Автор: Редакција
Овој рецепт е за маска со вода од рузмарин која првенствено има за цел да ја обнови оштетената коса и да ја зајакне од самиот корен. На долг рок, ова значи дека вашата фризура ќе изгледа понегувана, вашата коса ќе биде помека и посвиленкаста, а ќе забележите и побрз раст на косата. Секако, многу е важно правилно да се грижите за вашата коса, да користите што е можно помалку топли „пегли“ и фен и да пронајдете линија за нега што најмногу ви одговара, но и редовно да се шишате за да ја одржите вашата коса здрава и да ѝ дозволите…
Славниот Ромелу Лукаку, напаѓачот на Наполи и репрезентацијата на Белгија, на социјалните мрежи сподели потресни моменти од тоа што се случувало после смртта на неговиот татко.Лукаку тврди дека тој и неговиот брат Џордан биле „уценувани“ од луѓе кои одбиваат да го предадат телото на нивниот татко за погреб во Белгија. Како резултат на тоа, вели тој, не ќе можат да му приредат на својот татко достоинствен погреб. Роџер Лукаку, поранешен репрезентативец на Заир (сега ДР Конго) кој ја заврши кариерата во Белгија, почина минатиот месец на 58-годишна возраст. Напаѓачот на Наполи даде емотивна изјава на Инстаграм.„Како што можеби знаете, планиравме…
Викторија Бекам откри голем број претходно непознати работи за својот приватен живот во својот нов документарец, вклучувајќи го и фактот дека секоја вечер си легнува со – чепови за уши! Бидејќи води живот на кој многумина би му завидувале, бидејќи е позната поп-ѕвезда, моден дизајнер и сопруга на еден од најпознатите фудбалери и најпосакувани мажи, Дејвид Бекам, детаљот што го откри од спалната соба изненади многумина. За да обезбеди мирен сон, чеповите за уши се неопходен дел од нејзината ноќна рутина, а сè поради Дејвид. „Носам чепови за уши. Дозволете ми да ви кажам, не е забавно. Зошто мислите дека…
Доналд Трамп повторно го критикуваше Владимир Путин велејќи дека рускиот лидер едноставно не е подготвен да ја заврши војната во Украина. Тој рече дека е многу разочаран бидејќи со Путин имале многу добри односи, но и дека тој мора да ја реши војната. Во моментов во Русија има долги редици за бензин. Одеднаш неговата економија ќе пропадне,“ им изјави Трамп на новинарите пред Белата куќа. Во меѓувреме, полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски во Лондон рече дека Русија би можела да удри длабоко во Европа и дека би било неодговорно да не се гради одбрана како што е ѕид од…
Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи и средби со граѓани во Пробиштип, Македонска Каменица, Пехчево, Берово и Делчево. Коалицијата предводена од СДСМ денес ќе одржи митинзи во Центар Жупа, во Дебер, во Гостивар и Маврово Ростуша. Претставници на Левица денеска ќе остварат средби со граѓани во Радовиш и Струмица, каде ќе ги претставува своите кандидати за носители на осветничките листи и останатите советници. Независниот кандидат за градоначалник на Општина Гостивар, Висар Адеми денеска на прес-конференција во 10 часот ќе ги претстави „Петте ветувања за Гостивар“ – конкретен план за чистење на градот од корупција, отпад и кучиња скитници, за…
„Масовно во Битола! Оваа бројка покажува дека победата ќе биде голема уште во првиот круг! Градоначалникот Тони Коњановски влегува во овие избори без ниту еден скандал и ниедна корупциска афера.Потребна е масовна излезност за победа во прв круг, за да се продолжи во правилна насока!, напиша Николоски на својот Фејсбук-профил. Сепак, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за време на посетата на Битола, на вечерашниот митинг кажа дека секогаш градот и општината се приоритет и дека се помага на сите можни начини за градот на напредува. „Тони Коњановски го завршува првиот мандат без ниеден скандал и без ниедна корупциска афера. Нешто…
Македонија го доби првиот Национален центар за вештачка интелигенција, „Везилка“, кој треба да биде дел од европската мрежа на AI фабрики, со директен пристап до европски суперкомпјутери и ќе овозможи истражувачите, стартапите и институциите да развиваат напредни решенија засновани на вештачка интелигенција. Како што најави денеска министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, проектот треба да ги поврзе државата, универзитетите и индустријата во заедничка мисија за паметна и одржлива дигитална иднина. Проектот, вреден околу шест милиони евра ќе го води ФИНКИ, а се реализира со поддршка од Европската Унија, преку програмата Horizon Europe и иницијативата EuroHPC. Проектот ќе го поттикне развојот…
На 25 октомври со почеток во 20.00 часот, на големата сцена на Националната опера и балет ќе се одржи премиерата на едно од најпопуларните и највесели дела на сите времиња – оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II. Втората изведба на оперетата е закажана за 28 октомври, во 20 часот.Диригент е Бисера Чадловска, режијата е на Љупка Јакимовска, сценографијата на Марија Ветероска, костимографијата на Марија Пупучевска, кореограф е Саша Евтимова, хор мајстор е Јасмина Ѓоргеска, а концерт мајстор е Верица Ламбевска.Во солистичката екипа настапуваат: Васко Здравков, Јане Дунимагловски/Дејан Стоев, Злата Тошевска Димовска, Ана Ројдева, Николина Јаневска/Соња Мадевска, Драган Ампов, Кристијан Антовски,…
На 25 октомври 2025 година со почеток во 20.00 часот, на големата сцена на Националната опера и балет ќе се одржи премиерата на едно од најпопуларните и највесели дела на сите времиња – оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II. Втората изведба на оперетата е закажана за 28 октомври, 20.00 ч.Диригент е Бисера Чадловска, режијата е на Љупка Јакимовска, сценографијата на Марија Ветероска, костимографијата на Марија Пупучевска, кореограф е Саша Евтимова, хор мајстор е Јасмина Ѓоргеска, а концерт мајстор е Верица Ламбевска.Во солистичката екипа настапуваат: Васко Здравков, Јане Дунимагловски/Дејан Стоев, Злата Тошевска Димовска, Ана Ројдева, Николина Јаневска/Соња Мадевска, Драган Ампов, Кристијан…
Претседателот Доналд Трамп e шокиран од изненадувачкиот потег на Кина да воведе широка контрола врз извозот на ретки метали, обвинувајќи ја земјата дека станува многу непријателска. Но, според Пекинг, токму проширувањето на ограничувањата на Вашингтон врз кинеските фирми ги зголеми тензиите и го натера дополнително да го заостри притисокот врз критичните минерали неопходни за производство на широк спектар на електроника, автомобили и полупроводници. Трамп рече дека ќе ги врати царините врз Кина на троцифрено ниво поради новите контроли на Пекинг, поттикнувајќи ја кинеската влада да вети соодветни мерки. Потезите меѓу двете најголеми економии во светот ги потресоа пазарите, ги вознемирија…
