Автор: Редакција

Премиерот на Велика Британија Кир Стармер ќе изврши притисок врз сојузниците да ѝ обезбедат на Украина повеќе ракети со долг дострел за да ги погоди руските цели на состанокот во Лондон. Премиерот денеска ќе биде домаќин на украинскиот претседател Володимир Зеленски, заедно со таканаречената коалиција на добронамерните, составена од повеќе од 20 сојузници на Украина кои се согласија да му обезбедат на Киев безбедносни гаранции откако ќе се постигне прекин на огнот. Зеленски со недели апелира за повеќе оружје со долг дострел од Западот, потег за кој Русија предупреди дека ќе го ескалира конфликтот. Украинскиот лидер патува од Брисел, каде што…

Read More

Нина Бадриќ одржа концерт во распродадената концертна сала „Ватрослав Лисински“ во Загреб. Пред концертот, таа објави на Инстаграм кој верно ја следи и ја поддржува на секој концерт. Тоа е нејзиното куче Тото. На концертот, Нина ги изведе своите најголеми хитови во акустична верзија, придружувана од оркестар. Нина, која е позната по своите хитови како што се „Чаробно јутро“, „Рекао си“, „Такви као ти“, „Додири од стакла“, „Дани и годинине“ и многу други, пееше пред полна сала. Како подарок за публиката, Нина изведе и некои од најважните песни од музичките великани Оливер Драгојевиќ и Мишо Ковач. фото: принтскрин

Read More

Од денеска па до понеделник на програмата се сите шест средби од 10.коло во нашата елитна фудбалска лига. Јасно е дека сите погледи се свртени кон мега – дербито во Тетово каде играат Шкендија и Вардар, а тој меч ќе го суди Стојанче Трпчевски.Овој натпревар се игра в понеделник.Ова се официјалните лица на сите мечеви од 10.коло:ФК БАШКИМИ 1947 КУМАНОВО – ФК ШКУПИ 1927

Read More

„Сите оние што се надеваат дека со етноцентрични теми ќе добијат нешто во политиката, нека го видат и нека научат од примерот на падот на ДУИ, ќе разберат на што мислам. Тоа е добра лекција и за други политичари на македонската политичка сцена, кои мора да разберат дека за да бидеме коалициски партенри треба да се обединиме на овие избори и да поддржиме вредности, а не да се поделиме за етнички теми и прашања, низ призмата на шовинизам и слични етнички процедурални разлики“, изјави Мицкоски во вчерашното обраќање на настанот по повод Денот на македонската револуционерна борба. Тој истакна дека…

Read More

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека веднаш ги прекинува сите трговски преговори со Канада. Во објава на Truth Social, Трамп напиша дека земјата објавила реклама во која поранешниот американски претседател Роналд Реган зборува негативно за царините. „Врз основа на нивното скандалозно однесување, сите трговски преговори со Канада се прекинуваат“, напиша Трамп доцна во четвртокот. Претседателот на САД воведе данок од 35 отсто на канадскиот увоз, иако дозволи исклучоци за стоки што спаѓаат под USMCA – договор за слободна трговија со Мексико и Канада што Трамп го договори за време на неговиот прв мандат. Трамп рече дека видеото, спонзорирано од владата на…

Read More

На 27 октомври (понеделник), сите архиви, кинотеки, филмски музеи и институти во светот ќе го одбележат Светскиот ден на аудиовизуелното наследство со активности, промоции и настани со кои фокусот на светската јавноста го насочуваат кон значењето и ранливоста на аудиовизуелното наследство. Како дел од тоа големо семејство на професионалци и институции посветени на заштитата и сочувувањето на филмското културно наследство, и Кинотеката се вклучува со свои активности во одбележувањето на овој значаен ден.Во таа насока, на 27 октомври (понеделник) со почеток во 12 ч. во кинотечното кино ќе се одржи блу – реј промоција на филмот МИС СТОН на Живорад…

Read More

„ЕУ ги нотира прелиминарните наоди и заклучоци на меѓународната набљудувачка мисија на локалните избори во Северна Македонија на 19 октомври 2025 година. Ја охрабруваме земјата да ги адресира сите препораки на Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР), вклучително и за измена на Изборниот законик“, истакна Мерсие.

Read More

Независниот кандидат за градоначалник на Општината Македонски Брод, Милосим Војнески, се повлече од трката по првиот изборен круг. Војнески, кој заедно со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Жарко Ристески, влезе во вториот круг на локалните избори денеска повлекувањето го најави на социјалните мрежи. Тој во својата објава на Фејсбук напиша дека одлуката ја донел по разговори со неговите сограѓани и одлучил дека тоа е најдобрата одлука што е во интерес на сите граѓани на општината. „Свесен сум дека оваа моја одлука за многумина ќе биде изненадување, но верувајте – ова е најдоброто нешто што можев да го направам за граѓаните на нашата…

Read More

Општината Центар ќе направи дератизација и дезинфекција во училиштата и градинките како еден од начините за справување со кризата со натрупаното ѓубре кое не се подигнува со денови. Градоначалникот Горан Герасимовски, информираше дека Штабот за заштита и спасување донел одлука викендов да се направи итна дератизација и дезинфекција во училиштата и градинките, како и мапирање на кризни точки во близина на училиштата и најави дека општината врши вонредна дератизација и дезинфекција на сите јавни површини, паркови и подрумски простории. „Во сите 1980 шахти се фрла серитифициран препарат. Но потребно е да се спроведе дератизација и во сите згради. Општината ќе…

Read More

Претседателката Гордaна Сиљановска-Давкова, денеска упати честитки по повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба и порача дека нашите генерации имаат обврска да го негуваат и продолжат револуционерното дело на нашите претци преку грижата и заштитата на вечните хумани принципи. Сиљановска-Давкова нагласи дека обврска имаме и кон нашите наследници чесно, одговорно и посветено, да го продолжиме револуционерниот пат, но не со оружје, туку со револуционерен ум, знаење и со реформи. „Многупати сум потсетила дека животот во слобода, мир и демократија во своја национална држава не ни е подарен, туку е извојуван и изборен од нашите предци, македонските револуционери. Затоа, денешниот голем…

Read More