Автор: Редакција
Владата на Република Северна Македонија денеска одржа свечена седница по повод одбележувањето на 22 Ноември, Денот на азбуката на албанскиот јазик, празник кој втора година по ред се слави со државна церемонија во владините простории. Заменик-претседателот на Владата, Арбен Фетаи, во своето обраќање ја истакна историската и културната тежина на Битолскиот конгрес од 1908 година. „Токму тој конгрес го постави темелот на современиот албански идентитет, преку унифицирањето на азбуката, еден од клучните столбови за зачувување на јазикот, културата и националното сеќавање“, рече тој. Фетаи го потенцираше придонесот на албанските преродбеници и на видната личност Мид’хат Фрашери, како историски фигури кои…
„Овој ден претставува еден од најважните моменти во историјата на албанскиот народ, кога беа поставени основите на унифицираната азбука, давајќи му на албанскиот јазик сила на единство и идентитет. Како претседател на Собранието на Република Северна Македонија, каде Албанците се државотворен народ и каде јазикот претставува уставно загарантирана вредност, албанскиот јазик го сметам за незаменлив елемент на нашата општествена кохезијa. На сите Албанци каде и да се наоѓаат, честит 22 Ноември – Ден на албанската азбука“, е вели во честитката на Африм Гаши. The post Гаши: Албанскиот јазик е незаменлив елемент на нашата општествена кохезијa appeared first on МКД.МК.
„Денес сме собрани за да го одбележиме Денот на албанската азбука. Ден кој носи силна историска и културна симболика. Ден поврзан со градот Битола и со еден од најзначајните моменти во модерната албанска историја – Конгресот во 1908 година. Тогаш, во Битола, град прераснат во центар на напредни идеи, движења и визии, албанската интелигенција го направи крупниот чекор кон создавање на една унифицирана азбука, темел на јазичната и културната кохезија на Албанците. Тоа беше чин со длабоко европско значење. Чин на модернизација, образование и отвореност. Во период кога Балканот минуваше низ тешки предизвици, Битолскиот конгрес покажа дека силата на едно…
Поради покачените водостои на реките по неколкудневните врнежи од дожд и опасноста од нивно излевање, но и заради излевањето на реките во неколку региони во земјава, со цел навремено преземање превентивни активности за намалување на ризиците од појава на заразни болести кои се пренесуваат преку храната или водата за пиење и за заштита на животните, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до населението да води сметка за безбеднсота на храната, водата за пиење и за здравствената состојба и благосостојбата на животните. „Преку медиумите да се следат информациите за временската прогноза, состојбата со водотеците во земјава, состојбата со водоснабдувањето и…
Сојузниците на Украина ќе се обидат да го „зајакнат“ американскиот план за завршување на војната со Русија кога ќе се сретнат на самитот на Г20 во Јужна Африка, изјави британскиот премиер Сер Киер Стармер, пренесува „Би-Би-Си“. Самитот започнува еден ден откако претседателот Володимир Зеленски предупреди дека Украина се соочува со „еден од најтешките моменти во нашата историја“ поради притисокот да го прифати планот чиј протечени детали се оценети како поволни за Москва. Зеленски во петокот имаше телефонски разговори со Сер Киер и со лидерите на Франција и Германија. Потоа, премиерот изјави дека „пријателите и партнерите“ на Украина остануваат посветени на…
„Пред 117 години унифицираната азбука го започна своето патување од Конгресот во Битола, како најважен комуникациски код на еден народ, за денес да се потсетиме дека јазикот и писмото се темелни вредности коишто го обликуваат колективниот идентитет и ја зајакнуваат духовната поврзаност меѓу генерациите. Почитта кон јазикот и кон писмото на секоја заедница ја зајакнува социјалната кохезија и го сплотува македонското мултиетничко општество. Албанскиот јазик е дел од раскошниот мозаик на различностите што е влог во иднината на нашата заедничка татковина“, се вели честитката од Сиљановска-Давкова.На овој празник, стои во честитката, изразуваме признание за вашиот континуиран придонес за развојот на…
Денеска се играат три натпревари од 13-то коло во Супер-лигата, додека еден македонски тим ќе настапи на европска сцена.Алкалоид кам-бекот на победничките патеки ќе го бара против ГРК Тиквеш на домашен терен, мечот е закажан со почеток во 18 часот во салата Автокоманда. Овие два тима имаат одиграни 11 меча, а на 10 од нив победил Алкалоид, една средба завршила без победник и тоа во 2023 година.Момците на Кирил Лазаров се четвртти на табелата со 18 бода, три зад ГРК Охрид кој има меч повеќе, додека пак ГРК Тиквеш е петти со 14 бода.На домашна сцена Бутел Скопје го пречекува…
„Лет над кукавичкото гнездо“ не може да се замисли без Николсон, но улогата не била наменета за него
Иако од денешна перспектива изгледа речиси невозможно некој да одбил улога во славниот филм „Лет над кукавичкото гнездо“, тоа сепак се случило.Адаптацијата на Милош Форман денес со право се смета за еден од најдобрите филмови некогаш снимен, а тој филм едноставно е незамислив без Џек Николсон во улогата на Рендал Мекмерфи.„Лет над кукавичкото гнездо“ стана дури вториот филм во историјата на Оскарот што ја освои „големата петорка“ — наградите за најдобар филм, најдобар режисер, најдобар актер, најдобра актерка и најдобро адаптирано сценарио.Џек Николсон и неговата незаменлива улогаЏек Николсон беше во извонредна форма како Рендл Мекмерфи, во улога која без проблем…
Со указ на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, се отповикува и Слободан Узунов, македонски амбасадор во Индија, кој ги покрива и Бангладеш и Шри Ланка на нерезидентна основа. Неговата функција ќе заврши до 19 декември.Амбасадорот на Македонија во Бразил Игор Попов, добива уште една надлежност – нерезидентен вонреден и ополномоштен амбасадор за Уругвај.
Антони Џошуа откри зошто се согласил на контроверзниот меч против Јутјуберот Џејк Пол, кој ќе се одржи на 19 декември во Мајами. Иако од овој дуел ќе заработи околу 80 милиони евра, британскиот тешкаш тврди дека парите не се единствената причина. Потсетуваме, Џошуа и Пол ќе се соочат во професионален меч на осум рунди по три минути. За Џошуа тоа ќе биде прво враќање во рингот откако во септември минатата година на Вембли беше нокаутиран од Даниел Дубоа во борбата за ИБФ-титулата.Одлуката да го прифати предизвикот на Пол предизвика вистинска бура во боксерскиот свет и бројни прашања околу тоа како…
