Кина и Русија реагираат на плановите на Јапонија за испуштање на радиоактивна вода

6
Кина и Русија и испратија на Јапонија список со технички прашања поврзани со плановите на Токио да испушти радиоактивна вода од нуклеарната централа Фукушима во Тихи Океан, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.
Во соопштението се наведува дека ако Јапонија е навистина сериозна во намерата да ги смири своите соседи, таа мора веднаш да престане со планираните активности за испуштање радиоактивна вода во океанот.
Исто така се нагласува потребата од „детална дискусија за сите можни безбедни опции“.
Јапонскиот весник „Асахи“ претходно објави дека властите во Токио имаат намера да започнат со испуштање на вода од нуклеарната централа Фукушима 1 во океанот кон крајот на август. Според весникот, јапонскиот премиер Фумио Кишида ќе го иницира ова прашање на претстојната трилатерална средба во Вашингтон на 18 август со претседателите на САД и Јужна Кореја.