Автор: Редакција

Како што соопштија од владината прес-служба, премиерот Мицкоски, заедно со вицепремиерот Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерката за финансии Гордана Кочоска Димитриеска, како и министерот за евроинтеграција Орхан Муртезани, ќе учествуваат на голем број состаноци.На маргините на самитот, а и во рамки на посетата на Обединетото Кралство, предвидени се и повеќе билатерални средби на претседателот на Владата.При посетата на Обединетото Кралство, владината делегација ќе оствари повеќе економски работни средби кои ќе претставуваат економски исчекор за меѓусебната соработка, стои во соопштението.На самитот во Лондон ќе бидат сумирани постигнатите резултати и ќе бидат дефинирани приоритетите за…

Read More

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги информира дека одлучи да поведе прекршочни постапки против ТВ 24 Вести и ТВ Вистел поради прекршување на изборниот молк во првиот круг од локалните избори. Според АВМУ, двете телевизии на 19 октомври, при известувањето за време на вториот ден од изборниот молк, емитуваа изјави од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, носител на функција во орган на власта. ТВ Вистел во два наврати емитуваше прес-конференција на министерот Тошковски, додека ТВ 24 Вести во Вестите во 10 часот емитуваше изјава од истиот министер. Советот на Агенцијата одлуката ја донел врз основа на извештаите од мониторингот…

Read More

Санае Такаичи е избрана за првата жена премиер во Јапонија. Ова е нејзиниот трет обид да стане лидер на островската земја и е четвртиот премиер за пет години од нејзината Либерално демократска партија. Такаичи припаѓа на тврдокорното крило на ЛДП и е штитеник на починатиот поранешен премиер Шинзо Абе. По изборот Такаичи ќе се соочи со многу предизвици меѓу кои и решавање на бавната економија, справување со нестабилните односи меѓу САД и Јапонија и обединување на поделената владејачка партија. Такаичие е позната и како железната дама на Јапонија, таа вели дека е обожавателка на поранешната премиерка на Велика Британија Маргарет…

Read More

Европската Унија се најде под критики заради одложување на санкциите против владата на Израел како одговор на мировните напори на Доналд Трамп на Блискиот Исток, откако кревкото примирје беше загрозено. По состанокот со министрите за надворешни работи на ЕУ во понеделникот, шефицата за европска надворешна политика, Каја Калас, објави одложување на напорите за суспендирање на преференцијалната трговија со Израел и санкции против лицата одговорни за поттикнување на конфликтот од двете страни. Контекстот се промени откако мерките беа предложени минатиот месец, рече Калас. Забележувајќи ги различните ставови, таа рече дека министрите се согласиле дека сега нема да продолжуваат со мерките, но…

Read More

Во последните денови, на социјалните мрежи се ширеа вести за смртта на најпопуларниот TikToker во светот, Каби Ламе. Првата приказна што циркулира на интернет е дека тој починал во сообраќајна несреќа, а втората дека бил приведен од страна на американската Служба за имиграција и царина (ICE). Гласините збунија милиони обожаватели низ целиот свет, но проверката на фактите ја утврди вистината. Khaby Lame is alive. pic.twitter.com/patur8J8RX — Witty Wizard (@lonetraveler162) October 17, 2025 Лажни вести за трагична несреќа Сè започна со објави во кои се тврдеше дека Ламе починал во сообраќајна несреќа, а некои дури вклучуваа и слики од уништен автомобил…

Read More

Владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ освои најголем дел од советничките места во Градот Скопје и во шест од десетте скопски општини, додека Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија најмногу советници има единствено во општината Центар на локалните избори кои се одржаа вчера. Во двете општини со мнозинско албанско гласачко тело, Чаир и Сарај најмногу советници освоија Националната алијанса за интеграција на ДУИ, осносно Коалицијата Вреди (Влен), додека во Шуто Оризари, најмногу советници има Унијата на Ромите на Курто Дудуш. Независните советници поминаа најдобро во Карпош, каде Независни за Карпош ќе има тројца претставници, додека во Центар, Независни заедно освоија две советнички позиции. Во Градот…

Read More

Еден од возачите на автобус во кој се наоѓале навивачи на италијанскиот клуб Пистоја, почина синоќа откако бил погоден со цигла од навивачи на соперничкиот тим од Риети кои го нападнале автобусот на автопат.Несреќниот возач седел во предниот дел од автобусот до возачот кој во тој момент го возел автобусот. Тој починал откако цигла го погодила во главата, јавува италијанската новинска агенција АНСА.Нападот се случил на автопатот Риети-Терни, околу 80 километри североисточно од Рим. Навивачите на Риети фрлале камења и други предмети врз автобусот кој го напуштал Риети по натпревар од втората италијанска лига. Итните служби, заедно со неколку полициски…

Read More

Советници во Советот на Општина Куманово ќе имаат и ВМРО-ДПМНЕ – 6, ДУИ – 5, СДСМ – 4, Демократската партија на Србите – 3, коалицијата Вреди – 3, Ред за Куманово – 2 и Левица еден мандат. Во Советот на Куманово има 31 советник. „Ако има втор круг, ЗНАМ дефинитивно ќе биде победник на претстојните локални избори, бидејќи повеќе од јасна е желбата на граѓаните, кои препознаваат континуитет и развој на овој град и сакаат Куманово да продолжи да се развива во тој дух“, изјави синоќа Димитриевски, кој синоќа со своите поддржувачи ја славеше победата во Куманово. Независниот кандитат Стојковски…

Read More

Вратите на најголемиот музеј во светот беа отворени за јавноста само 30 минути кога двајца крадци беа качени на балкон на вториот кат на јужната страна од зградата. Скриени со лицата, тие се возеа на monte-meubles, електрична скала монтирана на камион што е честа глетка на улиците на Париз, каде што се користи за пренесување гломазен мебел низ прозорците на становите, пренесува Њујорк Тајс. Откако стигнале таму, тие користеа брусилки за да скршат прозорец, активирајќи ги безбедносните аларми и упаднаа во позлатената Галерија д’Аполон на Музејот Лувр, каде што се чува ценета колекција кралски скапоцености и крунски дијаманти во низа…

Read More

Во среда, македонските одбојкарски шампиони и во машка и во женска конкуренција, Струмица и Јанта Волеј, ќе ги имаат своите први настапи во најсилното еврпско натпреварување, Лигата на шампионите. Додека за Јанта Волеј ова ќе биде огнено крштеваше во најсилното клупско евро-натпреварување, Струмица ја продолжува традицијата на учества и оваа сезона, иако актуелниот првак оваа сезона јасно потенцира дека фокусот е ставен на развој на тимот и домашното првенство. За Струмичани првата пречка е силниот романски шампион, Динамо од Букурешт.„Подготовките за настапите во Лигата на шампионите течат согласно планираното. Веќе одигравме три контролни натпревари кои беа одлична можност да се…

Read More