Автор: Редакција

Бројот на пациенти кај кои бил дијагностициран меланом (C43), во 2020 година изнесувал 237 лица, а во 2025 бројот пораснал на 514 лица, што е раст од 116,9 отсто, беше соопштено денеска на заедничката прес-конференција која ја одржаа претставници на Фондот за здравствено осигурување и на Клиниката за радиотерапија и онкологија. Во врска со случаите на карцином на дојка, во 202 година имало 5.072 заболени пациенти, а во 2025 – 7.038, што е раср од безмалку 40 отсто. Кај случаите со карцином на бели дробови (C34), во 2020 година биле евидентирани 1.265 заболени пациенти, а птет години подоцна бројката изнесувала…

Read More

Инклузивен настан со лица со интелектуална попреченост ќе се одржи вечерва, со почеток во 19:00 часот, во Центарот за култура Ѓорче Петров. Како што информираат од Театар Пи, ма настанот ќе има поставка на фотографии и музички концерт на кој ќе настапуваат лица со интелектуална попреченост од ЦПЛИП Порака Скопје заедно со професионални музичари: Виктор Танасковски- гитара, Иван Трајковски- пиано, Драгана Марковиќ-виолина, Диана Маркоска – виолина, Верица Ајтовска – виола, Ива Дамјановски – теремин, Ема Ананиевска-пиано, Златко Митрески-бас гитара.Изложбата на фотографии е изработена со помош на Ладислав Кинг.„Оваа година креиравме долго, тивко, искрено. Низ театар, музика, фотографија, разговори… Низ лични…

Read More

Во име на претседателот на Франција, Емануел Макрон, францускиот амбасадор во С. Македонија Кристоф Ле Риголер, му врачи орден Витез од Националниот ред за заслуги, на извршниот директор на Фондацијата Метаморфозис, Бардил Јашари. Како што наведуваат од француската амбасада, со ова одликување се оддава почит на исклучителната посветеност на Јашари на демократските вредности, кои од 2005 година тој неуморно ги промовира преку формирањето на Фондацијата „Метаморфозис“. „Борбата против дезинформациите и залагањето за заеднички соживот ги претставуваат двата столба на неговата дејност. Упатуваме искрени честитки до г. Бардил Јашари за ова престижно одликување, со кое се вреднува неговиот досегашен примерен пат…

Read More

Патниците кои го преминуваат каналот од Велика Британија до Франција нема да се соочат со нови биометриски проверки во наредните недели и покрај блискиот рок за целосно воведување на системот за влез-излез на ЕУ (EES), пренесува „Гардијан“. Авиокомпаниите и аеродромите низ Европа стравуваат од хаос за време на велигденските празници. ЕУ официјално ќе бара биометриски податоци од сите патници, повеќето граѓани кои не се од ЕУ, вклучително и Британците, од 10 април. Фазното воведување на системот веќе предизвика долги доцнења на некои аеродроми. Сепак, се покажа дека патниците на услугата Le Shuttle на Eurotunnel, прекуканалските фериботи или Eurostar нема да…

Read More

Астронаутите на мисијата Aртемис II ќе имаат богато и внимателно планирано мени од 189 различни јадења, прилагодено на нивните вкусови, нутритивните потреби и ограничувањата на вселенскиот брод, објави НАСА. На менито се најде сè, од зеленчук киш, брокула а’ла гратен и макарони со сирење, до манго салата и брускет од говедско месо. Тие исто така ќе имаат 58 тортиљи, кои се практични за јадење во микрогравитација и создаваат многу помалку трошки од лебот. За појадок, астронаутите можат да избираат меѓу пржени јајца, колбас, пченично лепче, гранола со боровинки и зеленчук киш. Главните јадења вклучуваат брускет од говедско месо, брокула а’ла…

Read More

Ако си лидер на прволигашката табела, и ако имаш амбиција да бидеш шампион, а згора на тоа веќе си ја понел таа титула на полусезоната, тогаш секое твое излегување на терен значи и автоматско задолжително освојување на трите бода. Тоа не е лесен товар, да се носи, особено не во ПМФЛ шампионатот, исклучително специфично и тешко првенство за играње.Токму затоа, тимот на Вардар, лидерот на ПМФЛ конкуренцијата, денеска како и во изминатите, 24. Кола има задача да победи овојпат во домашни услови, на Арената Тодор Проески.Таму, од 15:30 часот ќе го одигра скопскиот дуел против тимот на Македонија ЃП во…

Read More

„Владеачката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ го изгуби мнозинството од луѓето кои гласаат. СДСМ не успеа да го канализира тоа објективно опозициско  раположение и да ги донесе тие луѓе на свое конто. Кога не успеавте тоа да го направите рецептите во светот се јасни – не ја менувате ПР стратегијата, туку пилитичката стратегија, пристапот кон гласачите или носите други луѓе кои можат да пристапат до одредени слоеви на изборната конституента. На нив е сега како ќе се решат натаму. Затоа што и навистина постои опасност СДС и по овој последен пад, на следните избори да не биде подобар, туку да отиде…

Read More

Купер Флег влезе во историјата на НБА станувајќи најмладиот играч кој постигнал 50 или повеќе поени во еден натпревар. Крилниот играч на Далас Маверикс постигна 51 поен во поразот од Орландо Меџик, соборувајќи го рекордот што претходно го држеа Брендон Џенингс и Леброн Џејмс.Флег, еден од најперспективните млади играчи во лигата, го имаше својот историски момент во петокот вечерта. Тој го постави рекордот на крајот од четвртата четвртина, кога погоди шут на 2 минути и 5 секунди пред крајот за да ја премине границата од 50 поени. Со само 19 години и 103 дена, Флег ги надмина претходните рекордери Брендон…

Read More

Прикaзните се раскажуваат со зборови, но и зборовите имаат свои приказни. И тоа сосема вистинити приказни, кои етимолозите научно ги докажуваат. „Приказните“ за зборовите, обично собрани во научно дело – етимолошки речник, претставува своевидна кулминација во лингвистиката, но уште поважно, таквиот вид речник е одраз на зрелоста не само на јазикот, туку и на народот што го говори, на неговата култура, на државата и општеството што тој народ ги има изградено. „Македонскиот етимолошки речник е интересен зашто го воведува читателот  во историјата на зборот и му дава можности да согледа на еден поинаков начин како се движел развојот, потеклото или…

Read More

Музичката еуфорија околу Јаков Јозиновиќ не се намалува, а младиот изведувач продолжува да има импресивни успеси во Белград. За помалку од 20 минути, тој го распродаде својот деветти концерт во Сава Центар, дополнително зацврстувајќи го својот статус како една од најголемите регионални сензации, пишува Индекс.хр. Интересот на публиката повторно беше огромен – околу 9.000 луѓе чекаа во виртуелен ред за да добијат билети за новиот датум. И покрај големата побарувачка, билетите се распродадоа речиси веднаш, што уште еднаш потврдува колку е популарен Јозиновиќ во моментов. Сава Центар, или поточно неговата Сина сала, е една од најзначајните сали во регионот, со…

Read More