Автор: Редакција

Најмалку единаесет лица загинаа во големиот пожар што избувна во пензионерскиот дом во Тузла. Застрашувачки е фактот што на катовите каде што избувнал пожарот престојувале лица со деменција и рак, пишува Кликс. Јавноста уште во првите часови по пожарот го поставуваше прашањето чија била одлуката постарите лица со деменција или карцином да бидат сместени во апартмани на петтиот, шестиот или седмиот кат од зградата. Корисниците на домот и нивните семејства, како и одредени политичари во Тузла, со години предупредувале на лошите услови во Домот за пензионери, но надлежните останале глуви на нивните апели и предупредувања. И покрај предупредувањата за лошите…

Read More

Во сабота, на 8 ноември, во Јавна соба, како дел од програмата на Skopje Design Week, македонската публика ќе има ретка можност да ја доживее концертната промоција на албумот „Afro Gitano“ ,заеднички проект на Тони Китановски, легендарниот Баба Сисоко од Мали и диџеј Гоце САФ.Овој необичен спој на африкански ритми, балканска душа и урбан електронски грув претставува автентично музичко патување што ги руши границите меѓу жанровите и континентите. Китановски вели дека „’Afro Gitano’ е музика што се движи како реката, како луѓето, како слободата“.Албумот, снимен во време на пандемијата на три континенти и во шест земји, ја носи енергијата на…

Read More

Академскиот пленум упатува јавно прашање до полицијата и обвинителството зошто не реагираат на бројните кривични дела извршени од лица кои моментално живеат во оградениот простор пред српскиот Парламент, во областа позната како Чациленд. Видео кое се прошири на социјалните мрежи покажува како поддржувач на Александар Вучиќ од Чациленд напаѓа и удира студентка, без никаква реакција од полицијата. Исто така, на една од снимките се слуша како Јанко Лангура, висок функционер на Српската напредна партија и поранешен пратеник, го извршува кривичното дело „поттикнување национална, расна и верска омраза и нетрпеливост“ затоа што ги нарекол студентите од Нови Пазар „балија“, а собраните…

Read More

„Андерфест“, еден од најпрепознатливите алтернативни рок фестивали кај нас, ја најавѝ програмата за своето седмо издание! Настанот ќе се одржи во петок на 7 ноември во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, а и ова издание ветува вечер исполнета со моќна енергија, автентична музика и врвни настапи.„Андерфест“ со годините изгради статус на фестивал што ги спојува најдобрите имиња од домашната алтернативна сцена, создавајќи уникатно музичко искуство за сите љубители на рокот и неговите поджанрови.Оваа година, публиката ќе има можност да ги чуе и види LOST IN REVERIE, АУДИОЦИГЛА, ДИМИШ, ЗАНАДУ, ДЕМЕНСИ, ГОЛЕМАТА ВОДА и НОВИОТ ПОЧЕТОК – бендови кои носат…

Read More

Организацијата „Мис Универзум“ се соочува со скандал пред 74. издание на изборот за убавина, откако еден од нејзините директори јавно ја понижил мексиканската претставничка Фатима Бош (25) на настан во Тајланд. Инцидентот се случил на 4 ноември за време на пренос во живо на „Фејсбук“, кога тајландскиот бизнисмен Науат Ицарагрисил, воедно потпретседател на организацијата за Азија и Океанија, ја обвини Бош дека не ги исполнува своите промотивни обврски. „Мексико, каде си?“, праша тој Кога Бош стана, тој продолжи: „Слушнав дека не сте се согласиле да објавите сè за Тајланд. Дали е тоа вистина?“ Во еден момент им рече на натпреварувачите:…

Read More

Денеска во рамките од новото дванаесетто коло во ПМФЛ шампионатот на програмата е посебен дуел. Дуел кој што не така често се гледа во мак фудбалот. На програмата е вечното дерби помеѓу екипите на Пелистер и Вардар кој што е закажан за 17:00 часот на стадионот Петар Милошевски во Битола.Се е подготвено за овој меч. Домаќините инспирирани секогаш кога Вардар пристигнува во, а гостите пак секогаш со желба да освојат „битолски“ бодови. Имаат тие посебен шмек кога е во прашање Вардар.„Нормално дека ова е посебен меч ако се гледа историјата, традицијата, и се што двата клуба носат со себе како…

Read More

Од сегашните 768,8 милиони евра за капитални расходи, сумата за следната година се намалува на 640 милиони евра. Јавните инвестиции ќе бидат столб на економскиот развој во 2026 та – најави министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска. Предвидени се повеќе пари за пензии, плати, социјални трансфери, пишува Порталб. Новата буџетска година според власта ќе биде стабилна и развојна а според опозицијата можно е да биде изборна, пишува „Порталб“. Капиталните расходи “стопени“, нова доза оптимизам за инфлација пониска 3%  Економски раст сличен на годинешниот, стабилна инфлација од 2,5%, нови задолжувања – Министерството за финансии до Собранието го адресираше новиот Буџет…

Read More

Зохран Мамдани е избран за градоначалник на Њујорк со убедлива победа над поранешниот гувернер Ендру Куомо. Со повеќе од 97% преброени гласови, Мамдани доби повеќе гласови – најмалку 1,03 милиони – од сите други кандидати заедно, вклучувајќи ги Куомо и републиканецот Кертис Слива, пренесува Гардијан. Калифорнија го усвои Предлогот 50, мерката што привремено ќе ја прераспредели државата со надеж дека ќе се спротивстави на напорите на републиканците да го сторат истото во Тексас. Новите мапи би можеле да им помогнат на демократите да освојат пет дополнителни места во Претставничкиот дом на САД. Претседателот Доналд Трамп се обрати на својата социјална…

Read More

Со трета победа по ред, екипата на Торонто на самиот старт на НБА сезоната си ги покажа силите, и амбициите кои ќе го водат тимот во следниот период.Овојпат со 128:11 беше совладан тимот на Молвоки на домашен терен.Барнс и РЏ Барет постигнаа по 22 поена, а во победничкиот тим имаше шест играчи со над 13 поени. Јанис на другата страна исто така со 22 поени, но не можеше да го спречи најголемиот пораз сезонава на Бакси.Од друга страна пак, тимотн на Чикаго направи сериозен пресврт во дуелот со Филаделфија во кој анулираше минус од неверојатно 24 поени. Никола Вучевиќ погоди…

Read More

Ѕвездата од „Еуфорија“, Сидни Свини, одлучи да стави крај на шпекулациите за нејзиниот љубовен живот. Откако ја раскина свршувачката со Џонатан Давино и неодамна беше поврзана со Скутер Браун, актерката јасно стави до знаење дека е слободна. „Слободна сум“, изјави Сидни за GQ во интервју објавено на 4 ноември. „Не мислам дека барам маж во моментов. Она што го научив оваа година е дека имам навистина, навистина одлична група пријатели и дека сум силна и независна и дека ќе бидам добро.“ Сепак, 28-годишната девојка е отворена за нова љубов, ако таа се случи спонтано. „Ако љубовта ме пронајде, ќе ме…

Read More