Автор: Редакција
Рок бендот „Црно Собрание“ составен од ученици од скопското средно училиште „Никола Карев“ на синоќешниот концерт „БГ инвазија“ кој се одржа во салата на Домот на младите во Белград, освои награди за најдобри гитаристи и најдобри вокали. На настапот „Црно Собрание“ ги изведоа култните песни „Келав дабар“ од „Ласт експедишн“, „Слобода или ништа“ од „Партибрејкерси“ и нивна авторска инструментална нумера во стилот прогресивен рок. „БГ инвазија“ што првпат се одржа во 1992 година, произлегува од натпреварот на бендовите од белградските гимназии. Настанот досега се одржал десетина пати, а организаторите на настанот велат дека за секој млад човек е важно да…
На Светскиот конгрес за мобилни уреди во Барселона, Шпанија (СКМ), компанијата „Шјаоми“ претстави повеќе технолошки новитети од ерата на вештачката интелигенција. Најголемо внимание привлекоа човеколикиот робот „Сајбер 1“, „Сајбердог“ и безжичните „алтернативно-реални“ (АР) очила. Мобилни телефони, слушалки, скутери, паметни кујни, телевизори и други паметни уреди беа претставени на штандот на „Шјаоми“ на СКМ. АР-очилата користат „Снепдрагон XР2-ген“ процесор којшто користи и „Мета квест Про“, а имаат дисплеј што се поврзува со мобилен уред преку „НФЦ“ за полесна контрола меѓу виртуелниот и витинскиот свет. https://youtu.be/z-ii_IVy_vw За роботот „Сајбер уан“, се знае оти тој е првиот изум од својот вид направен во…
Во тек е повикот за аплицирање за еднократна парична помош на семејствата кои имаат прваче. Мерката предвидува еднократен додаток од 4000 денари за секое прваче во општината и истата има за цел да ги олесни почетните трошоци за новиот ученик во семејството. Паричната помош ќе се доделува врз основа на поднесено барање до Општина Валандово, од страна на член на семејството на ученикот. Барањето за остварување на еднократна помош за прваче, може да се поднесе:онлајн преку веб или мобилната верзија на дигиталната платформа мЗаедница, во делот за Субвенции илиписмено пополнување и поднесување на барање до архивата на Општина Валандово; Непополнето…
