Вучиќ: Побарав од Кфор да се грижи за сите безбедносни прашања на северот на Косово

11

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска соопшти дека во еден од најтешките моменти за Србија имал важен разговор со претставниците на Квинта и дека побарал КФОР да се грижи за сите безбедносни прашања на северот на Косово.

„Го повторив ставот на Србија за последните настани на Косово и Метохија и побарав КФОР да се грижи за сите безбедносни прашања на северот на Косово наместо полицијата на Курти. Прашав и зошто ЕУлекс беше одбиен од косовската полиција да присуствува на самата операција, која беше спроведена на територијата на северот на Косово“, изјави Вучиќ на Инстаграм профилот „budućnostsrbijeav“.

Вучиќ денеска се сретна со амбасадорите на земјите од Квинтa, Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Франција, Италија и Германија, како и со шефот на Делегацијата на Европската Унија во Србија.