026

    Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат

    10/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026

    Почна Парискиот мировен форум со посебен фокус на правата на децата

    10/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Мисајловски: Стабилна е безбедносната состојба во Македонија, но ценовниот шок со нафтата…

    Промоција на збирката раскази „Наназад“ од Стефан Алијевиќ

    Ако тој дојде за тренер на Реал, тогаш Мбапе ќе мора да си оди!

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.