Автор: Редакција
Муцунски истакна дека пристапниот процес не е само за една или две земји од регионот да се приклучуваат кон Европската Унија, туку тоа го сторат сите држави од Западниот Балкан.„Тоа не мора да се случи во исто време. Знам дека системот не функционира така, но треба да бидеме таму заедно. Ниедна држава во регионот не треба да биде изолирана од полноправно членство во ЕУ и од нас зависи да работиме врз основа на стандарди, врз основа на критериуми и да гледаме кон иднината. Помалку да гледаме кон минатото, а повеќе кон иднината, бидејќи иднината е она што може да нè…
Здружението за промоција на интелектуални, мултикултурни и спортски вредности – Мотус од Куманово, преку својот Фото клуб – Мотус, во период од 18 декември (четврток) 2025 во просториите на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, ќе ја организира втората Меѓународна изложба на уметничка фотографија Мотус 2025.На изложбата ќе бидат изложени пеесетина фотографии. Учество зедоа 249 автори од 50 земји.Финансиер на изложбата е Општина Куманово, преку програмата за подршка на културни манифестации за 2025 година, а истата е под патронат на Меѓународната Федрација на Фотографска Уметност (ФИАП 2025/393), (Фото Сојуз на Македонија (ФСМ 2025/003) и Меѓународна Фото Асоцијација Дунав (ДИПА…
Министерот за правда Игор Филков во своето обраќање рече дека со овој закон е започната нова ера на работа и функционирање, во која што секој важен и суштински закон за граѓаните на Република Македонија ќе се изготвува низ отворен, јавен и транспарентен процес.„Законот предвидува значајни новини, меѓу кои јавност во постапката за разрешување на претседателот на Судскиот совет, прецизирање на критериумите за избор на истакнат правник, воведување јавна расправа при избор на кандидати за несудски членови, зајакнување на критериумите за избор, одговорност и разрешување на членовите од редот на судиите, како и јасно дефинирана постапка за дисциплинска одговорност на судиите…
Јавното претпријатие Паркинзи на општина Центар, организираше крводарителска акција по повод одбележување на 19 години од постоење на претпријатието. Како што информираат оттаму, акцијата која се организира четврт пат по ред, се реализира во соработка со Црвениот крст и Институтот за трансфузиологија. Вработени и граѓани доброволно даруваа крв, уште еднаш потврдувајќи дека хуманоста и општествената одговорност се составен дел од работењето на претпријатието. Директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Душко Коцевски, истакна дека ваквите активности имаат посебно значење за заедницата. „Крводарителството е чин на хуманост кој директно спасува животи. Горди сме што по четврти пат организираме ваква акција и…
На 18 декември 2025 година, со почеток во 20.00 часот, во Мултимедијалниот центар „Мала станица“, во рамките на програмските активности на Националната галерија, ќе биде отворена изложбата „Интер(но)фејс“ на уметникот Борис Шемов, курирана од д-р Ана Франговска.„Интер(но)фејс“ е мултимедијален проект кој се фокусира на односот меѓу човекот и вештачката интелигенција, на улогата на јазикот како визуелно, идеолошко и комуникациско средство, како и на пост-интернет естетиката како нова културна реалност. Преку различни медиумски форми – текстуални интервенции, видео-содржини, алгоритамски и дигитални процеси – изложбата отвора прашања за моќта, контролата, технологијата и трансформацијата на субјектот во современиот дигитален контекст.Насловот „Интер(но)фејс“ упатува на…
На 17 декември (среда), со почеток во 20 часот, во амбиентот на Музејот на македонската борба, ќе се одржи концерт на двајцата истакнати уметници од регионалната и меѓународната сцена – виолончелистот Драган Ѓорѓевиќ Сузуки, еден од најценетите и највлијателни виолончелисти во регионот, и пијанистот Дино Имери, волшебникот на пијаното.Сузуки е препознатлив по својата извонредна техничка виртуозност, длабока музикалност и силно сценско присуство, а критиката и публиката го вбројуваат меѓу најдобрите виолончелисти на Балканот. Заедно со Дино Имери, еден од најреномираните македонски пијанисти, тие носат концертна вечер од врвен уметнички ранг.Публиката ќе има можност да ужива во внимателно избрана програма со…
Позната по своите атрактивни изданија, ријалити ѕвездата Кајли Џенер повторно го привлече вниманието на јавноста. Фотографите неодамна ја фотографираа на едно вечерно излегување, а за таа пригода таа одлучи да облече уште еден фустан од латекс. Kylie Jenner parties in red latex dress after quashing Timothée Chalamet breakup rumours https://t.co/k2Ja3gFvYz — Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) December 14, 2025 Ова е модел кој ги „прегрнува“ сите женски облини и ја нагласува нејзината витка фигура. Фустанот има и отворен грб, а овој детаљ дава доза на софистицираност на нејзиниот изглед. KYLIE JENNER pic.twitter.com/t25j77E6f4 — acervo kylie jenner (@acervokyjenner) December 14, 2025 Својот…
Како што е познато, сезоната во Формула 1 заврши минатиот викенд, Ландо Норис ја освои својата прва шампионска титула, а сега се познати заработувачките на сите возачи во текот на оваа година. Секако, Луис Хамилтон беше најплатениот возач во Формула 1 во 2025 година, а Ферари му плати импресивни 70 милиони долари во текот на оваа катастрофална сезона, барем кога се однесува до платите. Сепак, платата не е сè. Макс Верстапен, чија основна плата во Ред Бул беше 65 милиони долари, заработи повеќе вкупно поради големиот бонус од 11 милиони долари, што му дава вкупно 76 милиони. Бонусот на Хамилтон…
Под мотото „Заедно посилни во хармонија на звуците“, вчеравечер во Македонската филхармонија во Скопје се одржа традиционалниот предновогодишен концерт на Воениот оркестар на Армијата, овој пат збогатен со настап на музичари од Централниот оркестар на Вооружените сили на Романија.По пречекот на претседателката и врховен командант на Вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова и интонирањето на химната на Романија и македонската химна, здружениот оркестар, под диригентската палка на мајор Каталин Ион од Вооружените сили на Романија, концертот го започна со свечена фанфара, a продолжи со позната љубовна тема од Романија. Првиот дел беше заокружен со популарен сплет на светски хитови аранжирани за дувачки…
Тој вчера информираше дека пратена била покана и до Коцевски за денешната седница.Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека новииот обвинител мора да биде професионалец и да се бори за правда.
