Автор: Редакција

Едно дете загина, а уште седум деца и еден маж се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила рано утрово на автопатот Нови Сад-Белград, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија (МВР). Во возилото имало осум деца на возраст од 13 до 16 години, членови на Џудо клубот „Партизан“ од Белград, кои се враќале од меѓународен спортски камп и натпревар во Азербејџан, објави Би-би-си. Според полицијата, дете родено во 2009 година починало на местото на несреќата од тешките повреди. „Нашиот мал шампион, за жал, повеќе не е со нас, тоа е сè што можам да кажам,“ изјави тренерот на…

Read More

Стотици илјади луѓе се евакуирани во засолништа во Куба, поради ураганот „Мелиса“, јавува Associated Press (AP), а пренесува „Гардијан“. Издадено е предупредување за ураган за провинциите Гранма, Сантијаго де Куба, Гвантанамо, Олгин и Лас Тунас. Ураганот „Мелиса“ имал најсилни постојани ветрови од 120 милји на час (193 километри на час) и се движел кон североисток со брзина од 10 милји на час (16 километри на час), според Националниот центар за урагани (NHC). Центарот на ураганот бил на 32 километри источно од Чивирико и околу 97 километри западно-југозападно од Гвантанамо, Куба. Според прогнозите, Мелиса ќе ја премине островската територија во текот…

Read More

Зголемувањето на глобалната температура убива по едно лице во минута низ целиот свет, открива голем извештај за влијанието на климатската криза врз здравјето. Во него се вели дека зависноста на светот од фосилни горива, исто така, предизвикува токсично загадување на воздухот, пожари и ширење на болести како што е денга треската, а милиони луѓе умираат секоја година поради неуспехот да се справи со глобалното затоплување, пишува Гардијан. Извештајот, најсеопфатен досега, вели дека штетата врз здравјето ќе се влоши со лидери како Доналд Трамп кои ги поништуваат климатските политики и со нафтени компании кои продолжуваат да експлоатираат нови резерви. Владите издвоија…

Read More

„Спортско радио 90,3“ своето 20-годишно постоење во етерот одлучи да го прослави со спектакуларен натпревар по името „Легендите на сцена“. Вечерва (19 часот) во СЦ „Јане Сандански“ на теренот ќе истрчааат европски и македонски ѕвезди. На клпата на едниот тим ќе биде поранешниот македонски селектор и тренер на Металург, Лино Червар.Тој вчера на официјалната прес-конференција го најави овој спектакл, а во негов стил коментираше дел од случувањата од минатото, инспириран од присуството на Стојанче Стоилов.„Јас не сакам да губам, иако ова е ревијална средба. На едни подготовки Стоилов сакав дури и да го убијам, ама ми врати дека нема да…

Read More

На сцената на Националната опера и балет на 7 ноември со почеток во 20.00 часот, ќе биде изведена драматичната опера „Палјачи“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало – едно од највеличествените дела на оперскиот веризам, кое со децении ја освојува публиката ширум светот.Приказната за љубовта, страста и одмаздата, преточени во операта „Палјачи“ на нашата сцена ќе се изведе под диригентската палка на гостинот од Унгарија, Кочар Балаж, во режија на Дејан Прошев, сценографијата е на Илина Ангеловска, костимографијата е на Никола Булески, кореографијата е на Олга Панго, концерт – мајстор е Климент Тодороски, а хор – мајстор: Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина…

Read More

Руската економија се соочува со нов сериозен удар, откако неколку од нејзините најголеми купувачи на нафта, меѓу кои и Индија, одлучија да ги прекинат новите нарачки на сурова нафта од Русија. Одлуката доаѓа по најновиот пакет санкции што САД ги воведоа против најголемите руски нафтени компании „Роснефт“ и „Лукоил“, што предизвика загриженост кај азиските партнери поради ризикот од секундарни санкци, пренесува Ројтерс. Цените на нафтата се намалија за околу 2%, што е трет ден по ред на пад, бидејќи инвеститорите го разгледуваа влијанието на санкциите на САД против двете најголеми нафтени компании во Русија врз глобалната понуда, заедно со потенцијалниот…

Read More

Магазинот „Гламур“ ги прогласи своите победнички за Жена на годината за 2025 година. View this post on Instagram A post shared by Glamour (@glamourmag) Меѓу овогодишните добитници на наградата се големи имиња од светот на забавата, спортот и претприемништвото, вклучувајќи ја актерката Деми Мур, пејачката Тајла, јутјуберката г-ѓа Рејчел, актерката Рејчел Зеглер, шминкерката Пет Мекграт и играчи на WNBA лигата. View this post on Instagram A post shared by Glamour (@glamourmag) Овогодинешната тема е „Сестринство“, славејќи ги „врските меѓу жените, како во рамките на семејствата, така и во секој агол од глобалната заедница на списанието „Гламур“. View this post on…

Read More

СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против З.А., поранешен директор на Агенцијата за храна и ветеринарство поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“ по член 354 став 1 од КЗ,  Ф.М., поранешен заменик директор во агенцијата поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“ по член 354 во врска со член 24 од КЗ „помагање“ и против Л.У., А.Р., Е.Т., А.Б. и А.Б., вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“ по член 354 во врска со член 24 од КЗ „помагање“. З.А. во својство на директор…

Read More

Барселона треба да одигра пријателски натпревар во Перу во декември, што ќе им донесе многу пари.Финансиската понуда беше неодолива за раководството на Барселона, особено по „неуспехот“ на планираниот натпревар против Виљареал, кој требаше да се игра во Америка. Доколку го играа тој натпревар против Виљареал во Америка, Барселона наводно ќе инкасираше околу шест милиони евра.Наводно, раководството на Барселона одбило да игра пријателски натпревар во Либија на 10 октомври, што можеше да им донесе профит од околу пет милиони евра.Клубот одбил сè поради наводни безбедносни проблеми, а и Атлетико Мадрид добил иста понуда за пријателски натпревар, која ја прифатил.

Read More

Кривичниот суд го прифати барањето на Основното јавно обвинителство и им одреди притвор на од 30 дена на директорот на „Комунална хигиена“ Сабахудин Рустеми и управителот за отпад Аки Саити. Тие се товарат за дека направиле кривично дело загрозување на животната средина и природата со отпад. Кривичниот суд информира дека мерката притвор за осомничените е определена заради постоење на опасност да ја попречуваат истрагата или да влијаат врз сведоците, како и заради  можноста да го повторат делото. Претходно, Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против двајцата кои ги сомничи дека заедно постапиле спротивно на Законот за управување со отпад и…

Read More