Автор: Редакција
Во однос на неговото лидерство во партијата, Филипче нагласи дека како претседател на партијата е кратко време – година и неколку месеци и дека досегашните резултати се дополнителен показател од кој СДСМ ќе влече поуки и пораки за иднината.„Процесот продолжува, силно да се бориме против оваа власт. Со тоа што успеавме да ги разобличиме нивните политики, делумно е и наша заслуга што губеа голем број гласови“, рече тој.Филипче помеѓу двата круга на локалните избори рече дека по нивното завршување ќе има кадровски промени во партијата.Ана Чупевска е универзитетската професорка, таа предава политички студии на Правниот факултет Јустинијан први. По првиот…
На децата не им се потребни најновите гаџети или анимирани апликации за да растат, учат и да го развиваат својот целосен потенцијал. Понекогаш, едноставните секојдневни навики, како што се разговорот на маса или играњето во природа, се најсилното гориво за нивниот мозок, според студија на Харвард. Денес, децата се опкружени со екрани – таблети, телефони, телевизори… Сите сме свесни дека премногу време поминато пред екран има свои последици. Сепак, експертите од Харвард предупредуваат дека не е доволно само да се ограничи времето поминато пред екран – важно е да се замени со квалитетни навики кои го поттикнуваат развојот на мозокот…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека, засега, не разгледува договор што би ѝ дозволил на Украина да добие ракети „Томахавк“ со долг дострел за употреба против Русија. Трамп посочи дека не сака да ја ескалира војната, но додаде и дека може да се предомисли. Трамп и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, разговараа за идејата за „Томахавк“ кога се сретнаа во Белата куќа на 22 октомври. Руте во петокот изјави дека прашањето е во фаза на разгледување и дека САД треба да одлучат. Ракетите „Томахавк“ имаат дострел од 2.500 километри доволно долг за да удрат длабоко во Русија, вклучително и…
Арсими во натпревар од 12. коло од ПМФЛ е домаќин на Башкими со што се отвора вториот круг од дуелите во фудбалскиот шампионат. Натпреварот во Гостивар носи дополнителен интерес бидејќи се среќаваат две екипи кои се познаваат добро и секогаш нудат возбудливи средби.Напаѓачот на Арсими, Албан Таипи, ја изрази својата подготвеност и мотивираност пред денешниот дуел:“Очекуваме едно вистинско дерби. Играме против квалитетен тим кој има свои доблести, но ние сме подготвени и ќе дадеме се од себе за да го задржиме позитивниот ритам. Работевме напорно во текот на неделата и верувам дека со вистински пристап можеме да дојдеме до нова…
Откако пред 16 години ја раздвижија музичката сцена со нивната „Слаба точка“, Јован Јованов и Елвир Мекиќ, снимија нов дует, песната „Адреналин“. Песната со брз ритам и заразен звук, освојува на прво слушање. „Заедничка беше идејата да снимиме дует после толку време. Песната се создаде на почетокот на оваа година. Како автори се јавуваме ние двајцата, Христијан Настески и Пајак и брат ми Иван Јованов. Првиот план беше таа да се промовира пред лето, но поради други околности ја оставивме за наесен“, вели Јован. „Среќен сум и возбуден што после толку време имаме заеднички проект, што пуштивме нешто што личи…
Се очекува на денешната седница на Собранието, прва по вчерашниот втор круг од локалните избори, да биде констатиран престанок на нивниот пратенички мандат. Пред пратениците на седницата треба да се обрати претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа Теодорос Русопулос. На местата на Стаменковска-Трајковска и Мицевски пратеници треба да бидат следните на листата во Изборната единица 1, додека на местото на Продановски од Изборната единица 4. The post Тројца пратеници станаа градоначалници, Собранието треба да констатира престанок на мандатите appeared first on МКД.МК.
Орце Ѓорѓиевски, кандидатот на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е новиот градоначалник на Скопје. Тој го победи противкандидатот од Левица Амар Мециновиќ, со освоени над 95.000 гласови. Ѓорѓиевски, кој досега беше градоначалник на општината Кисела Вода, ја освои поддршката на граѓаните во сите скопски општини освен во Центар, каде што Мециновиќ освои околу 850 гласови повеќе. Синоќа, славејќи ја победата Ѓорѓиевски помина под триумфалната порта во Скопје и порача дека неговиот мандат ќе биде за работа и за дела, а не за изговори. Тој уште еднаш го повтори ветувањето од кампањата, дека Скопје ќе го исчисти за 72 часа. Најави дека…
Премиерот Христијан Мицкоски ја славеше победата на ВМРО ДПМНЕ во Кичево, каде како градоначалник во вториот круг беше избран нивниот кандидат Александар Јовановски, кој го победи Фатмир Дехари од Националната Алијанса за интеграција. Јовановски освои над 14.000 гласови, или 2.000 повеќе од Дехари, а излезноста во Кичево беше над 50 проценти. Мицкоски пред граѓаните порача дека победата на Јовановски е пример за обединување и соживот каде што победила вербата во вредности. „Победи идејата дека Македонија е дом за сите, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и останати. Победи надежта дека иднината не се гради со поделби, туку со почит…
Пет германски планинари загинаа откако беа погодени од лавина во северна Италија, соопштија спасувачите. Телата на три жртви – двајца мажи и една жена – беа пронајдени во саботата, додека телата на уште две исчезнати лица, еден маж и неговата 17-годишна ќерка, беа пронајдени во недела наутро, пренесува Гардијан. „Тие беа влечени до долниот дел од клисурата каде што се случи лавината“, рече Федерико Катанија, портпарол на алпската спасувачка служба. „Спасувачките екипи сега се враќаат во долината, имајќи го предвид и влошувањето на временските услови на голема надморска височина.“ Планинарите беа погодени од лавината околу 16 часот во саботата додека…
Претседателот Доналд Трамп ѝ се закани на Нигерија со потенцијална воена акција и изјави дека САД може да ја прекинат помошта што ја даваат, обвинувајќи ја владата на западноафриканската земја дека не ги заштитува христијаните, пренењува Њујорк Тајмс. Трамп во објава на социјалните медиуми рече дека му наложува на Пентагон „да се подготви за можна акција“ за уништување на „исламските терористи“ во земјата. „Ако нападнеме“, напиша тој, „тоа ќе биде брзо, злобно и слатко, исто како што терористичките насилници ги напаѓаат нашите ДОБРИ христијани!“ Објавата дојде еден ден откако Трамп рече дека ќе ја означи Нигерија како земја од особена…
