Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Се поправаат дефектите на дистрибутивната мрежа, дел од потрошувачите добија парно

    14/10/2026

    (Видео) Гледаше насекаде освен во водителката поради нејзиното длабоко деколте: тренерот стана вирален хит

    14/10/2026

    (Фото) Дикаприо се „запушти“ покрај убавица помлада од него 23 години: на интернет кружат нови фотографии

    14/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Дизелот од полноќ поскапува за 5,5 денари, бензините поевтинуваат за 1,5 денар
    Македонија

    Дизелот од полноќ поскапува за 5,5 денари, бензините поевтинуваат за 1,5 денар

    21/09/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Од полноќ стапуваат на сила новите максимални малопродажни цени на нафтените деривати, согласно одлуката на РКЕ.

    Според одлуката, од 22 септември во 00:01 часот бензините „Еуросупер БС-95“ и „Еуросупер БС-98“ ќе се продаваат по максимална цена од 99, односно 101 денар за литар. Во однос на претходната одлука, нивните цени се намалуваат за 1,50 денар за литар.

    Значително зголемување има кај дизел-горивото. „Еуродизел БС“ ќе чини најмногу 104,50 денари за литар, што е зголемување од 5,50 денари за литар.

    Цената на екстра лесното масло за домаќинство „ЕЛ-1“ се намалува за 7 денари и од полноќ ќе изнесува најмногу 102,50 денари за литар.

    Кај мазутот „М-1 НС“ е утврдена максимална цена од 50,078 денари за килограм, што претставува зголемување од 1,835 денари за килограм.

    Од РКЕ информираат дека во пресметката се земени предвид повисоките референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар, кои во однос на претходната пресметка се зголемиле кај бензините за 0,960 проценти, кај дизелот за 6,772 проценти, кај екстра лесното масло за 5,960 проценти и кај мазутот за 4,084 проценти.

    Во пресметката е земен предвид и курсот на денарот во однос на доларот, кој во изминатиот период е повисок за 0,753 проценти.

    При формирањето на цените е применет намален износ на акцизата од 4 денари за литар кај бензините „Еуросупер БС-95“, „Еуросупер БС-98“, „Еуродизел БС“ и екстра лесното масло за домаќинство. Кај дизелот и екстра лесното масло е применет и намален износ на ДДВ од 10 проценти.

    РКЕ нагласува дека утврдените цени се максимални. Трговците на големо и мало можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од максимално утврдените.

    Поврзани вести

    Се поправаат дефектите на дистрибутивната мрежа, дел од потрошувачите добија парно

    14/10/2026

    Граѓаните сè уште не можат да се пријават онлајн за вакцина против грип

    13/10/2026

    Суспендирани шест полициски службеници за употреба на прекумерна сила во случајот за насилство врз двете момчиња

    11/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Се поправаат дефектите на дистрибутивната мрежа, дел од потрошувачите добија парно

    14/10/2026

    (Видео) Гледаше насекаде освен во водителката поради нејзиното длабоко деколте: тренерот стана вирален хит

    14/10/2026

    (Фото) Дикаприо се „запушти“ покрај убавица помлада од него 23 години: на интернет кружат нови фотографии

    14/10/2026

    Албанските студенти кои протестираат за подобри услови во образованието се судрија со полицијата

    14/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Зошто не е добро да се пие вода што стои предолго

    Јутјуб се согласија да му платат на Трамп 24,5 милиони долари за решавање на тужбата

    Трамп ги прекина трговските преговори со Канада

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.