Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото) Три модели на џемпери што ќе доминираат оваа есен и зима – како да ги носите

    10/11/2026

    (Фото/Видео) Сите зборуваат за неа: Италијанската убавица во секси издание

    10/11/2026

    Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат

    10/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Култура»Концерт за пијано со Мимоза Ќека
    Култура

    Концерт за пијано со Мимоза Ќека

    16/08/20232 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Реномираната македонска пијанистка Мимоза Ќека вечерва ќе одржи целовечерен концерт на музичкиот репертоар на фестивалот „Охридско лето“. Во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот, ќе изведе дела од Бетовен, Јаначек, Шопен и Лист.

    Пијанистката Ќека на 26-годишна возраст се стекнува со титулата доктор по музичка уметност при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје под менторство на проф. Тодор Светиев и проф. д-р Димитрије Бужаровски. Врз нејзиниот професионален и уметнички развој силно влијаaт повеќемина исклучителни уметници вклучително маестра Лилија Зилберштајн, под чие менторство ги завршува магистерските студии и се стекнува со диплома магистер по музичка уметност.

    Настапува како уметник – изведувач на рецитали, како член на камерни ансамбли, пијано дуо и со симфониски оркестри. Нејзините интернационални гостувања вклучуваат концерти и солистички рецитали во Прага, Рим, Париз, Милано, Трст, Сиена, Бристол и Њујорк.

    Нејзиниот репертоар се протега од барок до современи автори, изведувајќи широк спектар на музички дела. Во 2022 година, Мимоза Ќека го издава својот соло албум „Non-Fungible“ со музика од Бах, Скрјабин и Барбер.

    Пијанистката Мимоза Ќека е носител на десет високи државни и меѓународни награди и признанија на натпревари во Италија, Франција, Србија, Босна и Херцеговина и С. Македонија и има настапувано на голем број мајсторски курсеви во престижни музички академии меѓу кои Академија Киџана во Италија.

     

    Мимоза Ќека пијано

    Поврзани вести

    Љутков-Раев: Во наредниот период треба да се пристапи кон реализација на конкретни проекти и активности кои ќе придонесат за унапредување на културната размена

    10/07/2026

    На 12 јули започнува 66. „Охридско лето“

    10/07/2026

    Изложба на Роберт Цветковски и Архикс Студио во КИЦ Белград

    10/07/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото) Три модели на џемпери што ќе доминираат оваа есен и зима – како да ги носите

    10/11/2026

    (Фото/Видео) Сите зборуваат за неа: Италијанската убавица во секси издание

    10/11/2026

    Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат

    10/11/2026

    Бени Шаќири од МКЦ оди во кабинетот на Орце Ѓорѓиевски како советник за култура, Димче Арсовски е нов директор на МКЦ

    09/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Концерт на групата „Баклава“ во КИЦ Белград

    Винисиус пред СП: Јамал може сам да и ја донесе титулата на Шпанија!

    Kривична за вработен во „Електродистрибуција“ зашто предизвикал пожар

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.