Автор: Редакција

Актерката и режисерка Ева Лонгорија блесна на гала вечер во Лос Анџелес. За таа пригода, таа избра гламурозен фустан кој ја следи линијата на нејзиното тело и ги истакнува сите нејзини луксузни атрибути. Креацијата е украсена со розов материјал со светки, но и длабоко деколте со облик во срце што ги нагласува градите. Зад овој „Барби“ фустан стои познатиот либански дизајнер Ели Сааб, а омилената џебна Венера со задоволство го носеше за посебната вечер. И додека модните критичари пишуваат пофалби за оваа убавица, јавноста на социјалните мрежи не е премногу задоволна од нејзиниот стил, пишува порталот „The Blast“. „Фустанот беше…

Read More

Ако сте љубител на тотален црн изглед и црната боја, тогаш веројатно не се разделувате од него дури ни во текот на летната сезона, иако во некои ситуации можеби не е најдобриот избор за вас. Ако спаѓате во категоријата жени кои преферираат светли бои во летните месеци, тогаш се ближи времето кога повторно можете да ја „вклучите“ црната боја во вашиот изглед и мода. View this post on Instagram A post shared by Sofia Ruutu (@sofiaruutu) Без разлика дали преферирате црна боја во секоја сезона и пригода или преферирате темни нијанси главно во текот на есента и зимата, сезоната е…

Read More

„Ние излеговме кандидати со програма за локалните избори за да ги водиме општините следните 4 години. Нашите опоненти од ДУИ излегоа со националистичка кампања, бараа референдум и денеска од народот добија референдум. Значи, ова е најасен глас на народот за промени, за кандидати кои ќе ги ги водат општините, за програми кои ти ги решават нивните проблеми“, изјави Касами.Актуелниот градоначалник Касами доби околу 4000 гласа повеќе од вториот по број на гласови Бајрам Реџепи од коалицијата Национална Алијанса за Интеграција.„Во Тетово разликата е над 4.000 гласа, формално ќе треба да се оди во втор круг затоа што ДУИ ги повика…

Read More

До 18.30 часот на локалните избори излегле 46,65 отсто од запишаните гласачи, информираше Државната изборна комисија. „Последниот одзив е до 18:30 часот, одзивот на ниво на државата изнесува 46,65 отсто, односно излегле да гласаат 803.091 граѓанин, од 94,62 отсто од обработените избирачки места“, изјави Борис Кондарко. „Во споредба на локалните избори во 2021 година, вкупниот одзив изнесувал 49,98 отсто“, додаде Кондарко.

Read More

На два часа до затворањето на избирачките места, на гласање на локалните избори излегле 39,61 проценти од запишаните гласачи во избирачкиот список. Според информациите од Државната изборна комисија, до 17 часот добиле податоци од 3221 избирачки места каде право на глас имаат 1 699 296 гласачи. Најголема излезност има во општините Вевчани 61,84 отсто, Дојран 60,91, Крушево 60,94 и Лозово 61,09 отсто. Најмала е излезноста во општината Врапчиште каде што гласале само  20,94 отсто од запишаните изборачи. Државната изборна комисија информира дека избирачките одбори треба да им овозможат на новинарите непречено да известуваат за процесот на гласање и да не…

Read More

„Денес е ден на демократијата. Македонските граѓани ќе можат да го остварат своето право на глас во рамки на мирни, фер и демократски избори“, рече Тошковски. Тој информираше дека гласањето е започнато на сите избирачки места, вклучително и во едно мало село во општина Прилеп каде што имало кратко доцнење. Во врска со изборниот молк, Тошковски посочи дека вчера биле евидентирани четири настани со потенцијални прекршувања, за кои се преземаат соодветни истражни дејствија. „Очекувам денот да продолжи во мирна и демократска атмосфера и ги повикувам сите граѓани да го искористат своето право на глас и да ја дефинираат иднината на…

Read More

Македонската женска ракометна репрезентација денеска продолжува со натпреварите за пласман на Европското првенство 2025 година. После убедливиот пораз од Германија на гостински терен, нашите ракометарки имаат нов предизвик – дуел со Словенија. Овој натпревар се игра во салата „Боро Чурлевски“ во Битола со почеток во 18 часот.Селекторот, Киристијан Грчевски на дуелот со Германките на располагање ја немаше најдобрата ракометарка Сара Ристовска која не се најде ниту во составот поради повреда.Поминаа 26 години откако Македонија последен пат ја победи Словенија која пак има добиено девет од 13 средби, една има завршено нерешено, додека последниот триумф нашата женска селекција го има забележано…

Read More

Без поголеми редици гласачи и мирна атмосфера пред и во избирачките места, имаше утрово во основното училиште со ресурсен центар „Иднина“ во скопската општина Чаир. Гласањето се одвива мирно, а членовите на избирачките места рекоа дека избирачкиот процес започнал навреме. Врз основа на личен документ за идентификација, се прави проверка на електронски уред за идентификација, како и проверка во Избирачкиот список, по што гласачите го остваруваат своето право на глас. Фото: Мета.мк На овие локални избори, се гласа на 3.474 избирачки места, на кои до 19 часот правото на глас можат да го искористат 1.832.415 граѓани. На локалните избори има…

Read More

Граничниот премин Рафах меѓу Газа и Египет ќе остане затворен до понатамошно известување, соопшти Израел, откако палестинската амбасада во Каиро најави дека единствениот излез на Газа кон надворешниот свет ќе биде повторно отворен во понеделник. Во соопштението од канцеларијата на Бенјамин Нетанјаху се вели дека повторното отворање на Рафах ќе зависи од тоа како Хамас ќе ја исполни својата улога во прекинот на огнот за враќање на останките на сите 28 мртви заложници. Министерството за надворешни работи на Израел претходно соопшти дека преминот веројатно ќе биде повторно отворен во недела. Израелската војска доцна во саботата соопшти дека Црвениот крст ги…

Read More

Голем број луѓе се собраа на протестите „Без кралеви“ против политиките на претседателот Доналд Трамп во повеќе градови низ САД, вклучувајќи ги Њујорк, Вашингтон, Чикаго, Мајами и Лос Анџелес. Илјадници луѓе го исполнија Тајмс Сквер во Њујорк и улиците околу него, со транспаренти со слогани како „Демократија, а не монархија“ и „Уставот не е опционален“. Пред демонстрациите, сојузниците на Трамп ги обвинија демонстрантите дека се поврзани со екстремно левичарското движење Антифа и го осудија она што го нарекоа митинг против омразата на Америка. Неколку американски држави ја мобилизираа Националната гарда, но организаторите рекоа дека настаните биле мирни. Откако се врати во Белата…

Read More