Автор: Редакција
Полициски службеници од СВР Скопје утрово го лишиле од слобода С.З.(54) од село во општина Сарај. Според пријавеното, тој околу 5 часот во домот под дејство на алкохол физички ја нападнал неговата 15-годишна ќерка, но неговиот син успеал да ги раздели. Увид извршила екипа од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
„Изразив поддршка за државата и разбирање за сложеноста на ситуацијата на Блискиот Исток. Разменивме мислења и за актуелните регионални и глобални предизвици, при што ја нагласивме важноста од стабилноста, мирот и соработката. Заеднички ја истакнавме заложбата за натамошно зајакнување на пријателските односи и отворање нови можности за соработка во интерес на нашите граѓани и економии“, објави Мицкоски на својот фејсбук профил.
Вториот добитник на книжевната награда за најдобар необјавен роман за деца и млади, „Оливера Николова“, ќе биде прогласен на прес-конференција на 11 март (среда), во 11 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“.На настанот ќе се обратат членовите на жири-комисијата во состав: Оливера Ќорвезироска (уредничка и писателка), Ермис Лафазановски (прв добитник на наградата во 2025 година) и Јованка Денкова (професорка по книжевност за деца). На вториот конкурс за наградата „Оливера Николова“, кој беше отворен од 11 септември 2025 до 11 јануари 2026 година, пристигнаа 46 ракописи.Наградата е откупна и се состои од паричен износ од 60.000 денари, статуетка и објавување на…
На 18 и 19 април во Македонска опера и балет по 23. пат ќе се одржи детскиот фестивал „Поточиња“. Омилените Поточиња, заедно со незаменливиот водител Поки (актерот Мартин Јорданоски) подготвија нова фестивалска приказна и со нови 17 детски песни ќе се погрижат децата да се забавуваат, да танцуваат и да пеат.По успешното издание на „Поточиња 2025“ и голем број гостувања на детски манифестации во Скопје, низ Македонија и гостување на хуманитарен концерт во Германија, „Поточиња 2026“ треба да биде продолжение на успешната приказна која со својот квалитет ги плени срцата на најмалите љубители на музиката.Билетите по цена од 500 денари…
Јавното обвинителство на Република Северна Македонија формираше предмет по допрен глас по информациите објавени во медиумите за констатирани неправилности при извршениот инспекциски надзор во Центарот за социјални работи. „Врз основа на информациите објавени во медиумите за констатирани неправилности при извршениот инспекциски надзор во Центарот за социјални работи, Јавното обвинителство на РСМ оформи предмет по допрен глас и го проследи на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство Скопје, кое ќе преземе дејствија на проверки за да испита дали со овие неправилности се исполнети елементи на кривично дело кое се гони по службена должност“, соопштија од обвинителството.
Косовската претседателка Вјоса Османи денеска го распушти парламентот и распиша предвремени избори откако пратениците не успеаја да изберат нов шеф на државата во уставниот рок. Парламентот имаше рок до полноќ во четврток да избере претседател пред да заврши мандатот на Османи во април, но опозициските партии одбија да учествуваат во гласањето. Според законот на земјата, неуспехот да се избере нов претседател значи распишување предвремени парламентарни избори. Овој потег го продолжува политичкиот ќорсокак во Косово, кое е најмладата нација во Европа и има аспирации да се приклучи на Европската Унија. Немаше функционална влада поголемиот дел од минатата година, бидејќи поделениот парламент…
На 06.03.2026 во 00:40 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.С.(55) одСкопје поради сомнение дека од пиштол пукал кон неговата 48-годишна сопруга, се заканувал на нивните три ќерки на возраст од 26, 24 и 18 години и физички ја нападнал 24-годишната ќерка. Според пријавеното, на 01.03.2026, по претходна расправија во домот, тој од пиштол испукал еден куршум кој завршил во прозорецот, по што отишол кај 24 и 18-годишната ќерка, им се заканувал и физички ја нападнал 24-годишната ќерка. Како што е пријавено, тој насилното однесување го повторил околу 22:30 часот на…
Шампионите на МЛС, Интер Мајами, беа гости на Доналд Трамп во Белата куќа. Во фокуспт меѓу гостите беше, секако, Лионел Меси, кој му подари на Трамп посебна розова фудбалска топка потпишана од играчот, додека претставниците на клубот му подарија и дрес на Интер Мајами со бројот 47, што го симболизира претседателскиот мандат на Трамп.„Одлична работа! Огромна привилегија е за мене што можам да кажам нешто што ниту еден американски претседател досега немал можност да го каже: Добредојде во Белата куќа, Лионел Меси. Лео, дојде и веднаш победи, а тоа е многу тешко, многу, многу необично и искрено, има многу поголем…
Инфлуенсерката Хана Нилман, поранешна балерина која сега е позната на социјалните мрежи низ целиот свет под името Балерина Фарм, роди девојче. Среќните родители неодамна објавија дека го очекуваат своето деветто дете, што ја направи Хана вистинска сензација. Хана и нејзиниот сопруг Даниел објавија видео од себе како го држат бебето, а интересно е што веста беше објавена на роденденот на нивните ќерки Франсис и Лоис. Тие сè уште немаат име за новороденчето. View this post on Instagram A post shared by Hannah Neeleman (@ballerinafarm) „Имавме три сина и мислевме дека никогаш нема да имаме девојче, а потоа почнавме да се…
Актерката Ема Вотсон и милијардерот Гонзало Бајлерес беа фатени на аеродромот во интимна прегратка и бакнување, па тоа е повеќе од доволна потврда за нивната љубов. Emma Watson Kisses Billionaire Mexican Entrepreneur Gonzalo Hevia Baillères in New Photos pic.twitter.com/M4Gh6QnHbv — BLACK BULL (@blackbullrace) March 5, 2026 Ова не е прв пат да се пишуваат гласини за тоа дека Ема нашла момче, неодамна беше видена во Италија со друг милионер, Остин Кјуич, но се чини дека романсата не траела. View this post on Instagram A post shared by curators of pop culture (@deuxmoi) Според странските медиуми, по бакнувањето на аеродромот, двојката…
