Автор: Редакција
Во врска со опсежната акција во која се запленети 40 тони марихуана, Јавното обвинителство континуирано презема активности во соработка со Министерството за внатрешни работи и Комисијата за одобрување на одгледување на канабис за медицински цели, во рамките на Министерството за здравство, соопштија денеска оттаму. „Постапувањето се одвива во континуирана координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, како и со други јавни обвинителства со месна и стварна надлежност, кои постапуваат по предмети за кривични дела утврдени во Законот за контрола на опојни дроги“, се наведува во соопштението од Обвинителство. Оттаму додаваат дека предметниот обвинител од Основното…
Како што информираа од Кабинетот на министерот, на средбата биле разменети мислења за актуелните случувања во процесот на европска интеграција на Македонија и за приоритетите поврзани со реформската агенда и обврските од европската агенда.„Министерот Сали ја истакна определбата на Владата за забрзана имплементација на реформите и испорака на конкретни резултати, со посебен фокус на владеењето на правото и подобрувањето на апсорпцијата на европските фондови. Соговорниците разговараа и за значењето на континуираната поддршка од земјите членки на Европската Унија за процесот на проширување, како и за важноста од одржување на позитивниот моментум на европската интеграција во регионот“, соопштија од Кабинетот на…
Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов на социјалните мрежи објави повик за блокада на пратениците пред Собранието. „Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ) врз основа на заедничката Одлука на Претседателството на ССМ и Советот на ССМ, а согласно Законот за јавни собири организира протест со блокада на ден 10.02.2026 година (вторник), кој ќе се одржи пред Собранието на Република Македонија со почеток во 9 часот. Протестот и блокадите ќе се одржат пред Собранието на Македонија, односно на улиците – “11-ти Октомври“ и “Даме Груев” . „Пратениците цела година молчат за предлогот на ССМ за зголемување на минималната…
Оваа година е една од оние клучни фази во кои повеќе планети ги менуваат знаците и постепено го поместуваат фокусот на целиот Зодијак. Сите хороскопски знаци ја чувствуваат промената во атмосферата, но за некои, 2026 година се издвојува особено како година во која долгогодишните притисоци почнуваат да се намалуваат, а она што го градевте со години конечно почнува да дава поконкретни плодови. Овен За Овенот, ова е почеток на подлабока трансформација на идентитетот. Влегувањето на Нептун во вашиот знак носи долг период во кој повеќе не можете да функционирате само на „гас“ и брзи рефлекси. Она што некогаш беше нормално…
Свеченото одбележување на големиот јубилеј на МНТ започнува на 30 март со стенд-ап шоуто „Шоубиз“ (SHOWBIZ), во изведба на белградскиот и светски познатиот актер Никола Ѓуричко. Наградуван актер и во театарот, филмот и телевизијата, чија долга и успешна кариера му го отвори патот до значајни улоги на холивудската сцена. Тој е долгорочно поврзан со Југословенското драмско позориште (ЈДП) во Белград, каде беше постојан член на ансамблот уште од 1995 година и каде реализира бројни успешни театарски улоги, а од крајот на 2019 година живее и работи во Лос Анџелес, САД.Ѓуричко e светски препознатлив и по улогата на Јури во хит…
„Да се апстрахираме од статусот членство“, се чини, дека е порака до јавноста да не очекува натамошни постапки за евроинтеграции, што би значело и цементирање на процесот на недефиниран рок. Следејќи ги изјавите на Сиљановска-Давкова и на премиерот Христијан Мицкоски, кои се речиси идентични во последните месеци, процесот би се отцементирал само доколку се добијат гаранции од ЕУ и Бугарија за натамошно неблокирање поради билатерални причини и доколку Софија направи крупни чекори во таа насока, пишува „Вистиномер“ Во продолжение ви го пренесуваме текстот во целост: Иако јавноста е демек збунета, а МНР очекува само појаснување, тврдењето на претседателката на РСМ Гордана Сиљановска-Давкова дека…
Најдобрата македонската тенисерка, Лина Ѓорческа и овој понедлник оствари голем напредок на ВТА-листата.Македонската тенисерка иако го предаде полуфиналниот меч на ИТФ турнирот Порто 50 против Американката Флона Кроули од САД во вториот сет, сепак таа скокна 12 места на светската листа.Ѓорческа се наоѓа на 182 место, додека нејзиниот најдобар пласман е 170 позиција на ВТА-листата.Следен настап по двата ИТФ турнира во Порто, за 31-годишната тенисерка треба да биде во Франција на ВТА тур.
Веќе некое време кружат гласини дека Ким Кардашијан започнала врска со возачот на Формула 1, Луис Хамилтон, но потенцијалната двојка цело време добро се криела. Иако сè уште не ја потврдиле својата врска, на некои им е доволно тоа што не ја негирале, а потоа посакаа да „излезат од илегала“. На овогодинешниот Супербоул во Санта Клара, новопечениот пар конечно беше виден и се чини дека ова е потврда за нивната врска. Kim probably the only woman in the world who can bag any man she wants. pic.twitter.com/VU6ZtqsU3M — SLIME/TRENCH 🐐💚 (@iamRTI) February 9, 2026 Ким и Луис само седеа еден…
Претседателот Доналд Трамп го критикуваше настапот на Бед Бани на полувремето од Супербоул во Лос Анџелес, нарекувајќи го „апсолутно ужасен“ во објава на социјалните мрежи. Шоуто на порториканската глобална суперѕвезда, кое ја славеше латино културата и единството, се соочи со остро неодобрување од Трамп, кој имаше забелешки за јазикот и содржината на настапот. На 8 февруари, Доналд Трамп ја искористи својата платформа Трут Сошл за да го осуди шоуто на полувремето на Супербоулот на „Бед Бани“ кратко по неговото завршување. Тој го опиша како „едно од најлошите ДОСЕГА“ и конкретно го критикуваше уметникот затоа што пееше првенствено на шпански. „Никој…
Зимските олимписки игри во Милано и Кортина официјално се отворија, а гости од светот на познатите личности се собраа во театарот „Театро Ала Скала“ и покажаа уникатни модни изданија. Мараја Кери настапи на церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри и ги воодушеви сите со својот „кристален“ фустан. Но, пред самата церемонија, почнаа да се собираат познати ѕвезди, па целиот свет имаше можност да ужива во вистинска италијанска мода. View this post on Instagram A post shared by Donatella Versace (@donatella_versace) Меѓу собраните беше и познатата Донатела Версаче, чиј моден израз никогаш нема да остане незабележан. Иако се повлече од…
