Автор: Редакција
Активисти од Иницијативата „Сите за Палестина“ и актери од независната театарска група „Штрих“ организираат сценско читање на „Монолозите од Газа“ на Академската сцена на ФДУ . „Монолози од Газа“ е збир на сведоштва за страдањето на палестинскито народ, собрани од палестинскиот театар „Аштар“, кој го споделува материјалот со цел да се слушне гласот на настраданите и угнетените и на македонски јазик. „Ја покануваме јавноста да дојде, да ги слушне нивните приказни и заедно да покажеме дека солидарноста нема граници. Настанот е од добротворен карактер: влезот е слободен, а во кутија за донации ќе може да оставите ваш придонес за хуманитарни…
Лес Векснер кој стоеше зад трговците, вклучувајќи ги „Викторијас Сикрет“ и „Аберкромби и Фич“, одговараше на прашања за неговото пријателство со Епштајн на седница зад затворени врати со американскиот Конгрес, пренесува СкајЊуз. Векснер, кој е прикажан во досиејата на Епштајн, не е обвинет за никакво кривично дело и секогаш негираше какво било знаење или вмешаност во злосторствата на Епштајн. Тој е еден од најистакнатите поранешни пријатели на Епштајн, а нивната врска датира од 1980-тите, но тој изјави дека жали за пријателството. Во август 2019 година, тој рече: „Срам ми е што, како и многу други, бев измамен од г-дин Епштајн.…
Легендарниот српски кошаркар и тренер Зоран „Мока“ Славниќ предизвика огромен јавен хаос откако директно го нападна Жељко Обрадовиќ за време на гостувањето во подкастот „Казнет простор“. Двајцата практично ја прекинаа комуникацијата и повеќе немаат никаква врска, а Славниќ истакнува дека тој е во голема мера одговорен за кариерата на Жељко.„Ние двајцата речиси и не разговараме. Кога правиш нешто за некого, тој треба или да те почитува до крајот на животот, или да измислува конфликти за да го оправда фактот дека повеќе не сме пријатели. Дури и да не сме, може ли таков долг да се заборави?“, праша Славниќ за време…
Десетици светски лидери и национални делегации ќе се сретнат во Вашингтон денеска на инаугуративниот состанок на Одборот за мир на Доналд Трамп, бидејќи главните европски сојузници одбија да се приклучат на групата и го критикуваа матното финансирање и политичкиот мандат на организацијата. Белата куќа посочи дека самитот за неговиот нов ад хок совет во преименуваниот Институт за мир „Доналд Џ. Трамп“ ќе функционира во голема мера како рунда за собирање средства, а Трамп објави на социјалните медиуми дека земјите ветиле повеќе од 5 милијарди долари за обнова на Газа, која е опустошена во војната со Израел и сè уште е…
Сидни Свини веќе некое време е главна тема на светските медиуми, особено сега кога ја лансираше својата колекција долна облека. Се чини дека самата линија не е толку популарна како жешките кадри од модните кампањи за овој бренд, каде што главниот лик е самата себе. За кратко време успеа да профитира од својот сексапил, а сега се врати со нова колекција „Midnight Snack“. View this post on Instagram A post shared by Sydney Sweeney (@sydney_sweeney) Инспирацијата за оваа модна кампања ја пронајде во естетиката на 80-тите, а провокативните кадри беа составен дел од неа и овој пат. Како што можете…
„Договорот што потенцијално ќе го потпишеме со САД во рамките на параметрите што се содржани во заедничката изјава ќе овозможи македонските компании, односно производите од Македонија помеѓу 62 и 64 царински броеви да се најдат на американскиот пазар со повластени тарифи од 0 до 6,5 проценти“, рече Мицкоски.Тој рече дека во 2025 година билатералната трговска размена надминува половина милијарда долари, односно приближно 600 милиони долари, каде што, како што рече, имаме благ суфицит како држава, имаме повеќе извоз отколку увоз во САД, и притоа изрази очекување преку овој договор да се зголемат билатералната соработка и трговијата.„Но, повторно ќе кажам, договорот…
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, образложувајќи го законот, истакна дека реформите во јавната администрација треба да се водат како континуиран, транспарентен и инклузивен процес, во кој се вклучени сите засегнати страни.„Овој закон, како и претходните реформи, не го носиме зад затворени врати, туку преку јасно дефиниран и отворен процес. Реформата во високата раководна служба не е техничка интервенција, туку одлука од највисок политички ранг, која бара одговорност и зрелост“, нагласи Минчев.Со законот, како што рече, се воспоставува унифициран и транспарентен систем за именувањето, оценување и разрешувањето на директорите, нивните заменици, државните секретари, како и членовите на управните одбори и…
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денес на пленарна седница потврди дека нема да го повлече нацрт-законот за високо образование, иако опозициските пратеници побараа тоа. Јаневска истакна дека за законот сè уште се одвиваат јавни расправи на сите универзитети и дека нацрт-текстот е достапен на ЕНЕР за коментари од сите засегнати страни. Пратеничката на СДСМ, Бисера Костановска-Стојчевска на денешната седница упати прашање до Јаневска кое се однесуваше на предлог законот за високо образование и последиците од неговите решенија врз автономијата на универзитетите, квалитетот на образованието и можностите за развој на студентите и академскиот кадар. „Квалитетот во високото образование мора…
Вечерва, со почеток од 19 ч., во фоајето на Младински културен центар (МКЦ), ќе се одржи промоција на најновиот роман од Ирена Јурчева – „Ќе помине и моќта“.Покрај авторката, на промоцијата ќе зборуваат Виолета Танчева-Златева и Александар Маџаровски-Читачот.Романот „Ќе помине и моќта“ излезе од печат кон крајот на 2025 г., во издание на „Паблишер“, и претставува досега најамбициозно и најобемно дело на Јурчева. На повеќе од 350 страници, авторката гради слоевита и длабока приказна за наглото созревање среде светот што се распаѓа, за необичната моќ што го одбележува животот, и самата осудена да помине.Ирена Јурчева ѝ е веќе добро позната…
На 21 февруари во Крива Паланка по третпат ќе се одржи манифестацијата „Сусурига 2026“, која како автентичен обичај ја оживува вековната традиција на маскирање и палење оган во чест на празникот Прочка.Во духот на прошката, заедништвото и обновувањето, градскиот плоштад ќе се претвори во живо средиште каде генерациите се спојуваат околу обиччајните вредности што со векови се пренесуваат од колено на колено. Маскираните поворки, обредните елементи и симболичниот оган ќе создадат впечатлива слика за културниот идентитет и ќе ја оживеат културната меморија на градот.Програмата започнува во 12:00 часот со дефиле од плоштадот „Карпошово востание“, а централниот настан ќе се одржи…
