Автор: Редакција
На покана на ChinaSPAF 2025 и Network of Silk Road Arts Festivals, Џез Фабрика Фестивалот и Народниот театар од Битола ја претставија Македонија на 24-тиот Меѓународен уметнички фестивал во Шангај, Кина, како дел од 5-та годишна конференција.Како еден од највлијателните фестивали од ваков вид во Кина, CSIAF е годишен фестивал што трае еден месец и се одржува во Шангај од 1999 година. Фестивалот, кој се одржува од средината на октомври до средината на ноември секоја година, опфаќа сценски уметности, визуелни уметности, музика, танц итн.Саемот за изведувачки уметности CSIAF (ChinaSPAF) е водечкиот годишен пазар за нови дела од Кина, кој ги…
Во понеделник, 27 октомври во 20 часот, во Културно Информативниот Центар – Скопје, ќе се отвори изложба на дела настанати на работилниците за алтернативна фотографија кои се одржаа во село Смилево, во организација на фестивалот Зрно.Од 17 до 23 јули, манастирот „Св. Петар и Павле“ во Смилево беше дом на едно од највпечатливите летни уметнички собирања каде колу педесет фотографи и млади автори од различни европски земји, заедно со волонтери од Македонија, Србија и Словенија, учествуваа на четвртото издание на Зрно, посветено на благородните фотографски процеси.Оваа година, Зрно понуди осум работилници исполнети со експерименти, споделена страст, хемија и љубов кон…
Вкупното бруто-домашното производство на електрична енергија во август 2025 година изнесувало 381 301 МWh, што претставува 93.2 % од бруто-домашната потрошувачка на струја, соопшти Државниот завод за статистика. Во август 2025 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува 409 092 МWh електрична енергија, 20.185 мил. нм3 природен гас, 267 987 тони јаглен и 110 475 тони нафтени продукти.
Канцеларијата за контрола на странски средства (ОФАЦ), во рамките на Министерството за финансии на САД, во четврток воведе санкции врз руските компании „Роснефт“ и „Лукоил“, пренесува Независен. Како причина, ОФАЦ наведе дека „Русија не покажува сериозна посветеност на мировен процес што би ја завршил војната во Украина“. Руската компанија „Лукоил“ работи и во Македонија под името „Лукоил Македонија“, нејзината основна дејност е продажба на нафтени деривати, а по објавувањето на санкциите. Па многумина си го поставуваат прашањето дали и „Лукоил“ во Македонија можеби потпаѓа по санкции. Министерството за финансии на САД наведе список на сите подружници на „Роснефт“ и „Лукоил“…
Хрватскиот парламент денес, со 84 гласа „за“, 30 воздржани и 11 „против“, го измени Законот за одбрана, со што се потврди повторното воведување на задолжителен воен рок, пренесува Хрватскиот Дневник. Основната воена обука (ОВО) ќе трае два месеци, првите повици ќе започнат до крајот на годината, а првите регрути во касарните во Книн, Слуњ и Пожега се очекуваат на почетокот на следната година. Како што објави Министерството за одбрана, планирано е годишно да се повикуваат околу 4.000 регрути, поделени во пет генерации. Сите 18-годишници се регистрирани во воениот регистар, а ќе бидат испратени на воена обука во календарската година кога…
Од велешка адреса до американски медиум – Румен Наумовски преку своите фирми „Raww Digital“ во Велес и Флорида гради конзервативна медиумска мрежа, додека дома прикажа сто евра приход во фирма во ликвидација. Но неговото име се појавува и поради незаконска донација во кампања за американски Конгрес, пренесува Радио Слободна Европа. Од тинејџер кој водел кошаркарски блог и заработувал по 400 долари дневно стигнал до анти-мејнстрим американски медиум вреден стотици илјади долари, така самиот се опишува во едно интервју 27 годишниот велешанец Румен Наумовски. Неговото име деновиве се појави во американските медиуми како сопственик на веб-сајтот „Resist the Mainstream“, но и…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Лондон ќе се сретне со британскиот премиер Кир Стармер, пренесува „Гардијан“. Стармер има намера да го изнесе предлогот за користење на замрзнатите средства за финансирање на одбраната на Украина. Министерот во кабинетот, Ник Томас-Симондс вели дека сака да се обидеме да ја тргнеме руската нафта и гас од глобалниот пазар. „Исто така сакаме да ја довршиме работата со замрзнатите руски државни средства, суштински за да можеме да ги искористиме и да ослободиме милијарди фунти за финансирање на одбраната на Украина, и трето — снабдување со способности за долг дострел. Со тоа мислам на ракети…
Оркестарот на Македонската филхармонија во вторник (28 октомври) ќе одржи концерт во „Златната сала“ на една од најзначајните светски концертни сцени „Музикферајн“ во Виена – дом на Виенската филхармонија и место каде што секој 1 јануари се одржува најпознатиот Новогодишен концерт во светот. Настапот на Македонската филхармонија на сцената на „Музикферајн“ во Виена претставува заокружување на прославата на 80 годишнината од формирањето на оркестарот, а воедно ќе се одбележат и 30 години од воспоставување на дипломатски односи меѓу Австрија и Македонија.На концертот во Виена, како солисти ќе настапат Ана и Игор Дурловски, а диригент ќе биде маестро Јерухам Шаровски од…
Петта победа во низа за шахистите на ШК Алкалоид во петтата рунда од Европскиот клупски куп во шах, кој се одржува на грчкиот остров Родос, но овојпат над актуелниот европски првак Нови Бор од Чешка.Минатата година македонскиот клуб имаше одличен настап без пораз во седумте кола, при што во два наврати ремизираше, но тоа не беше доволно за првото место. Еден од тие два нерешени меча беше токму со Нови Бор, кој потоа стана европски првак, а ШК Алкалоид го освои второто место. Победата од 4:2 извојувана во 5. коло ги отвора вратите за македонскиот клуб повторно да игра за…
Викторија Бекам понуди многу одмерен одговор на прашањето за наводната афера на нејзиниот сопруг Дејвид Бекам со Ребека Лус, која избувна пред повеќе од две децении. Иако поранешната членка на „Спајс Грлс“ ја избегнуваше темата со години, се чини дека сега се осврна на гласините. Модната дизајнерка се појави во подкастот на Алекс Купер „Call Her Daddy“, каде што суптилно беше прашана за скандалот што некогаш ги полнеше насловните на таблоидите. „Се справувавте со шпекулации за вашиот брак во текот на целата ваша кариера. Знам дека Дејвид се осврна на тоа во документарецот. Можете ли да објасните како вие и…
