Автор: Редакција

Министерството за правда на САД објави долгоочекувана и огромна количина на документи со детали за истрагите за осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн, голем развој во долгата сага што се претвори во еден од најголемите политички неуспеси што ги претрпе Доналд Трамп од неговиот реизбор минатата година, пренесува Гардијан. Иако значителни делови од досиејата се редигирани, оние што беа видливи вклучуваа слики од Епштајн како се дружи со низа истакнати личности, вклучувајќи ги Мајкл Џексон, Крис Такер и Дајана Рос, и претприемачот Ричард Бренсон. Бил Клинтон се појавува на неколку фотографии, вклучувајќи една на која е во базен заедно со осудената…

Read More

Кошаркарите на Минесота ја победија Оклахома со 112:107 нанесувајќи и го третиот пораз оваа сезона. Тандерс го отворија овој натпревар подобро и имаа предност од десет поени по првото полувреме, но противникот успеа да ја намали разликата на три поени до крајот на првото полувреме.Во продолжение водството се менуваше и беше јасно дека ќе има неизвесна завршница. Ентони Едвардс погодои важна тројка за 108-107, па потоа запиша блокада и важен скок и го турна неговиот тим кон победата.Едвардс постигна 26 поени и имаше 12 скока, Рендл додаде 19, Дивиченцо и Рид по 15. За гостите, најдобар стрелец беше Гилџес-Александер со 35…

Read More

Стратешките цел на ДУИ остануваат исти – интеграцијата во ЕУ, почитување на рамковниот договор, економската благостостојба на граѓаните и зелената агенда. Но сето ова по подмладувањето на партијата и затворање на некои негативни поглавја во партијата.По поразот на локалните избори, најавени се и статутарни промени во ДУИ, забрана на акумулација на повеќе функции кај еден човек и промени во внатрешното функционирање.

Read More

Министерството за европски прашања, како национална контакт точка во однос на програмите на Унијата има значајна улога во процес на пристапување кон ЕУ и осигурување на резултатите од спроведените проекти дека истите ќе го оправдаат придонесот во подобрување на јавните политики на национално, регионално и локално ниво-порача пред присутните заменик-министерката за европски прашања.„Оваа програма за прекугранична соработка е една од подобро управуваните програми, со висок процент на искористеност на средства, за што одговорни се Министерството за локална самоуправа како и корисниците, партнери во проектите. Министерството за европски прашања, како национална контакт точка во однос на програмите на Унијата, има значајна…

Read More

Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви фановите со фотографија објавена на Инстаграм, на која позира без маица во црни боксерки, покажувајќи ја одличната физичка форма и на 40-годишна возраст. „По сауна“, напиша кратко Роналдо под фотографијата направена во теретана. Ова не е првпат фудбалската ѕвезда да објави вакви фотографии, со кои редовно ја истакнува дисциплината, тренинзите и начинот на живот по кои е препознатлив.   View this post on Instagram   A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Read More

Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација. Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“ Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“ Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“ „Јас всушност не…

Read More

Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест. Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра. Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а…

Read More

Според астрологијата, страста и сексуалната енергија се поврзани со инстинктот, самодовербата и односот кон емоциите и телото. Постојат хороскопски знаци кај кои либидото е поизразено и силно поврзано со личноста. Шкорпија Луѓето родени во овој знак се познати по силна сексуална енергија и длабока страст, поврзана со емоции и интензитет. Нивната привлечност често е мистериозна, а желбата долготрајна. Овен Кај Овните страста е импулсивна и директна. Либидото е поврзано со енергијата, натпреварувачкиот дух и потребата за освојување, што ги прави исклучително страсни. Лав Лавовите ја поврзуваат страста со чувството на посакуваност и самодоверба. Нивното силно либидо произлегува од харизмата и…

Read More

Под товарот на историјата, во 2017 година владите на Македонија и Бугарија потпишаа Договор за пријателство, добрососедство и соработка. Договорот го потпишаа премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов на 1 август, а следниот ден, на Илинден, овие двајца, заедно со нивните владини кабинети се поклонија пред гробот на Гоце Делчев во Скопје. Тука беа и Красимир Каракачанов и Ектерина Захариева, но и Бујар Османи и Никола Димитров. Посетата беше со највисоки воени почести, а Заев по зедничкото чествување на Делчев ќе рече: „Историјата и минатото ги ставивме да бидат цврсти темели на кои почнавме да ја градиме евроатлантската иднина на…

Read More

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека подолг временски период вршеле кривично дело – Даночно затајување, предвидено во член 279 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. Во период од пет години, од почетокот на 2020 до крајот на 2024 година, осомничените затаиле данок и го оштетиле државниот Буџет за вкупен износ од 64.924.298 денари или за повеќе од еден милион евра. Двајцата, во својство на сопственици и управители на правно лице од Скопје, со намера да избегнaт целосно…

Read More